Поставете ги основите на вашиот бизнис

Упатство за апокалипса: како да заработите/заштедите од крајот на светот

Е-пошта Печати PDF

66073 cityscape-gas-maskКако бизнисите ширум светот се подготвуваат за пророштвото на Маите за крајот на светот на 21ви декември 2012? Се поовеќе се парафразира старата добра изрека дека не постои таков бизнис како ’бизнисот за доаѓањето на крајот на светот’.

  Да почнеме вака: крајот на светот најверојатно нема да дојде. Но крајот на 5.125-годишниот календар на Маите сигурно даоаѓа за неколку дена. Тоа принудува добар дел од луѓето ширум светот, од Канада па се до Австралија, да се подготват себе си и своите бизниси за ’конечната апокалипса’.

  Иако добрите научници од НАСА слатко „ни се изнасмеаја“ за ваквите сценарија, дури и тие се почуствуваа одговорни за нашето здравје и благосостојба, па на својата официјална веб-страна напишаа:

  „Како што календарот кој што се наоѓа во вашата кујна нема едноставно да престане да постои по 31ви декември 2012 година, така и календарот на Маите нема да исчезне по 21ви декември годинава. Овој датум, во календарот на Маите значи дека за нив, завршува еден прилично долг циклус, но исто како и на сите други календари кои ќе започнат со 1ви јануари 2013г, така и нивниот календар продолжува со уште еден друг -долг циклус.“ 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 18 Декември 2012 11:50 ) Повеќе...
 

Кризата носи и нови трендови: „економијата на споделување“ зема замав

Е-пошта Печати PDF

bicycle-built-3-people--large-msg-132952587512Овој тренд веќе го следат земјоделци, туристи, возачи, но и големи компании. Се дели се: станови, автомобили, машини... Интернетот ги олеснува споделувањето и размената, а корисници има се повеќе.

  „Имавме дури и поглед на море“, одушевено раскажува Томас Колман. Овој новинар во ДВ досега веќе неколку пати го менувал својот стан во Келн за стан во странство. Четири недели во јужна Италија во приватен стан наместо во стандардна хотелска соба. И сето за само 140 евра, колку што чини членството на порталот homelink.de специјализиран за приватни размени на станови и куќи. Колман со своето семејство на тој начин веќе престојувал во Калифорнија и во Франција.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Насоки за успешно преговарање

Е-пошта Печати PDF

Во секојдневниот живот, поимот преговарање најчесто не асоцира на поим од дипломатијата, или пак договарање на некои огромни бизнис-зделки.

  Но, независно од ова, преговањето е застапено и во секојдневниот живот. При водењето бизнис, преговарањето, односно изборувањето на што подобра преговарачка ситуација знае да биде исклучително тешка задача, а понекогаш и круцијална. Evaluating-Negotiations

  За подобро да се подготвите за секое преговарање, во прилог се наоѓаат неколку насоки кои можат да бидат од значајна корист:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 29 Ноември 2012 10:50 ) Повеќе...
 

Сакав да произведувам, да вработувам и успеав во тоа!

Е-пошта Печати PDF

0579007.48Помеѓу новинарите беше позната како новинарка, која што известуваше од хрватскиот парламент, но одеднаш во медиумите се појави како готвар. Младенка Шариќ се одлучи да направи голем пресврт во својот живот – заситена од новинарската работа отвори сопствен бизнис и со помош на кредити започна производство на традиционални далматински торти и слатки.  

Со новинарската работа се занимаваше уште од своите студентски денови. Оние кој што работеа со неа, ја познаваа како новинар кој што ги следеше случувањата во хрватскиот парламент и во хрватската влада, а тогаш наеднаш се појави со готвачката лажица во своите раце. Од новинар кој што работење во „Вечерњи лист“ се преориентира како слаткар.

„Осетив заситување, некако не ми се милеше да работам како новинар во дневен весник, а со тоа се поклопи и фазата на преструктуирање на компанијата каде што работев. И така по 24 години на работење како новинар, одлучив да ја напуштам работата“, изјави Младенка, додавајќи да со отворањето на новиот бизнис, се реши со собраното незадоволство. Едно време размислував со што да почнам да се занимавам и решив да се вратам кон своите корени – заборавени далматински торти и слатки.

„Кога работите долго време во некоја дејност, тогаш понекогаш помислувате дека ништо друго освен тоа, не знаете да работите. Долго време се прашував со што би можела да се занимавам,  во што сум уште добра освен како новинар и се сетив дека знам да изготвувам торти и слатки, но оние традиционални далматински слатки, кој што се заборавени и кој што не можат да се најдат на хрватскиот пазар.“, вели Младенка, која што потекнува од Далмација.

За да ја реализира својата идеја, таа требаше да има одреден проект и се подразбира дека требаше да има одредена сума на пари. Се одлучи да земи кредит од кредитната линија на HBOR под име претприемач почетник, со 30% на сопствено учество и со камата од 4% на годишен ниво и почек од 2 години. Овие две години му овозможија на Младенка да го насочи својот бизнис во вистинска насока. Денес таа поседува производен простор од 150 метри квадратни, а наскоро ќе отвори и слаткарница.

„ Соработував со голем број на колеги, кој што беа упатени во тоа што работам, и тие самите почнаа да зборуваат на другите со што почнав да се занимавам. Добриот глас се прошири, а општо е познато дека најдобрата реклама е препорака на задоволните купувачи.“. Но Младенка се уште не го има напуштено новинарството, пишува колумни за еден интернет портал и дневен весник, има своја ТВ емисија, одржува семинари.... Но пред се таа е претприемач и тоа успешен претприемач!

Извор: danas.net.hr

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 29 Ноември 2012 09:27 )
 

Најчудните вложувања на кинеските богаташи

Е-пошта Печати PDF

clip image001Кога веќе е јасно дека светската криза зема се поголем замав, во вода паѓаат и традиционалните начини на инвестирање во класичните бизниси, како на пример недвижнините. Но, на тој предизвик кинеските богаташи одлучуваат да му излезат во пресрет со вложување во необични производи и услуги, притоа создавајќи нови т.н. „инвестициски меури“.

  Според пишувањето на Бизнис Инсајдер (Business Insider), една од најомилените инвестициски вложувања на кинезите се – оревите! Имено, само пред десет години едно вакво дрво на пазарот вредеше околу 55 долари, а денес за него во Кина можете да добиете над 1.000 американски долари. Иако постои огромна опасност преголемата побаруваќка да доведе до пренатрупаност на и драматичен пад на овој пазар, кинеската Влада сепак не е толку засегната, затоа што по неа не постои некаква „посериозна политичка опасност“, па премолчено го толерира ваквото однесување на кинеските бизнисмени.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 1 од 24

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7912
61.1764
USD
52.548
52.0252
GBP
69.3115
68.6219
CHF
53.7128
53.1784
SEK
6.4491
6.385
NOK
6.6257
6.5598
JPY
0.4683
0.4637
DKK
8.3009
8.2183
CAD
41.9179
41.5008
AUD
41.2106
40.8006
Превземено на 18.10.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис