Форми на бизнис

Најдобрите индустрии за 2013г.

Е-пошта Печати PDF

CIii

„Ние не дојдовме за да се плашиме од иднината... Дојдовме за да ја оформиме!“

Барак Обама,
Претседател на САД 

  Започнувањето бизнис е ризично. Затоа, пред да се впуштите во правењето пари, обидете се да размислите во кои деловни гранки имате најголем изглед да успеете.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Кул е да си кул, а уште покул е да си земјоделец? бум за урбано градинарство

Е-пошта Печати PDF

Uncommon-Ground-rooftop-garden-2_8-18-091Климатски промени, загадување, енергетска криза, (р)едукација, спасување за фоките во Алјаска … може да одиме до 101 со набројување на закани и предизвици со кои се соочуваме. И може да дебатираме околу валидноста на сите проблеми, ама веројатно ќе се согласиш дека има еден кој треба да го сфатиме навистина лично, и брзо да почнеме да реагираме.

Храна!

Зошто? Бидејќи со 9 билиони луѓе на планетата до 2050, ќе значи дека треба да се нахранат 9 билиони стомаци. Едно е сигурно – тоа нема да работи со денешниот ‘open loop’ систем за храна.

Некои велат дека системот за храна е целосно скршен. Оптимистите велат дека е само лошо дизајниран. Во секој случај – едно е сигурно – време е да се редизајнира и да се ослободи од зависност на фосилни горива.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Што треба да знаете за Google?

Е-пошта Печати PDF

google

„Дури и кога купуваат од продавница, клиентите се повеќе го започнуваат одлучувањето од дома – на интернет.“
Џим Џенсен,
POW Research Institute

  Google е новиот Yellow Pages!

  Се повеќе луѓе кои го користат интернетот во глобални рамки, се информираат за цените, квалитетот, особеностите, понудите и условите за купување – онлајн преку страните за пребарувања. Исто така се повеќе луѓе внимателно ги читаат искуствата на оние кои предходно купиле некаде и решиле да го споделат своето искуство преку интернетот.

  Ако сакате вашиот бизнис, мал или голем, да не биде ’црна овца’ на модерното дигитално време на потрошувачите, еве неколку факти и статистики(*) кои можат да ви ја доловат важноста на Google-пребарувањата од страна на вашите потенцијални клиенти:

  • 21% од светската популација најпрвин се информира за нечија понуда преку пребарување на интернет. Во 2004г. тој процент изнесувал само 9%, во 2005 – 13%, а во 2007 – 15%. 

  • 88,000,000,000 (да 88 милијарди!) пребарувања се вршат само преку Google, само за еден месец! Тоа се околу 3,000,000,000 пребарувања дневно, или 121,000,000 на секој час, или 2,000,000 во минута, или пак 34,000 пребарувања во секунда. 

  • 57% од интернет корисниците ’сурфаат на веб’ секој ден. 

  • 46% од нив пребаруваат производи или услуги.

  • 20% од месечните пребарувања на Google се за пребарување на информации за локални бизниси.

  • дури 70% од сите ’кликнувања’ на линковите се неплатени.

  • 60% од сите неплатени ’кликнувања’ се за првите 3 понудени опции. Или 27% за првата опција на листата, 20% за втората, и 13% за третата опција последователно. 

  • огромни 75% од луѓето никогаш не преминуваат на втората страница од пребарувањето!

  • компаниите што блогираат во просек имаат 434% поголеми страници на индекстирање за разлика од оние што не блогираат. 

  • компаниите што блогираат имаат 97% поголем т.н. ’inbound marketing’

  Краен заклучок: Ако Google не може да го најде вашиот бизнис, никој нема да може го најде!

*Извор: HubSpot, State of Inbound Marketing Report, 2011

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Враќање после пораз

Е-пошта Печати PDF

top-of-the-world

„Јас не доживеав тотален несупех... јас само пронајдов нови 100 начини како да не успеам!“

Бенџамин Френклин,
иноватор

  Неуспехот е дел од преземањето ризик, за било кој постоечки или растечки бизнис. Запаметете го ова уште на почетокот!

  За повеќето претприемачи, неуспехот е еден најлошите стравови и можни сценарија што никако не сакаат да го изговорат... Не-успех – звучи страшно? Кога некој во бизнисот нема да успее, тогаш најчесто истиот се враќа на почетокот на работите со длабоко наведната глава. Она што многу сопственици на бизниси не умеат да го согледаат, сепак е, дека неуспехот всушност може да ви помогне да се изборите за подобар раст.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Заработка преку web сајт #3

Е-пошта Печати PDF

baby_in_walker„Родило се, ваља га љуљати„

Српска народна поговорка

1. Идејата е родена – Постојат некои статистки кои што кажуваат дека само една од 7 милиони идеи го поминува комплетниот пат до финалната реализација. Значи идеите се добри но тоа не значи дека сме ја завршиле работата.

2. Сајтот е спремен, содржината исто така, но .... – Нешто заборавивме? Па некој треба и да ја чита и да ја гледа содржината. На самиот почеток можете да ги заборавите пребарувачите како извор на посета, но од друга страна тоа не значи дека треба да ги заборавиме. Поради ова, прочитајте го следниот текст. Морате да водите сметка да тоа што го пишувате мора да биди интересно за луѓето кои што сакате да ги привлечете. Голема посетеност е многу убава работа, но она што Ви треба е вистинска посетеност, вистинските целни групи се вистинската вредност, тоа го велам и во водичот за правење на огласната понуда. Искористете ги можностите кои што Ви ги донесува Facebook, создадете текстови кои што ќе имаат вирален капацитет. Информирајте се за тоа – тоа ќе Ви овозможи брзо и лесно ширење на веста за Вашиот сајт, а сето тоа ќе резултира - Вашиот сајт ќе биди забележен од страна на потенцијалните клиенти како и од страна на адвертајзинг агенции. Бидете спремни да вложите одредена парична средства (барем минимални парични средства) или доколку имате „општествен„ капитал на социјалните мрежи прашајте ги Вашите пријатели да ја споделат содржината на Вашиот сајт и слично.

3. Нема прекинување, запоставување, .... - Ако ја започнавте работата и доколку го одредивте темпото на работење, бидете доследни на тоа. Една од позитивните работи кои што ги донесува WordPress е и закажување на постовите. Поточно Вие можете некој пост да го објавите во некој момент кои што ќе се случи во иднина. Доколку не сте сигурни дека можете да го испратите планираниот темпо на постови, направете си залиха за црни денови. Се штеди тогаш кога се има не тогаш кога се нема.

4. Среќата е коефициент, а не deal breakerШто ова значи? Ова значи дека Вашиот проект можеби вреди Х Евра, а колку Вашиот проект навистина вреди зависи од факторот кои што се нарекува среќа. Среќата не е фактор кои што црното го менува во бело. Но среќата е фактор кои што може да зголеми нешто што веќе постои. Значи, од среќата зависи да ли ќе имате Х Евра или Y * X Евра. На среќата можете да имате влијание со донесување на добри или лоши одлуки. Генерално кажано парите ќе дојдат доколку ја работите винстинската работа. Само не бидете премногу алчни.

5. Од постариот учите, но не гледајте во неговото тенџере – Најлоша работа што може да ви се случи е ако почнете да зборувате како Вашата конкуренција има ова или има она. Како на нив им е лесно, како заработуваат големи пари а ништо не работат...итн. Факторот кои што се нарекува време се игнорира... Кога infostud почна да заработува озбилни пари – сите сакаа да дупнат во мазникот, но никој ни не помисли дека Брана, Бане и Стефан и другите дури од 2000 година напорно работат на реализацијата на овој проект. Ако ги гледаме приходите никој ни не помислува дека тоа е резултат на голема работа од 2002 (Бурек), 2003 (Наслови, Мобилни свет), 2004 (Патувања)...итн. Зборуваме за години и години на голем труд, труд кои што не беше секогаш пријатен, но тој труд требаше да биди направен. Значи ќе учите на направените грешки, ќе имплементирате позитивни примери и идеи.

Автор на текстот: Иван Миниќ

Оригиналниот текст:

KAKO ZARADITI SAJTOM? ALI STVARNO.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 02 Март 2012 12:28 )
 
Страница 2 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Форми на бизнис