Зошто луѓето купуваат?

Е-пошта Печати PDF
woman-shopping
„Шансите да отиднете до продавница по векна леб, и да се вратите само со купена една векна леб се скоро 3.000.000.000 наспрема 1."
Ерма Бомбек,
колумнист и хумористка

  Една од најважните работи кои еден претприемач треба да ги направи пред да се одлучи да отвори сопствен бизнис, е длабоко да размисли: зошто луѓето би купувале од неговите производи или услуги, или генерално зошто луѓето купуваат?

  Истражувања покажуваат дека луѓето купуваат од различни причини, кои можат да бидат повеќеиндивидуални или повеќе социјални. Но, сите тие можат да бидат поделени во повеќе основни групи на причини:

• за сопствено уживање и лично угодување
• поради желбата да се поседуваат убави нешта
• за да изгледаат подобро и помладо
• за поголема ефикасност на некој процес
• поради заштита на сопственоста
• за олеснување или убрзување на деловното работење
• поради потребата да се биде во чекор со времето
• за изразување љубов и благонаклонетост
• за забава
• поради желбата за поголема информираност и организираност
• за заштеда на време и пари
• поради здравствени причини
• за зголемување на адреналинот и авантуризмот
• за добивање на поголема самопочит
• за да бидат социјално и друштвено прифатени
• за поклонување

  Бидете свесни дека скоро сите купуваат заради некоја лична сатисфакција или желба за постигнување нешто. Многу често, луѓето не го купуваат само вашиот производ или услуга, туку и она што заедно со него, вашиот бизнис им го овозможува.

  Кога еднаш ќе сватите што е тоа што ги поттикнува вашите купувачи на акција, ќе ви бид многу полесно да креирате понуда на која нема да можат да и оддолеат.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Форми на бизнис Зошто луѓето купуваат?