Поставете ги основите на вашиот бизнис

Мониторинг на процесите

Е-пошта Печати PDF

MonitoringPerformance

„Не ми давајте оправдувања, дајте ми резултати!“

главниот пингвин во
цртаниот филм Мадагаскар

  Мониторингот или надгледувањето како процес станува се посилна алатка во модерното време на компаниите базирани врз знаења. Не затоа што тоа е модерно, туку затоа што го подобрува работењето и ефикасноста на самиот бизнис.

   Како?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Финансирање преку група (crowd funding)

Е-пошта Печати PDF

Crowdfunding-Ignite-600

„Ајде да се ослободиме од банките и да изградиме модерен финансиски систем.“

Раинер Ленз
Проф. д-р по финансиски ситеми на Универзитетот во Биефилд

  Финансирањето преку група на луѓе, или популарно нареченото crowd funding (или ’crowdfunding’), во денешно време претставува еден нов и интересен начин на собирање на средства за одредена намена.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Осмели се: Инвестирај во сончева централа

Е-пошта Печати PDF

solar-panels-infoДоста тоа е пишувано на блогот за сончеви фотоволтаични централи, нивното значење и исплатливоста на истите. Македонија благодарение на климатските услови и на нејзината географска положба располага со сите предиспозиции за изградба на овој вид на сончеви централи. Имено во Македонија веќе се забележува поместување на ова поле и веќе има солидни инвестиции кои се реализирани, некои кои се во тек и некои кои се планирани за во иднина. Она што е заедничко за повеќето од нив е што се големи инвестиции од големи инвеститори. Сепак постои простор и за инвестирање од помали инвеститори во помали постројки од овој вид. Во продолжение следат чекорите кои се неопходни при инвесторање во сончева централа од фотоволтаични панели.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 13 Јули 2012 10:26 ) Повеќе...
 

Биди успешна приказна

Е-пошта Печати PDF

clip_image002„Ако бродот што го чекаш не дојаѓа – пливај и пресретни го!“

Џонатан Винтерс,
уметник

  Човекот ги брани своите верувања, без разлика дали е возрасен или мало дете. Верувањата во голема мера се составени од нашите животни навики, влијанието на луѓето околу нас, и општествено-политичката ситуација во земјата. Кога ќе ги собереме сите овие елементи, се создаваат обичаите и традицијата во државата.

  Повеќето велат дека традицијата е најголем показател за нашата иднина. Јас не верувам. Времето го бројат од нивните дедовци, па наваму, однесувајќи се како нив. Какви се нивните родители, такви се и тие. Старата поговорка вели „Крушата, под круша паѓа“. Јас не верувам. Оваа поговорка ја користат само оние што немаат храброст да направат нешто поинакво од нивните родители, па си бараат оправдувања за нивната пасивност. И така, од колено на колено се пренесуваат сите овие верувања. Тоа е значењето на поговорката, дека не правиме ништо поинакво од нашите претходници, туку едноставно одлучуваме да бидеме како нив.

  Без разлика на верувањата на нашето опкружување, треба да седнеме и да размислиме сами. Одлуката што треба да ја донесеме, треба нас да не прави среќни, не другите. Ако размислуваме дали би им се допаднала нашата одлука на другите, нема да бидеме среќни. Слободно комуницирајте со самите себе, прашајте го срцето што сака. Не е важно каков вид на професија ќе биде, колку невообичаена и несекојдневна е, или дали важи за престижна и угледна професија. Или пак, трговија и бизнис, тоа не е нечија работа, освен лично ваша.

  Разумот не слушајте го. Да земеме за пример познати личности, Томас Едисон, Мајкл Џордан, Алберт Ајнштајн, Стив Џобс и многу други. Мислите дека овие луѓе постигнале успех со леснотија? Или пак, почитуваниот Стив Џобс што го разбрани светот со неговите иновации? Стив Џобс беше исмеван од луѓето кога им кажуваше на луѓето што планира да направи. Тренерот на Мајкл Џордан, му рекол дека е премногу глупав за да може да научи убаво да игра кошарка, уште кога бил мал. Тој избегал дома плачејќи. Што се случи со него? Мајкл Џордан e најпознатата кошаркарска ѕвезда од минатиот век. Кога овие луѓе донеле одлука, не го прашале разумот, и не стравувале од исмевање. Сфатиле што навистина сакаат и се фрлиле на работа. Ако и тие ја следеле традицијата, дали светот ќе беше ваков, каков што е сега?

  Мислите дека традицијата не се менува? Се лажете. Се менува, а тоа зависи лично од нас самите. Каква и да е околината околу вас, не е важна таа, туку вие. Секој носи своја одлука, и сноси последици од неа. Да почнам од себе…  Воопшто не наликувам на човекот што бев пред три години. Јас сум човек што не размислува за тоа што било, туку, за тоа што следи. Пред година-две, сфатив дека со моите навики и верувања нема да постигнам успех. Но, не бев свесен за тоа, туку бев разочаран и не знаев зошто сум несреќен. Најдобрата одлука што ја донесов беше да читам книги, и постојано да поставувам прашања како да успеам. Од сите поставени прашања оттогаш досега, секој десетти човек знаеше да ми каже по некој совет. Како минеше времето, го хранев мозокот со нови и разумни информации, кои ми помагаа да растам духовно се повеќе. Почнав да ги менувам своите верувања. Со тек на времето, стекнав големо духовно богатство. Во рок од една година, стекнав многу и мислев дека сум најбогатиот човек на светот. Но, не бил таму крајот. Сфатив дека, како минува времето, се чувствувам се побогат. Постојано учам, и сфатив дека цел живот ќе учам.

  Со учењето се менуваат и животните навики. Тоа е заемен процес на синергија, бидејќи ако не ги смените навиките, нема да можете да учите, и обратно. Ако не учите, нема да напредувате. Ако не напредувате, нема да успеете. Секој може да се промени, исто како што јас можев. Но, не застанувам тука. Јас сакам да напредувам. Сакам да остварам успех, еден ден ќе бидам познат и успешен. Јас сакам да ја реализирам мојата успешна приказна. А ако сакам, можам. Тоа е тајната на успехот. Не дозволувајте никој да влијае негативно на Вашиот живот! Преземи нешто, сам креирај ја твојата судбина. Промени се, биди успешна приказна.

*Оригиналниот текст е превземен од: Think.mk,  18-ти јуни 2012г. Автор: Александар Младеновски

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Справување со проблемите во партнерствата

Е-пошта Печати PDF
prtneship
„Не се плашам кога партнерството е базирано врз еднаквост.“

Есколус,
антички писател на трагедии
 
   Многу често сме сведоци на бизнис партнерства кои едноставно не функционираат. Најчести причини за основање на партнерствата се потребата од дополнителни финансиски средства или комбинирањето на знаењето, искуството и ресурсите што двете страни ги имаат со цел да се постигне т.н. синергиски ефект, според кој резултатите што двете страни би ги постигнале доколку работат заедно би биле многу подобри во споредба со резултатите постигнати доколку двете страни работат самостојно. Честа причина за влегување во партнерство е и неспособноста или стравот кај претприемачите за преземање на целосна одговорност при водењето на сопствен бизнис. Изборот на добар партнер ќе го објасниме во некоја друга прилика, а во овој момент ќе се фокусираме на решавање на проблемите со кои се соочуваат партнерствата.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 4 од 24

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис