Поставете ги основите на вашиот бизнис

Што треба да знаете за Google?

Е-пошта Печати PDF

google

„Дури и кога купуваат од продавница, клиентите се повеќе го започнуваат одлучувањето од дома – на интернет.“
Џим Џенсен,
POW Research Institute

  Google е новиот Yellow Pages!

  Се повеќе луѓе кои го користат интернетот во глобални рамки, се информираат за цените, квалитетот, особеностите, понудите и условите за купување – онлајн преку страните за пребарувања. Исто така се повеќе луѓе внимателно ги читаат искуствата на оние кои предходно купиле некаде и решиле да го споделат своето искуство преку интернетот.

  Ако сакате вашиот бизнис, мал или голем, да не биде ’црна овца’ на модерното дигитално време на потрошувачите, еве неколку факти и статистики(*) кои можат да ви ја доловат важноста на Google-пребарувањата од страна на вашите потенцијални клиенти:

  • 21% од светската популација најпрвин се информира за нечија понуда преку пребарување на интернет. Во 2004г. тој процент изнесувал само 9%, во 2005 – 13%, а во 2007 – 15%. 

  • 88,000,000,000 (да 88 милијарди!) пребарувања се вршат само преку Google, само за еден месец! Тоа се околу 3,000,000,000 пребарувања дневно, или 121,000,000 на секој час, или 2,000,000 во минута, или пак 34,000 пребарувања во секунда. 

  • 57% од интернет корисниците ’сурфаат на веб’ секој ден. 

  • 46% од нив пребаруваат производи или услуги.

  • 20% од месечните пребарувања на Google се за пребарување на информации за локални бизниси.

  • дури 70% од сите ’кликнувања’ на линковите се неплатени.

  • 60% од сите неплатени ’кликнувања’ се за првите 3 понудени опции. Или 27% за првата опција на листата, 20% за втората, и 13% за третата опција последователно. 

  • огромни 75% од луѓето никогаш не преминуваат на втората страница од пребарувањето!

  • компаниите што блогираат во просек имаат 434% поголеми страници на индекстирање за разлика од оние што не блогираат. 

  • компаниите што блогираат имаат 97% поголем т.н. ’inbound marketing’

  Краен заклучок: Ако Google не може да го најде вашиот бизнис, никој нема да може го најде!

*Извор: HubSpot, State of Inbound Marketing Report, 2011

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

5 бизнис-закони за кои никогаш не сте слушнале

Е-пошта Печати PDF

hand-writing-science-formulas

„Ако е глупаво ама функционира – тогаш не е глупаво“

непознат автор 

  Сигурно веќе знаете за Ајншајновиот Закон за релативноста, и сигурно имате слушнато за Њутновиот закон за гравитацијата и Филипсовиот Закон за финансиска нестабилност... добро можеби не за овој последниов, ама знаете за многу закони, нели? ОК.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 11 Мај 2012 11:51 ) Повеќе...
 

Договор за дистрибуција

Е-пошта Печати PDF

Distribution

„За разлика од правилата на производството, правилата на дистрибуцијата се целосно човечки фактор, затоа што било кое добро кое се дистрибуира било каде во светот, директно зависи од статусот и корисноста кое општеството го има.“

Џон Стујард Мил,
политички економист

  Договорите за дистрибуција на стоки и услуги се едни од најраспространетите деловни договори денес.

  Посебно важни за малите и средни претпријатија, овие видови на договори се еден вид ’продолжена рака’ на производната линија и им овозможуваат на бизнисите своите продукти да ги донесат на што повеќе пазари, побрзо, подобро и со што е можно помали трошоци.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како да го финансирате почетниот бизнис?

Е-пошта Печати PDF

tumblr_l7mu5dpal51qz6pqio1_5001Започнување на бизнис зависи од многу фактори, но пред се зависи од потенцијалниот претприемач како и од самата бизнис клима. Но претприемачот е најбитен во целиот процес. Државата, како еден од битните елементи на бизнис климата, треба да го поттикни претприемачот со различни видови на финансиска и не финансиска помош

Постојат повеќе начини за започнување на сопствен бизниси. Два се најпознати. Еден се однесува на претприемач кои што се сам работи. Го започнува бизнисот без изработка на бизнис план и со сопствени ресурси. Не бара никаква нефинансиска помош, а се финансирани од страна на пријатели и од страна на најблиската фамилија.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Начинот на презентирање на понуда прави продажба

Е-пошта Печати PDF

dzru

„Чистата логика, а не некои трикови ги соддржи сите правила на доброто презентирање.“
Мејсон Кули,
писател на афоризми

  Некогаш не е доволно да имате екстра производ или услуга за да успеете да остварите продажба. Системот од 4 и од 8 чекори може да помогне како да се надмине овај проблем. Направете Вашата понуда да има ефект на продажба!

  Системот се состои од два потсистеми, од кој едниот содржи 4, а другиот 8 чекори. Така го добил и името: Систем од 4 и од 8 чекори. Системот од 4 чекори се однесува на продажба и директен пристап до потенцијалните купувачи, додека системот од 8 чекори служи за да се мотивира, регулира и да се поттикне психата на продавачот. И двата системи се тесно зависни и еден без друг не се овозможува ефикасна продажба, а со тоа нема ниту профит.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 7 од 24

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис