Поставете ги основите на вашиот бизнис

Иновирајте до крај

Е-пошта Печати PDF
MB_Innovation-2.preview
„Креативноста произлегува од вербата. Верувајте им на вашите инстикти. И никогаш не се надевајте повеќе отколку што работите.“

Рита Мае Браун,
писателка 

  Процесот на креирање на прототип е целосно фокусиран кон функционалноста на прототипот, притоа ставајќи се останато во втор план. Процедурата е едноставна: ’DO IT, that FIX IT as you go’ (анг.: направи го, а потоа подобрувај го). Сепак делот кога треба само добро да се „исполира" добиениот прпизвод, во најчест број од случаите е запоставен со што и самиот производ финално не го постигнува успехот кој го заслужува. Бројни се примерите кога производот е доволно добар да постигне масовен успех, но не е креиран така да биде револуционерен.

  Чест е и примерот кога креаторот на оригиналната идеа не постигнува успех, а подоцна истата таа идеа постигнува вистински пазарен бум. Се наметнува прашањето на што се должи оваа појава?

  Во 1826 година, британскиот хемичар John Walker, креира фрикциони чкорчиња при експериментот за специфична комбинација на антимон сулфид, калиум хлорат, гума и скроб. Резултатот беше феноментален. Секогаш кога ова чкорче ќе се протриеше од рапава површина, истото се запалуваше. Сепак ова револуционерно откритие за тоа време го патентира Samuel Jones, кој ги патентира чкорчињата во оригинален бренд – „Lucifer-i", кои и ден денес се продаваат на пазарот во Холандија.

  Името на брендот се должеше на неворојатната запалливост на производот. Чест пример е кога без никаков допир на рапава површина, доаѓаше до самозапалување на чкорчињата. Овој производ иако револуционерен, беше пропратен со голем ризик и бројни проблеми.

  И кога носителот на патентот не успеа да дојде до соодветно решение, двајца швеѓани нешто повеќе од 20 години подоцна, оригиналниот концепт го доведоа до совршено решение со кое производот беше функционален и безбеден во исто време. Со минимална измена на формулата (замена на агресивниот бел фосфор со црвен) и функционална промена на изгледот – поделба на запаллив дел на чкорчето и контактна површина од дрвце, конечно иновацијата стана комплетно функционална. 

  Производот беше совршен. Но, и шведските научници кои концептот го доведоа до совршенство, не стекнаа финансиски бенефит од истиот. Човекот кој целокупниот концепт го претвори во финансиски бенефит е Ivan Kreuger, познат како „Кралот на Чкорчињата".

  Клучните елементи за успехот, базирани на оваа живописна приказна се следни:
• Добро смислена и разработена идеа
• Добро реализиран производ
• Добро продадена реализација

  И за оние кои мислат дека секој од чекорите е засебен, само напомена: секој од чекорите е неспоредливо потежок од претходниот.

*Автор: Иван Минчиќ

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Најдобрите индустрии за 2013г.

Е-пошта Печати PDF

CIii

„Ние не дојдовме за да се плашиме од иднината... Дојдовме за да ја оформиме!“

Барак Обама,
Претседател на САД 

  Започнувањето бизнис е ризично. Затоа, пред да се впуштите во правењето пари, обидете се да размислите во кои деловни гранки имате најголем изглед да успеете.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Правилно користење на заеми

Е-пошта Печати PDF

balancing-act-elephant

„Ниту еден кредит не е ни приближно вреден колку готовите пари.“  

Едгар Ватсон Хов,
уредник на весник

  Прашањето за многу сопственици на мал бизнис е: Колкав долг, е преголем долг? Одговорот на ова прашање ќе го пронајдеш  во внимателна анализа на твојот готовински тек и специфичните потреби на твојот бизнис и твојата стопанска гранка. Советите подолу ќе ти помогнат да анализираш дали влегувањето во долгови е добра идеја за твојата фирма.

  • Проучи ги своите причини за позајмување

  Има бројни сценарија за тоа кога е добро да се задолжиш. Во принцип, долгот може да биде добра идеја ако треба да го подобриш или заштитиш својот готовински тек, или ако треба да финансираш развој и експанзија. Во овие случаи, цената на заемот може да биде помала отколку цената на финансирање на овие потези преку тековен приход. Некои вообичаени причини за барање заем вклучуваат:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

За тебе: 15 најлоши оправдувања зошто (да) не си претприемач

Е-пошта Печати PDF

no-excuse

„Не наоѓај изговори. Направи нештото да се случи. Направи промена. Направи историја.“

Даг Хал,
иноватор

  Сакам да сме на ти... затоа што ти се обраќам токму тебе.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Јапонски совршено

Е-пошта Печати PDF

blmsi009925„Падни осум пати, стани девет пати.“

јапонска народна поговорка

  Јапонците отсекогаш биле највредните луѓе на планетата. Во што е тајната на нивниот успех? Тајната на успехот не е само во совршената организација на време и работа, туку и на дисциплината и беспрекорното уредување на работниот простор.

  Јапонците својата канцеларија и работен простор го доведуваат до совршенство, постигнувајќи го тоа со принципот 5 С, односно на нивниот јазик пет акции кои започнуваат на буквата С. Почитувајќи ја оваа источна филозофија под називот КАИЗЕН, помалку се занимаваат со небитните работи и целата енергија ја насочуваат кон работата. Погледнете како Јапонците го избегнуваат стресот и притоа се попродуктивни:

СЕИРИ – дефинирање

  Овој принцип подразбира поделба на работниот материјал на неопходен, итен и непотребен. Се што ви е неопходно ставете во зелена кутија, се што е итно во црвена, а тоа што е непотребно исфрлете го.

СЕИТОН - уредување

  СЕИТОН пред се значи правилно сместување на работниот материјал, за да работите брзо и ефикасно. Се што ви е неопходно нека биде во ваша близина, а материјалот кој го користите привремено уредно ставете го во орман.

СЕИСО – чистење

  Целта е да создадете амбиент без прашина и нечистотија. Со тоа ќе си овозможите да се чувствувате пријатно во својот работен простор, но ќе работите и поефикасно. 

СЕИКЕТСУ- контрола

  Многу е важно два пати да го проверите тоа што сте го изработиле. Можеби ќе ви одземе некоја минута, но ќе знаете дека сте ја завршиле работата како што треба. На овој начин ќе постигнете подобри резултати. 

СИТУСУКЕ – дисциплина

 Последно С ја претставува дисциплината, односно тренинг на кој сите вработени треба да се придржуваат кон наведените правила. На овој начин се создаваат работни навики и сите вработени работат како еден тим.

*Оригиналниот текст е превземен од: Денар, 27 април, 2012г.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
Страница 5 од 24

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис