Манифест за вработување на најдобрите кандидати

Е-пошта Печати PDF

hiring_c

„Секој со кој сум работел, знаел нешто подобро од мене. Мојата работа е да го слушам доволно долго за да дознаам што е тоа и подоцна да го применам.“

Џек Николсон
актер

  Сега е кризно време... можеби вашиот бизнис не размислува за нови вработуваравања. Но, можеби веќе сте ги искористиле предностите на пазарот и имате потреба од нови кадри.

  Селектирањето нови вработени не е нималку лесна работа, и многу нешта зависат токму од тоа на кои, и на какви луѓе ќе им ги доверите задачите на правењето пари.

  Пред да вработите нови лица во вашата компанија, прочитајте го ’Манифестот за селектирање на најдобрите кандидати’ кој може да ви помогне да ги селектирате само навистина најдобрите:

1. Одличните компании имаат одлични вработени, затоа посветете се на изнаоѓење на лица кои можат да стигнат далеку во она во што се најдобри.

2. Осигурајте се дека имате изготвено опис на работното место – ’црно на бело’. Потоа осигурајте се кој ќе биде супервизор, и како ќе ве известува.

3. Размислувајте иновативно. Не им ги ограничувајте премногу ресурсите на оние вработени кои можат да постигнат нешто повеќе.

4. Избегнувајте да вработите лице кое е на исто ниво како и некој што веќе работи за вас повеќе од 2 години.

5. Донесте систем за рангирање што ќе овозможи првопојавените кандидати на интервјуто да не бидат сосема заборавени на крајот од процесот.

6. Кога е можно, унапредувајте ги сопствените кадри за да го поттикнете моралот внатре во бизнисот.

7. Ако едно лице има богата историја на самовработување, тоа лице најверојатно повторно ќе бара можност за самовработување. Ако можете, ангажирајте го како консултант. 8.  Лицата со посебни потреби обично се потрудољубиви и полојални работници.

8. Ако имате потешкотии во регрутирањето, обратете се до некоја специјализирана агенција за вработувања.

9. Одредете каков карактер би бил пожелен од кандидатот.

10. Обидете се работникот што ја напушта позицијата, како и некои од клучните соработници да имаат можност да го интервјуираат идниот кандидат.

11. Проверете ги техничките вештини, но и познавањата од секторот на секој можен кандидат.

12. Проверете ја енергијата на секој од кандидатите во текот на работното време, и дознајте во кој дел од денот тие се најпродуктивни.

13. Посветете внимание на евентуалните поголеми временски разлики помеѓу вработувањата и обидете се да дознаете зошто се случиле.

14. Користете предхотно дизајниран прашалник со исти прашања за сите кандидати.

15. Детално проверете ги препораките на кандидатите – тие можат да ви откријат многу повеќе од она што го пишува во биографиите.

16. Подгответе ги условите за работа како и копија од идниот договор, за да можете да ги имате при рака кога ќе се дискутира за можноста од вработување.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Документи Манифест за вработување на најдобрите кандидати