Англискиот град Бристол издаде сопствена валута

Е-пошта Печати PDF

147050997-copy-1-522x293

„Наш град, наши пари“ – официјалното мото на Брситолската Фунта

  Глобалната економска криза произведува најразлични креативни начини за преживување. Еден таков приемер е и англискот град Бристол, кој се обидува да го поттикне локалниот економски развој со воведување на сопствена валута – Бристолската Фунта.

  „Наш град – наши пари„ е мотото на оваа иницијатива, која потекнува од месното население и градските власти на Бристол. Креаторите на оваа идеја велат дека со воведување на новата локална валута, Бристолската Фунта (B£), која може да се замени насекаде низ градот во сооднос 1:1 со официјалната Британска Фунта (£), ќе го потпомогнат локалното производство и ќе ги поттикнат луѓето повеќе да трошат на локални производи и услуги, а со самото тоа, најголемиот дел од потрошените пари остануваат за локалното население.

  - „Со досегашното плаќање преку официјалната фунта, околу 80% од парите завршуваа во интернационални коппании и на меѓународни пазари. Со нашата валута ќе се погрижиме истата сума да заврши кај нашите луѓе“ – вели Киаран Мунди, еден од основачите на валутата.

  Иницијативата започнала со една локална анкета која гласела: Ако градот утре одлучи да воведе сопствена валута, дали би ја користеле таа валута како платежно средство? Над половина од испитаниците дале потврден одговор (57%), што ги поттикнало локалните власти сериозно да размислат за ваквата идеја.

  Досега, над 13.000 граѓани и преку 350 локални бизниси се пријавиле да земат официјално учество во употреба на новата валута, надевајќи се дека поголем дел од „паричниот колач“ овој пат нема да оди надвор од нивните локални граници. Бристол дури се осигурал 17.000 локални службеници да можат дел од своите месечни примања да ги подигнат во новата валута. Дополнително на ова, локалните плаќања можат да се извршуваат и преку интернет, или преку мобилните апликации, што се смета дека ќе поттикне значителен истерес за користење на новите пари од страна на месното население.
Bristol_P

  Но како сето тоа функционира?

  Едноставно. На граѓаните им се доделува новата Брситолска Фунта, која можат да ја заменат во локалната банка „Bristol Credit Union„ во сооднос 1:1 за официјалните Британски Фунти. Потоа граѓаните купуваат во локалните продавници или ги плаќаат локалните услуги на градот во новата валута. Синџирот на бизниси кои ја поддржуваат оваа иницијатаива пак, имаат склучено договори со локалните добавувачи дека ќе користат исклучиво локални производи и услуги. Доколку бизнисите сакаат повторно да ги конвентираат парите во официјалната Британска Фунта и да купат т.н. не-локални производи и услуги, ќе морат да платат 3% повеќе од предвидената сума. На тој начин се заштитува локалната економија.

  - „Овој потег нема за цел да го реши светскиот недостиг на пари, но барем ќе им помогне на граѓаните на Бристол да си ја живнат економијата“, завршува Киаран Мунди.

  Инаку ваквите иницијативи не се сосема непознати. Во 2003г. во германската провинција Баварија се појави алтернативната валута „Chiemgauer“, која исто така се разменуваше во сооднос 1:1 кон Еврото, и за која се верува дека досега направила обрт од приближно 6.2 милиони Евра. Во 2006г. исто така, во САД се појави локалната валута „BerkShare“ во Бекшер, Масачусетс, која се верува дека има направено вкупен обрт од 2.2 милиони УСД.

  Останува да видиме дали локалната Брситолска Фунта, оригинално дизајнирана од бристолските студенти и уметници ќе може да помогне во подобрувањето на стандардот на граѓаните.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Форми на бизнис Англискиот град Бристол издаде сопствена валута