Формулар за отсуство од работа

Е-пошта Печати PDF

empty_desk

„Твоето отсуство беше толку долго, што твоето присуство веќе не прави разлика.“

непознат автор

  Формуларите за отсуство од работа можеби не се особено застапени кај нас, посебно во почетните, мали или средните компании – но тоа воопшто не значи треба да останат така...

  Најчесто претприемачите се запрашуваат: што ќе ми е формулар за отсуство, кога јас самиот си ги контролирам вработените?

  Најпрвин, да почнеме од основното – секој работник има право на платено и неплатено отсуство, во најразлични ситуации. Добрите претприемачи секогаш на своите вработени им даваат до знаење во кои случаи можат да побараат и да добијат отсуство од работа. Втората причина секогаш е евиденцијата. Најдобро е уредното и педантно водење на евиденција за тоа кој, кога, и колкаво отсуство побарал за одередени околности. Како трета причина – се отстранува сомнежот од субјективност помеѓу вработените, и најпосле – се создава култура на правилно вреднување на трудот и воедно се прави добра база за идниот раст на бизнисот.

  А за да срочите еден формулар за отсуство, не треба ништо повеќе отколку на еден лист хартија да направите урнек по теркот:

  • име и презиме на подносителот на барањето
  • причина за отусутвото
  • службено или приватно отсуство
  • дата на отуство и дата на враќање на работа
  • примено од: надзорникот или претпоставениот
  Вака потполнетиот формулар од вработениот може да се потполни однапред или во договор и по завршеното отсуство. Дополнително, истиот формулар може да биде пратен преку е-пошта или директно он-лајн доколку компанијата има воспоставено таков систем.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Документи Формулар за отсуство од работа