Поставете ги основите на вашиот бизнис

Кој е првиот документ што ми е потребен за бизнисот?

Е-пошта Печати PDF

employee-documentation„Документацијата е како сексот – кога е добра, тогаш е многу, многу, многу добра! Кога е лоша, тогаш е подобра од ништо.“ 

Дик Брендон, ИТ претприемач

  Кој е првиот документ што му е потребен за вашиот бизнис? Неформален, но сепак значаен – тоа е „неговото височество: Бизнис– планот“... или кај нас попознат уште и како Деловен план или Инвестициски план.

  Зошто Бизнис- планот е првиот документ кој што треба да го имете? Затоа што тој ќе преставува ваша прва и основна појдовна точка за тоа што се ви е потребно за да започнете со бизнисот. Еве и 5 причини зошто:
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 31 Март 2011 10:43 ) Повеќе...
 

Електронско основање на компанија и во Македонија

Е-пошта Печати PDF

e-registration„Бирократијата е уметност нешто возможно да се  направи тотално невозможно!“

Хавиер Паскал Салседо

   Едношалтерски систем за основање на компанија? Електронско поднесување и измена на документи? Без редици, гужви и чекања пред шалтерите?...

  Некој ќе рече – тоа е невозможно во Македонија! Можеби ќе биде во право, можеби не. Од неодамна и во нашата земја започна системот за е-регистрирање и менаџирање на фирмите во Централниот регистар , местото каде што се поднесуваат сите документи за формално-правното регистрирање компаниите низ републиката.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Каде да барате пари за отпочнување бизнис

Е-пошта Печати PDF

 

piggy

„За да сакаш да бидеш претприемач, треба и да сакаш да бидеш сиромашен како претприемач!“

Шон Паркер, менаџер во Фаундерс Фонд

Почетното инвестирање или стартирање на малите бизниси секогаш е поголем или помал проблем! Започнувањето на нешто ново секогаш со себе ја носи онаа мала ронка сомнеж – дали ќе се успее?! Стартирањето на бизнис не е ништо поразлично. И, бидејќи малите (почетните) бизниси мора со себе да ја носат таа своја иновативност, креативност и по малку позитивна екстремност и оптимизам, тие и по природа се водат како „благо ризични“! Затоа е и малку веројатно дека некој 100% ќе верува во кој било почетен бизнис, и ќе сака комплетно да го финансира неговото постоење... освен вас, се разбира!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

5 првични чекори во основањето бизнис

Е-пошта Печати PDF

Carrot_On_A_Stick_Incentive

„Не е важно колку пати не си успеал. Не е ни важно колку пати не си успеал за малку. Никој нема да ги знае или памети твоите грешки, а нетреба ниту ти. Се што треба да направиш е, да учиш од нив и од тие околу тебе, затоа што... Во бизисот е важно да успееш еднаш! Тогаш сите ќе кажуваат колку си бил среќен.“

Марк Кубан, претприемач и сопственик на НБА тимот Далас Маверикс

  Зошто луѓето се одлучуваат за основање сопствен бизнис? Некои тоа го прават поради принудно губење на работното место, некои за да ги искористат своите потенцијали, вештини и знаења од некоја област, некои од хоби, а некои како можност за самовработување. Некои пак можеби заради изреката “сам свој газда е најдобро“,можноста од работење на семеен бизнис, или пак можноста да се направи нешто подобро, побрзо, поевтино...

  Впрочем секој си има своја индивидуална причина за отпочнување, која сама по себе и не е така важна, но она што е важно е секако одговорот на прашањето: Решив да започнам свој бизнис. Добро што понатаму?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 24 од 24

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис