Справување со проблемите во партнерствата

Е-пошта Печати PDF
prtneship
„Не се плашам кога партнерството е базирано врз еднаквост.“

Есколус,
антички писател на трагедии
 
   Многу често сме сведоци на бизнис партнерства кои едноставно не функционираат. Најчести причини за основање на партнерствата се потребата од дополнителни финансиски средства или комбинирањето на знаењето, искуството и ресурсите што двете страни ги имаат со цел да се постигне т.н. синергиски ефект, според кој резултатите што двете страни би ги постигнале доколку работат заедно би биле многу подобри во споредба со резултатите постигнати доколку двете страни работат самостојно. Честа причина за влегување во партнерство е и неспособноста или стравот кај претприемачите за преземање на целосна одговорност при водењето на сопствен бизнис. Изборот на добар партнер ќе го објасниме во некоја друга прилика, а во овој момент ќе се фокусираме на решавање на проблемите со кои се соочуваат партнерствата.

  Позитивен одговор на било кое од следниве пет прашања е знак дека е време да превземете одредени мерки за подобра контрола на вашиот удел во бизнисот:
  • Дали чувствувате дека работите повеќе споредено со вашиот удел во партнерството?
  • Дали сметате дека вашиот партнер го загубил интересот во бизнисот?
  • Дали сметате дека постојано се зголемува бројот на несогласувања со вашиот партнер?
  • Дали сметате дека извесни промени во животот на вашиот партнер (стапување во брак, преселба во друг град, нова функција, смрт на блиска личност и сл.) значително ќе ја намалат неговата посветеност кон бизнисот?
  • Дали вашата визија за бизнисот е различна од визијата на вашиот партнер?
1. Ревидирајте го договорот за партнерство

  Партнерството може правно да биде оформено како партнерство или како корпорација. И во двата случаја вие сте дел од легален ентитет во кои двете страни имаат свои права и обврски. Пред да започнете со планови за измена на договорот, консултирајте се со вашиот адвокат околу ограничувањата кои ви се наметнати со договорот. Добро е да се знаат ограничувањата пред да се почне со планирањето. По консултациите со адвокатот ревидирајте ја листата на улоги и обврски со цел да утврдите дали навистина извршувате работи надвор од вашиот делокруг на активности. Коригирајте ги сите работи кои не се совпаѓаат со реалноста и додадете нови обврски за вас или вашиот партнер доколку сметате дека на тој начин би се надминало чувството на преангажираност во споредба со вашиот партнер.

2. Одлучете што точно сакате да постигнете преку вашиот бизнис

  Некогаш не е толку важно што вашиот партнер бара од партнерството, туку дали партнерот ќе ви помогне да ги реализирате своите планови кои вие не би можеле да ги остварите сами. Партнерот има сопствен интерес, но неговиот интерес не треба да ве преокупира. Во овој момент, партнерот има улога на некој што ќе ви помогне да ги остварите вашите интереси. Не смеете да се преокупирате со интересите на вашиот партнер, се додека неговите интереси се дел од законската регулатива. Не дозволувајте нерегуларности и криминал, но во исто време не се преокупирајте со туѓите интереси.

3. Направете план за остварување на вашите цели

   Потребно е да направите план за начинот на кој е ги остварите вашите бизнис цели и бидете спремни во секој момент да му го презентирате овој план на вашиот партнер. Вашиот план може да биде и напуштање на партнерството и индивидуален настап на пазарот или целосно напуштање на бизнисот. Во тој случај потребно е да ги наведете и причините поради кои се одлучувате на ваков чекор. Најчесто луѓето влегуваат во партнерство како пријатели и излегуваат како непријатели. Успешните менаџери не прават такви грешки. Всушност, на сите треба да ни биде јасно дека секој кој влегува во партнерство си има свои интереси. Во деловниот свет нема солидарност. Никој нема да влезе во партнерство со вас, доколку не гледа ниеден начин на кој би можел да ве искористи. Затоа бидете свесни дека личниот интерес секогаш ќе преовладува над заедничкиот, па затоа нема потреба од тензии и непријателски чекори. Влезете во партнерство како пријател и излезете како уште подобар пријател. Доколку наведете оправдани и економско-исплатливи причини за истапување од партнерството, тогаш никој нема да ви се налути. Можеби во иднина повторно ќе имате интерес за воспоставување на партнерство со истите луѓе.

4. Секогаш во распоредот оставете време за деловен разговор со партнерот

  Партнерството не е само прибирање на дополнителни средства за финансирање или искористување на машините на вашиот партнер. Вашите партнери се одличен извор на нови идеи. Заедничкото искуство лесно може да генерира нови решенија за потребите на вашите клиенти. Покрај ова, честите средби и разговори со партнерите ќе ви дадат значаен фидбек за досегашната работа. Бидете спремни на задоволни, но и на незадоволни партнери. Наведете ги и вашите проблеми и бидете слободни во искажувањето на незадоволство од тоа како се движат работите. Проблемите се решаваат со интелигентни разговори за причините кои ги предизвикале и начините на кои истите можат да се пребродат.

 5. Бидете спремни за истапување од партнерството

   Доколку очекувањата не се исполниле, доколку вие ги извршувате сите обврски, а вашиот партнер е несериозен, тогаш мора да бидете спремни за промена на вашиот бизнис статус. Во овој случај имате повеќе опции. Можете истовремено да истапите од партнерството и од бизнисот, да му го продадете вашиот удел на сегашниот партнер или да го купите неговиот удел и самостојно да продолжите со работа. Во секој случај, кога веќе сте решиле да излезете од партнерството, за вашата одлука навреме известете го вашиот партнер. Оставете му и нему време да размисли за иднината на својот бизнис.

* Оригиналниот текст е превземен од: seebiz.net.mk

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Основање Бизнис Справување со проблемите во партнерствата