Договор за дистрибуција

Е-пошта Печати PDF

Distribution

„За разлика од правилата на производството, правилата на дистрибуцијата се целосно човечки фактор, затоа што било кое добро кое се дистрибуира било каде во светот, директно зависи од статусот и корисноста кое општеството го има.“

Џон Стујард Мил,
политички економист

  Договорите за дистрибуција на стоки и услуги се едни од најраспространетите деловни договори денес.

  Посебно важни за малите и средни претпријатија, овие видови на договори се еден вид ’продолжена рака’ на производната линија и им овозможуваат на бизнисите своите продукти да ги донесат на што повеќе пазари, побрзо, подобро и со што е можно помали трошоци.

  Обично, договорите за дистрибуција на стоки и ислуги имаат 3 важни компоненти:

  1. производителот доделува дитрибутерство на еден или повеќе дистрибутери,

  2. кои имаат право да вршат продажба и наплата на продуктите кои ги поседува производителот (или носачот на лиценца),

  3. во нивно име и за нивна сметка.

  Ако се одлучите да ангажирате дистрибутер/и за вашите продукти, ова се некои од можните предности за вашиот бизнис:

  • поевтино пазарно дистрибуирање до крајните потрошувачи
  • подобрување на пласманот на стоките и услугите
  • заштеда на средства на сметка на малопродажба и малопродажни објекти
  • користење на независни дистрибутери ја подобрува пенетрацијата на пазарот
  • пренос на ризикот за снабдување на снабдувачот
  • предности за давање на ексклузивитет на подрачје, пазар, регион, цена и сл.
  • загарантирана испорака

  Сепак, добро е пред да влезете во преговори и филанизирање на договорите за дистрибуција, да се консултирате со правен советник или консултантска куќа.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Документи Договор за дистрибуција