Осмели се: Инвестирај во сончева централа

Е-пошта Печати PDF

solar-panels-infoДоста тоа е пишувано на блогот за сончеви фотоволтаични централи, нивното значење и исплатливоста на истите. Македонија благодарение на климатските услови и на нејзината географска положба располага со сите предиспозиции за изградба на овој вид на сончеви централи. Имено во Македонија веќе се забележува поместување на ова поле и веќе има солидни инвестиции кои се реализирани, некои кои се во тек и некои кои се планирани за во иднина. Она што е заедничко за повеќето од нив е што се големи инвестиции од големи инвеститори. Сепак постои простор и за инвестирање од помали инвеститори во помали постројки од овој вид. Во продолжение следат чекорите кои се неопходни при инвесторање во сончева централа од фотоволтаични панели.

Прв предуслов е да се имаат регулирано сите сопственички права за дадената локација, локацијата да е соодветна за еден ваков вид на централа и да се има некоја идеја за колкава централа станува збор. Следен чекор е изработка на главен изведбен проект кој е составен од градежен проект и електро проект со предфизибилити студија за потенцијалот на дадената локација.

Ова се два неопходни проектни документи без кои не можи да се извадат другите потребни дозволи ако ги немате.

Со овие спремни документи  се оди по останатите дозволи и лиценци на државно како и на општинско ниво  кои се потребни за градба на еден ваков вид на централа. Комплетна листа на документи, дозволи и апликации потребни може да се добие преку агенцијата за енергетика на Република Македонија. Исто така битен момент е како инвеститор да се договорите со ЕВН за да ве приклучат на мрежа. Ова е нешто кое сериозно треба да се земи во предвид пред одбирањето на локацијата и кое може да биде сериозна пречка при реализирање на инвестицијата.

Според некои информации со кои располагаме за инвестиција клуч на рака за соларна централа од некои 20 KW инвестицијата е некаде измеѓу 40.000 и 50.000 евра или некаде 2 до 2.5 евра по киловат. Доколку ги немате сите потребни средства има доста добри кредитни линии за ваков вид на проекти кои може да се искористат за оваа намена. Еко кредитот на Про Кредит банка е една од најдобрите опции за секој кој сака да инвестира во еден ваков проект. Инвестицијата се враќа во просек за 5 до 6 години ако се користат сопствени средства или плус две – три година ако се користи кредитна линија.

*Оригиналниот текст е превземен од: Енергетска ефикасност, Автор: Александар Атанасовски

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 13 Јули 2012 10:26 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Форми на бизнис Осмели се: Инвестирај во сончева централа