Основање

Сакав да произведувам, да вработувам и успеав во тоа!

Е-пошта Печати PDF

0579007.48Помеѓу новинарите беше позната како новинарка, која што известуваше од хрватскиот парламент, но одеднаш во медиумите се појави како готвар. Младенка Шариќ се одлучи да направи голем пресврт во својот живот – заситена од новинарската работа отвори сопствен бизнис и со помош на кредити започна производство на традиционални далматински торти и слатки.  

Со новинарската работа се занимаваше уште од своите студентски денови. Оние кој што работеа со неа, ја познаваа како новинар кој што ги следеше случувањата во хрватскиот парламент и во хрватската влада, а тогаш наеднаш се појави со готвачката лажица во своите раце. Од новинар кој што работење во „Вечерњи лист“ се преориентира како слаткар.

„Осетив заситување, некако не ми се милеше да работам како новинар во дневен весник, а со тоа се поклопи и фазата на преструктуирање на компанијата каде што работев. И така по 24 години на работење како новинар, одлучив да ја напуштам работата“, изјави Младенка, додавајќи да со отворањето на новиот бизнис, се реши со собраното незадоволство. Едно време размислував со што да почнам да се занимавам и решив да се вратам кон своите корени – заборавени далматински торти и слатки.

„Кога работите долго време во некоја дејност, тогаш понекогаш помислувате дека ништо друго освен тоа, не знаете да работите. Долго време се прашував со што би можела да се занимавам,  во што сум уште добра освен како новинар и се сетив дека знам да изготвувам торти и слатки, но оние традиционални далматински слатки, кој што се заборавени и кој што не можат да се најдат на хрватскиот пазар.“, вели Младенка, која што потекнува од Далмација.

За да ја реализира својата идеја, таа требаше да има одреден проект и се подразбира дека требаше да има одредена сума на пари. Се одлучи да земи кредит од кредитната линија на HBOR под име претприемач почетник, со 30% на сопствено учество и со камата од 4% на годишен ниво и почек од 2 години. Овие две години му овозможија на Младенка да го насочи својот бизнис во вистинска насока. Денес таа поседува производен простор од 150 метри квадратни, а наскоро ќе отвори и слаткарница.

„ Соработував со голем број на колеги, кој што беа упатени во тоа што работам, и тие самите почнаа да зборуваат на другите со што почнав да се занимавам. Добриот глас се прошири, а општо е познато дека најдобрата реклама е препорака на задоволните купувачи.“. Но Младенка се уште не го има напуштено новинарството, пишува колумни за еден интернет портал и дневен весник, има своја ТВ емисија, одржува семинари.... Но пред се таа е претприемач и тоа успешен претприемач!

Извор: danas.net.hr

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 29 Ноември 2012 09:27 )
 

Најчудните вложувања на кинеските богаташи

Е-пошта Печати PDF

clip image001Кога веќе е јасно дека светската криза зема се поголем замав, во вода паѓаат и традиционалните начини на инвестирање во класичните бизниси, како на пример недвижнините. Но, на тој предизвик кинеските богаташи одлучуваат да му излезат во пресрет со вложување во необични производи и услуги, притоа создавајќи нови т.н. „инвестициски меури“.

  Според пишувањето на Бизнис Инсајдер (Business Insider), една од најомилените инвестициски вложувања на кинезите се – оревите! Имено, само пред десет години едно вакво дрво на пазарот вредеше околу 55 долари, а денес за него во Кина можете да добиете над 1.000 американски долари. Иако постои огромна опасност преголемата побаруваќка да доведе до пренатрупаност на и драматичен пад на овој пазар, кинеската Влада сепак не е толку засегната, затоа што по неа не постои некаква „посериозна политичка опасност“, па премолчено го толерира ваквото однесување на кинеските бизнисмени.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

’Тетката’ која ја измисли Википедија - не заработила ниту денар од тоа

Е-пошта Печати PDF
wikipedipian-michaelanglo
„Првата работа на која треба да биде спремен секој напреден и цивилизиран човек, е таа секогаш да биде подготвен да ја ревидира постоечката енциклопедија.“

Умберто Еко,
италијански писател

  Најпознатата електронска енциклопедија на светот се вика Википедија, а жената која ја измислила од тоа не заработува ни денар – таа дење е мајка и домаќинка, а ноќе, по Интернет ги насочува информациите пристигнати од цел свет.

  Во француската област Клермон-Феран, во селото Малинтрат живее 39-годишната Флоренс Нибар-Девуар, претседателка на „Фондацијата Викимедија“, основач на најголемата и најпосетената електронска енциклопедија на светот, која денес може да се листа на 125 светски јазици. За тоа е заслужна токму г-ѓата Флоренс, мајка на 3 мали деца, инженер-агроном со специјализација од генетика и биотехнологија, која по 10 часа дневно ја работи оваа необична работа, без никаква заработка.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Start-Up Маратон!!!!

Е-пошта Печати PDF

Можеби во моментов размислувате за започнување на сопствен бизнис. Имајте на ум, дека сопствениот бизнис бара издржливост на „маратонец“! И веднаш штом ќе започнете кариера како претприемач, имајте на ум дека ќе се соочите со континуран „прилив“ на проблеми кои треба да се решат и прашања кои треба да се одговорат.

За сите идни претприемачи, во прилог е даден и илустративен приказ, кој отсликува дел од конфликтитните мисли со кои еден претприемач се соочува. Често, претприемачите се соочуваат со бројни дилеми за тоа која е вистинската насока по која треба да се „тргне“. Успешните претприемачи знаат дека да се расте, мора да се донесе одлука на еден или друг начин. Голем дел од одлуките се и грешни. Но тоа е патот, кој секој претприемач мора да го измине.

Истражувањето на Kauffman фондацијата, говори дека 40% од почетните бизниси згаснуваат во првата година на нивното постоење. Но од друга страна 4 од 5 претприемачи се сигурни во својата идеа и несебично се вложуваат во „борбата“ својата идеа да ја претворат во успешен бизнис. Поголемиот дел од нив успеваат во своите намери!!!

Дали можеби и вие сте еден од тие 4-ца? Дали поседувате сопствен бизнис?

Споделети ги со Нас, своите ставови и мислења! 
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Справување со проблемите во партнерствата

Е-пошта Печати PDF
prtneship
„Не се плашам кога партнерството е базирано врз еднаквост.“

Есколус,
антички писател на трагедии
 
   Многу често сме сведоци на бизнис партнерства кои едноставно не функционираат. Најчести причини за основање на партнерствата се потребата од дополнителни финансиски средства или комбинирањето на знаењето, искуството и ресурсите што двете страни ги имаат со цел да се постигне т.н. синергиски ефект, според кој резултатите што двете страни би ги постигнале доколку работат заедно би биле многу подобри во споредба со резултатите постигнати доколку двете страни работат самостојно. Честа причина за влегување во партнерство е и неспособноста или стравот кај претприемачите за преземање на целосна одговорност при водењето на сопствен бизнис. Изборот на добар партнер ќе го објасниме во некоја друга прилика, а во овој момент ќе се фокусираме на решавање на проблемите со кои се соочуваат партнерствата.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 1 од 5

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Основање Бизнис