Исламско банкарство

Е-пошта Печати PDF

218746-banking-1311798400-473-640x480Во последните неколку години, бевме сведоци дека светскиот банкарски систем доживеа големи потреси. Светската економска криза која што започна уште во 2008, како и нејзините последици, затворија голем број на некогаш големи банкарски системи. Но од друга страна исламските банки направија голем раст – нивната банкарска актива расти и според направените процени, таа вредни околу 1.800 милијарди долари.  

Исламското банкарство во последните триесет години има големи стапки на раст – околу 15% на годишен ниво. Според консултантската куќа Ernst & Young, активата на исламските банки на крајот на 2012 беше за 38,5% поголема во однос на 2011 година.

Тајната не е во големите нафтени резерви, туку во системот кој што се нарекува „халал финансирање“. Овој систем се базира на неколку основни премиси, кој што не се некоја голема филозофија, но во него  го нема западниот систем на финансиско манипулирање. 

Како што можете да претпоставите, исламскиот систем на финансирање е базиран на принципот кој што ја забранува каматата или пак наплатата на каматата во било каков облик, обврската на делењето на профитот или пак на загубата. Исто така овој систем забранува заработка без преземање на ризик, како и инвестирање во порнографија, алкохол, игри на среќа и во инвестирање во производство на оружје.  

Она што денес сите ги интересира, зошто овој систем кој што се покажа како успешен не се прифати во западниот економски систем?

Во Велика Британија, која што ги виде предностите на овој систем, вредноста на депозитите изнесува околу 19 милијарди долари. Во Франција, исламскиот систем на финансирање не е застапен како во Велика Британија. Од друга страна државите како што се Пакистан, Иран или пак Судан во целост го конвертираа својот банкарскиот систем.

Денес во целиот свет функционираа преку 200 различни исламски финансиски институции, комерцијални банки, инвестициони банки, кој што работат во преку 50 различни држави. Најповеќе е застапен на Блискиот Исток, во Африка и Југоисточна Азија.

Најголемата банка, која што работи во овој систем е “Al Rajhi Banking & Investment Corp.”, со седиште во Саудиска Арабија. Одма до неа е и Аlbaraka & The International Investor Dar-Al- Maal-Al-Islami”, со седиште во Женева како и “Kuvajt Finance House” и “Katar International Islamic Bank”.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 04 Февруари 2013 12:03 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна