Форми на бизнис

ДООЕЛ како форма на бизнис

Е-пошта Печати PDF

Corporation_and_LLC_Formation

"This time next year, Rodney, we’ll be millionaires!"

Позната изрека на Дел Бој (Del Boy), лик од играната серија Мучки (Only Fools and Horses)

Како најдоминантна форма на претпријатијата во Р. Македонија се јавува ДООЕЛ -. Што всушност претставува ДООЕЛ?

Д- друштво со

О- ограничена

О- одговорност од

Е- едно

Л- лице

Според Законот за трговските друштва  тоа „...е трговско друштво во коешто едно или повеќе физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред договорената основна главнина на друштвото„ Значи се собрале Перо, Аце, Коста, Јанко и Марко и одлучиле да основат претпријатие. Секој со одреден паричен влог или со одредени средства. И сите тие се сопственици со одреден процент, во зависност од улогот во претпријатието.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 25 Мај 2011 10:28 ) Повеќе...
 

Семеен бизнис – здраво семејство, здрав бизнис

Е-пошта Печати PDF
ownersmedium2„Само некој што не бил изложен на тоа не знае што е да се има семеен бизнис – тоа е движечката сила на семејството."


Бернард Клишка,
сопственик на семеен бизнис

  Мешањето на работата и задоволството се едно нешто, но мешањето на работата со семејтвото е нешто сосема различно!

 Семејните бизниси во Македонија, како и на Балканот се доста честа форма на водење бизнис. Постојат два начина на работење на семејните бизниси: да наследите или да отпочнете семеен бизнис. И во едниот и во другиот случај постојат повеќе предности и ризици кои можат да му донесат бенефит или да му наштетат на бизнисот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 16 Мај 2011 11:30 ) Повеќе...
 

Франшизинг-Успехот можи да се клонира

Е-пошта Печати PDF

Pros20and20Cons20of20Franchising“Франшиза не е само претприемништво, таа нуди единствен начин на брзо богатење

Цитат од книгата „Franchising: Pathway to Wealth Creation„

Влегување во бизнис можеме да го направиме на неколку начини. Можеме да отвориме сопствена компанија, можеме да купиме веќе постоечки бизнис или можеме да станеме франшиза.

Што е тоа франшиза? Франшиза претставува таков модел на бизнис, каде една компанија (давател на франшизинг) му овозможува на друга компанија (корисникот на франшизинг) да производи, продава или да го дистрибуира неговиот производ/услуга. Всушност во франшизата Вие го превземате веќе разработен бизнис, со препознатлив бренд, со разработен менаџмент систем..итн. На ваков начин претприемачот не почнува од нула и значително ги намалува деловните ризици. Од друга страна корисниците на франшиза немаат голема слобода во донесување на одлуки.  Познати примери на франшизинг се McDONALD’S, BURGER KING, HILTON HOTEL итн.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Недела, 08 Мај 2011 22:12 ) Повеќе...
 

10 чекори за on-line бизнис

Е-пошта Печати PDF

apple34„Интернетот ќе стане алатка која на луѓето ќе им овозможи да го водат целиот бизнис on-line, а не само да купуваат производи.“

Моника Луечфилд,
Директор за е-трговија, Office Depot Inc.

Основањето на on-line бизнис можеби ќе ви звучи како невозможна мисија? Запрашајте се повторно – кога било полесно за еден мал бизнис да има толкава шанса да продава без граници, глобално?

Велат, интернетот е како остар нож – во неподобни раце тој може да стане ладно оружје, но во рацете на одличен готвач, тој може да направи магија од оброк!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Кооператива - социјална компанија

Е-пошта Печати PDF

cooperative_learning_1_imagelarge1„Сонот што го сонуваш сам е само сон. Сонот што го сонуваш со други е реалност“

Џон Ленон, музичар, поет, сонувач

Во растечкиот глобален пазар, малите субјекти постојано стануваат колатерална штета. Таква е и судбината со многу занаети и земјоделието. Доколку не се здружат ќе бидат уништени.

На многумина од вас можеби ви е познат терминот „задруга“ кој во минатите времиња асоцираше на општествена форма која делумно има и негативен призвук.За разлика од нив денеска со истото име кај нас се именуваат профитабилни демократски организации кои насекаде низ светот функционираат одлично. Од најмали форми со неколку основачи, до национални компании кои работата во најразлични сектори.

Денеска задругата или кооперативата е форма на бизнис кој е на границата со здружение поради начинот на одлучување и можеме да кажеме дека тоа е еден вид на социјална компанија. Според дефиницијата: „Задругата е независна организација на луѓе доброволно здружени за решавање нанивните заеднички економски, социјални и културни потреби и аспирации преку заеднички поседувана и демократски управувана компанија. Задругата е независна организација на луѓе доброволно здружени за решавање нанивните заеднички економски, социјални и културни потреби и аспирации преку заеднички поседувана и демократски управувана компанија.“

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 08 Април 2011 08:03 ) Повеќе...
 
Страница 5 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Форми на бизнис