За тебе: 15 најлоши оправдувања зошто (да) не си претприемач

Е-пошта Печати PDF

no-excuse

„Не наоѓај изговори. Направи нештото да се случи. Направи промена. Направи историја.“

Даг Хал,
иноватор

  Сакам да сме на ти... затоа што ти се обраќам токму тебе.

  Најверојатно, еден од твоите изговори е тој дека немаш доволно време - па затоа ајде директно да преминаме на листата:

1. Премногу сум исплашен - Добредојде во клубот. Секој претприемач се плаши.

  Но ти, како и секој друг имаш избор: ќе дозволиш твојот страв да те заддржува, или ќе го искористиш за да го постигнеш успехот што го заслужуваш. Стравот се победува со првиот чекор...

  Кога ќе се одважиш и ќе си кажеш себеси: Јас тоа го можам!?

2. Ги немам потребните врски - Во денешно време на веб-сајтови и социјални медиуми како Фејсбук, Твитер и останати платформи, можеш он-лајн да го добиеш скоро секој, освен можеби Папата, или Боно. Всушност, некои луѓе се дури и изненадувачки достапни (можеби тоа е една од тајните на нивниот успех?)Се разбира, сите тие нема да одговорат.

  Започни со малку. Изгради основа. Иднината на твојата мрежа нека биде како пирамида со широка основа, а не тенки вертикални линии што одат директно кон врвот.

3. Предоцна е сега да стартувам - Па да, Стив Џобс те победи со графичкиот интерфејс и ’глувчето’, но Xerox го победи него! Ни Марк Цукерберг не беше прв во социјалните медиуми. Иновациите никогаш не се дадени еднаш-засекогаш, а некои од најуспешните компании денес се темелат врз основа на рафинирање на порано дадените идеи и креации.

  Ти само премногу доцниш, ако не си подготвен да бидеш подобар, побрз, посилен, или поевтин од било кој, што бил прв во нешто.

4. Мене никој не ме слуша - Луѓето го слушаат само оној кој кажува нешто забавно, интересно, искрено, исполнувачко, шокантно, информативно, возбудливо, глупаво, сатирично, контроверзно, тажно, смешно, секси ...

  Ако не можеш да придобиеш некој да те слуша, проблемот не е во него. Проблемот е во тебе.

  Тоа што сакаш да го кажеш е ирелевантно; ​​промени ја твојата порака така што, тоа ќе им значи нешто на луѓето на кои сакаш да делуваш. 

  Тогаш, ќе те слушнат.

5. Немам пари - Како што вели една изрека: да се биде претприемач е уметност и наука на остварување што повеќе, со што помалку средства - помалку пари, помалку луѓе, помалку време...

  Соочи се со фактот: никогаш нема да имаш доволно пари. Никогаш! Ако имаш план, а немаш доволно капитал за да го стартуваш сопствениот бизнис, тогаш мораш да го промениш својот план.

6. Немам време - Секој има иста количина на време. Единствената разлика е во тоа: што си подготвен да направиш со твоето време.

  Ако си бил заробен под земја и имаш кислород за само 24 часа, сигурно нема  да го провериш Твитер-от, или да поразговараш со пријателите на мобилен за да ти помине малку времето... Туку ќе го испотиш ’газето’ и ќе копаш за да се спасиш!

  Спроведи го истото ниво на важност и итност на она што сакаш да го постигнеш, и твојот распоред веднаш ќе се расчисти. Пронаоѓањето на време е секогаш прашање на колку страсно го сакаш нештото за кое си спремен да се бориш.

7. Ги немам потребните вештини - Нема проблем. Оди и земи ги. Оди на курсеви. Прочитај книга. Прочитај 10 книги. Разговарај со пријателите. Работи со скратено работно време во некој мал бизнис. Волонтирај...

  Најди некој што веќе го има направено она што сакаш да го направиш, и понуди се доброволно за бесплатна работа во замена за искуство.

  Ти се чини дека премногу е тешко? Мислиш дека е преголема цената за да се исплати? Или мислиш дека тоа едноставно не е фер? ОК, тогаш прифати дека никогаш нема да ги имаш потребните вештини и престани да се жалиш.

  Вештините и знаењата се стекнуваат, тие не се даваат случајно.

8. Немам добра идеја - Да сонуваш нешто ново е навистина, навистина тешко. Да подобриш нешто што веќе постои е навистина лесно.

  Прошетај се наоколу и почни да се жалиш... на себе. Ќе видиш еден тон проблеми кои бараат решенија. Тие решенија се идеи за бизнис.

  „Нешто ново“ е мноооогу тешко да се замисли. „Нешто подобро“ е многу полесно и поедноставно.

  Сепак, повеќето компании се изградени врз база на ’нешто подобро’, а не на ’нешто ново.’

9. Не можам да ризикувам – Денес не постои ризик од кој неможе да се опоравиш.  А секој неуспех во иднина ќе те направи посилен, попаметен и подобро опремен за да успееш следниот пат.

  Ако никогаш не се обидеш, еден ден ќе погледнеш назад на животот и ќе се запрашаш: „Што би можело да се случи доколку само имав храброст да..."

  Тоа е единствениот ризик што никогаш не треба да го превземеш!

10. Јас сум подобар во планирање отколку во извршување - Не, не си. Ти си само премногу мрзлив за да сработиш нешто. Или мислиш дека веќе си сработал доволно во животот. Или мислиш дека си над таа работа. Или...  слободно избери го твојот изговор.

  Секој успешен претприемач што го знам може, кога е потребно, да ги засука неговите или нејзините ракавите и сам да ја заврши работата. Тоа е една од причините што тие се успешни.

11. Не можам да престанам додека не го направам нештото совршено - Сигурно дека можеш. Само едноставно не сакаш.

  Можеби си несигурен. Можеби ти е страв. Можеби се плашиш од одбивање или критика.

  Пробај вака: Направи го нештото најдобро што можеш. Потоа застани. Ако малку повеќе работа ќе резултира со значително подобар исход, тогаш подобри го.

  Ако малку повеќе работа не направи никаква разлика, но никој нема да ја забележи – тогаш остави го. Подоцна ќе можеш да направиш подобрувања врз основа на повратните информации што ќе ги добиеш од единствените луѓе чие мислење е навистина важно: клиентите.

12. Не сум научен да работам така – Едноставно е: ако не се чувствуваш удобно кога правиш нешто, бидејќи тоа ги прекршува твоите принципи или етика, никогаш не прави го тоа нешто.

  Но, ако не се чувствуваш удобно во правење нешто едноставно поради тоа што ќе те однесе надвор од твојата удобна зона, тогаш ти само рационализираш.

  ...и никогаш нема да бидеш подобар отколку што веќе си.

13. Не можам да најдам никој што ќе ме разбере – Можеби разбираат... можеби разбираат дека тоа што го кажуваш не чини.

  Навистина големите идеи може да се опишат само со неколку збора. Навистина одличните производи може да се опишат со неколку фрази. Навистина изворедните услуги можат да се опишат со неколку реченици.

  Ако никој не те разбира, единствената личност што е неразбрана си ти. Остави ја својата агенда на ’свој агол на гледање’ и откриј каде грешиш.

14. Тоа е премногу тешко – Сите долги патувања се тешки. Но, помалите чекори се лесни.

  Еве пример: си седиш на твојот тросед целиот ден и наеднаш одлучуваш да трчаш маратон. Во право си- било премногу тешко. Но, можеш да излезеш денес и да протрчаш круг или два. После можеш да одиш и на неколку километри. И кон најтешката цел се стига со еден прв мал чекор..

  Па уште еден. И пак уште еден...

  Никој на светов, па ни ти, не можеш да постигнеш нешто тешко само преку ноќ, но може да се постигне чекор-по- чекор.

15. А што ако не успеам – ќе се чувствувам засрамено – Неуспехот, особено во јавноста може да биде непријатен, посебно бидејќи некои луѓе сакаат да зборуваат за несреќите на другите луѓе.

  Тоа се истите тие луѓе кои никогаш не би се осмелиле да пробаат нешто за себе. Не грижи се за нив.

  Од друга страна, една цела друга група на луѓе ќе те почитува за преземањето на подвиг. Тие ќе го препознаат твојот дух. Ќе се соживеат со тебе. Ќе те охрабрат. Ќе ти помогнат да станеш кога ќе паднеш. Тие ќе знаат како е кога се обидуваш и не успеваш, и се обидуваш повторно...

  Затоа што тие се луѓето кои ги живеат сопствените животи според сопствените услови.

  Баш како тебе!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Документи За тебе: 15 најлоши оправдувања зошто (да) не си претприемач