Кризата носи и нови трендови: „економијата на споделување“ зема замав

Е-пошта Печати PDF

bicycle-built-3-people--large-msg-132952587512Овој тренд веќе го следат земјоделци, туристи, возачи, но и големи компании. Се дели се: станови, автомобили, машини... Интернетот ги олеснува споделувањето и размената, а корисници има се повеќе.

  „Имавме дури и поглед на море“, одушевено раскажува Томас Колман. Овој новинар во ДВ досега веќе неколку пати го менувал својот стан во Келн за стан во странство. Четири недели во јужна Италија во приватен стан наместо во стандардна хотелска соба. И сето за само 140 евра, колку што чини членството на порталот homelink.de специјализиран за приватни размени на станови и куќи. Колман со своето семејство на тој начин веќе престојувал во Калифорнија и во Франција.

  Брита Мајер и нејзиниот сопруг делат автомобил со една пријателка.

  „Тоа е едноставно фантастично“, вели Мајер. Таа веќе извесно време ги користела услугите и на професионален посредник за ткн. ’carsharing’ (споделување на автомобили), но вели дека тоа била прескапа опција доколку сакате автомобилот да го задржите и за подолги патувања. Сега нејзината пријателка го вози автомобилот само преку недела, а таа и нејзиниот сопруг го користат за викенд.

  Со размена на станови е поефтино да се прошета светот. Но, трендот го преземаат и компаниите.

  Томас Колман и Брита Мајер веќе одамна не се поединечни случаи. Бидејќи ваквите размени се се почести. Тоа е особено интересно кога станува збор за компании, вели Михаел Кунт, директор на „Институтот за истражување на потрошувачката“.

  „Фирмите често имаат машини кои не ги користат доста често. Зошто тогаш да не ги делат со други и така да ги намалат трошоците?“

  За еден земјоделец купувањето на комбајн е финансиски тешко изводливо, но доколку се здружи со неколку соседни имоти, тогаш се е можно. Статистички погледнато и една „бор-машина“ се користи просечно 13 минути во текот на нејзиниот работен век. Па зошто тогаш сите треба да имаат по една? Конечно, и автомобилите по 23 часа во денот минуваат на паркинг.

  Трендот на делење и размена во Европа стигна од САД и Австралија. Според проценките на Михаел Кунт, во Германија во меѓувреме околу 200 компании ги нудат своите услуги на тоа поле. Секако, сето то би било далеку потешко изводливо без интернетот. На почетокот на 2011 година во Германија имало 190 илјади регистрирани корисници на тие услуги. Во праксата, за тој тренд веќе се вдоми името „shareconomy".

  Но, има и такви кои на трендот не гледаат позитивно. Здружението на хотелиери на Германија соопшти дека се загрижени поради растот на можноста за размена на станови. Директорот на здружението „Маркус Луте“ предупредува дека размената на станови е поврзана и со одредени ризици:

  „Кај голем дел од тие понуди не се почитуваат безбедносните и хигиенските стандарди кои важат за хотелите, мотелите и другите организирани преноќувалишта. Често се случува да нема апарати за гаснење пожар и излези во случај на опасност“. Освен тоа - вели Луте, прашање е дали тие услуги се оданочуваат?

  Без оглед на забелешките, на следниот саем на информатичка технологија „CeBit 2013“ главна тема ќе биде токму „shareconomy". Со интернетот би требало да биде уште поедноставно- тоа е основната идеја на организаторите на саемот.

  Бројот на оние кои сакаат да делат и да разменуваат е се поголем, но целата идеја е се уште во самиот зачеток.

*Оригиналниот текст е превземен од: DW, 3ти декември, 2012г. Автор/и: Тобиас Елмајер/Борис Георгиевски

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Форми на бизнис Кризата носи и нови трендови: „економијата на споделување“ зема замав