Поставете ги основите на вашиот бизнис

Заработка преку web сајт #1

Е-пошта Печати PDF

Good-Business-Web-Hosting-ServiceПостојат два основни – универзални правила на успех. Овие правила се кажани во една позната изјава на Алберт Ајнштајн:

“You have to learn the rules of the game. And then you have to play better than anyone else.”

Едноставно и воедно ефикасно!

Познатиот кошаркарски тренер и селектор на српската кошаркарска репрезентација Душан Ивковиќ, еднаш изјави дека нема ништо полесно него да се биди светски првак – само треба да се победат сите противници Cool!

Но инспирацијата за овој текст е релативно стара – потстакната од една интернет дискусија на тема:„Би сакал да вложам 5-6 илјади евра за некаков сајт!

Постои еден мит, кои што вели дека интернетот е слот машина каде секој добива. Вложиш денар, добиваш два! Овој мит е резултат на голем број на милионери и милијардери кои што се појавија во последната деценија, а кои што го започнаа својот бизнис од една гаража а стигнаа до милиони долари (ова е според нивните изјави).

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 02 Март 2012 09:11 ) Повеќе...
 

Како да си ’фатите’ банкар

Е-пошта Печати PDF

sexy-business-banker

„Денес банките имаат нов имиџ – тие се ваши пријатели. Денес, вашиот банкар е ваш пријател... Ако банките навистина ви се пријатели, зошто тогаш ги врзуваат пенкалата за масата додека потпишувате документи? Да не им ги украдете?! Па вие им ги доверувате вашите пари, а тие не ви веруваат за пенкалото!“
Алан Кинг,
комичар
 
 Има една едноставна работа која претприемачите треба да направат за да добијат банкар на нивна страна... За жал, повеќето од нас не сме го научиле ’шмекањето банкари’.

  Вашата компанија има долга историја на работа со истата банка, под услови кои се чини дека се (биле) фер, дури и покрај тоа што на моменти би сакале да можете да повлечете поголем кредит. Сте имале залог на сите видови на средства како гаранција, и се чинело дека вашата банка е добро заштитена со вашиот залог. Никогаш не сте пропуштиле исплата, и вашето сметководство секогаш било во релативно добра состојба. Најпосле, Вие и вашиот сметководител одлучувате дека е време да се види дали може да се добие подобар договор за кредит од друга банка.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Најдобрите индустрии за започнување и водење бизнис во 2012

Е-пошта Печати PDF

Business-bull

„Прашањето не е дали треба да се менуваме, туку дали го правиме тоа доволно брзо?“

 Ангела Меркел,
германска Канцеларка

  Секој сака да прави пари... ако може легално. Но не секој претприемач ’добро ги намирисува’ свежите пари и местата од каде што тие можат да дојдат.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Што е потребно за да се изврши извоз на стоки од Република Македонија

Е-пошта Печати PDF

Што е потребно за да се изврши извоз на стоки од Република МакедонијаИзвозот е процедура која што е преставува еден од најосновните начини за настап и појавување на странски пазар. Овие се основните процедури и документи кои се потребни за извоз.

Кој го врши извозот.Извозот го врши самиот извозник ,а може и одреден застапник кој го одредува самиот извозник.

 

Царинска декларација е документ со кој е опфатена одредената тарифна ознака на одредена стока. Ако стоката е во две или повеќе тарифни ознаки , тогаш секоја тарифна ознака е посебна царинска декларација. За повеќе информации како се пополнува овој документ посетете ја http://www.igu.gov.mk/files/pdf/carina/pravilnici/ECD_uredba.pdf .

Фактурата преставува документ со кој што покажува дека стоката е продадена во странство , дека има купувач во странство кај кој што треба да се однесе стоката . Во неа треба да биде наведено кој ја превзема стоката , опис на стоката , цената на стоката, а воедно и провизијата која што ја добива агентот (доколку се појавува агент како посредник во извозот), потоа треба да бидат наведени и одредените пропратни документи кои што би оделе заедно со фактурата , како што е бројот на договорот и слично.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 21 Февруари 2012 12:22 ) Повеќе...
 

6 емоции кои ги предизвикуваат клиентите на трошење

Е-пошта Печати PDF

universal_emotion

“Тие можеби ќе заборават што си им кажал, но никогаш нема да го заборават чувството што си им го предизвикал.“
Карл В. Бучнер,
автор

  Неретко се вели дека купувачите ги носат своите одлуки за купување или некупување на некој продукт, по добро обработување на сите информации поврзани за тоа купување. Најчесто не е така...

  Психолозите се почесто велат дека одлучувањето за купување се одвива на најосновното ниво – нивото на чувство или предчувство. Скоро секогаш, одлуките за купување на некој продукт се темелат на чистата емоционална промена на самиот купувач. Ова не значи дека останатите информации не играат значајна улога во промените во емотивната состојба, но тие само помагаат истата да биде видоизменета или потполно сменета, со што всушност, информациите се само последица – а не причина за купување.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 10 од 24

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис