’Тетката’ која ја измисли Википедија - не заработила ниту денар од тоа

Е-пошта Печати PDF
wikipedipian-michaelanglo
„Првата работа на која треба да биде спремен секој напреден и цивилизиран човек, е таа секогаш да биде подготвен да ја ревидира постоечката енциклопедија.“

Умберто Еко,
италијански писател

  Најпознатата електронска енциклопедија на светот се вика Википедија, а жената која ја измислила од тоа не заработува ни денар – таа дење е мајка и домаќинка, а ноќе, по Интернет ги насочува информациите пристигнати од цел свет.

  Во француската област Клермон-Феран, во селото Малинтрат живее 39-годишната Флоренс Нибар-Девуар, претседателка на „Фондацијата Викимедија“, основач на најголемата и најпосетената електронска енциклопедија на светот, која денес може да се листа на 125 светски јазици. За тоа е заслужна токму г-ѓата Флоренс, мајка на 3 мали деца, инженер-агроном со специјализација од генетика и биотехнологија, која по 10 часа дневно ја работи оваа необична работа, без никаква заработка.

  Проектот „Вики" го открила пред 5 години и целосно му се посветила: прво како обичен соработник, а денес веќе како претседател. Сите што работат на овој успешен проект се волонтери. Уште во 2002г. еден нејзин пријател од „Гринпис“ и го пратил првиот линк (во кој ја објаснил идејата и неговиот концепт за проектот), а Флоренс била одушевена од можноста да се создаде неутрален простор на ’глобалната мрежа’ кој ќе биде достапен на сите, а преку која, секој ќе може своите познавања и знаења од одрдена област да ги подели со другите, и тоа потполно бесплатно.

   Инаку, Википедија е настаната во САД, и првично била наменета за англиското говорно подрачје. Потоа се појавила и на француски, германски, италијански, шпански, и јапонски јазик... така што, денес познатата Википедија е достапна на дури 125 светски јазици, и секој може да го пронајде она што го интересира на многу едноставен начин.

800px-Anthere_mg_2756-b
„Ние, ’википедијанците’, мислиме дека луѓето можат едни со други да се научат на многу работи: да разговараат, да се почитуваат и во буквална смисла да се образуваат едни со други. Нашите написи секогаш се плод на повеќекратна проверка на нашите уредници од целиот свет бидејќи никако не сакаме да се појави некоја грешка ниту пак некоја земја или појава да бидат лошо протолкувани"- вели г-ѓа Флоренс.

  Викимедија, фирмата која управува со Википедија регрутирала група доброволци. Со остварената заработка ги плаќаат луѓето кои го развиваат софтверот, како и оние кои им помагаат на корисниците.

  Г-ѓа Девуар вели дека до неодамна, работела како советник во едно земјоделско претпријатие, но фирмата е затворена и сега е целосно посветена на семејството и Википедија. Таа вели дека не знае со што ќе се занимава во иднина бидејќи оваа работа и открила многу нови патишта и неочекувани можности. За сурферите на Интернет, Википедија е вистински симбол на слободен пристап до податоци. Целта на нејзините основачи е знаењата и податоци да стигнат во секое катче на планетата, а за тоа никој ништо да не мора да плати.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Основање Бизнис ’Тетката’ која ја измисли Википедија - не заработила ниту денар од тоа