Најчудните вложувања на кинеските богаташи

Е-пошта Печати PDF

clip image001Кога веќе е јасно дека светската криза зема се поголем замав, во вода паѓаат и традиционалните начини на инвестирање во класичните бизниси, како на пример недвижнините. Но, на тој предизвик кинеските богаташи одлучуваат да му излезат во пресрет со вложување во необични производи и услуги, притоа создавајќи нови т.н. „инвестициски меури“.

  Според пишувањето на Бизнис Инсајдер (Business Insider), една од најомилените инвестициски вложувања на кинезите се – оревите! Имено, само пред десет години едно вакво дрво на пазарот вредеше околу 55 долари, а денес за него во Кина можете да добиете над 1.000 американски долари. Иако постои огромна опасност преголемата побаруваќка да доведе до пренатрупаност на и драматичен пад на овој пазар, кинеската Влада сепак не е толку засегната, затоа што по неа не постои некаква „посериозна политичка опасност“, па премолчено го толерира ваквото однесување на кинеските бизнисмени.

  Друг интересен тренд кај кинеските богаташи е вложувањето во трки со гулаби. Се чини дека во последно време овој „спорт“ сема се поголем замав во високите кинески кругови на престиж и доминација. Се верува дека најдобрите гулаби за трка доаѓаат од Европа, поточно од Белгија, па не е ни чудно што често се одврува кесето за ваквата „Лига на шампиони“.

  Цената на жадот (еден вид скапоцен минерал) исто така доживува свое „златно доба“. Моментално во Кина, еден грам на овој минерал достигнува поголема вредност од еден грам на чисто злато. Но, знаејќи дека голем дел од парите заработени на криминален и нелегален начин доста често се „перат“ со вложувања во жад, овој пазар полека но сигурно успорува во својост раст.

  Иако не се познати како големи консументи на вино (всушност, за виното скоро и да немаат никакви познавања), богатите кинези просто обажуваат да купуваат скапи и познати вина. Па така, од увозно-ориентирани, кинезите решиле да станат извозници на квалитетни вина, и за таа цел се охрабриле да инвестираат во сопствени виногради. Дури оформиле и сопствен фонд за вложување во добри вина, чија цел е да произведува, но и да купува исклучиво висококвалитетни вина.

  Кинезите вложуваат и во поштенски марки. На овие пазари најдобро котираат поштенските марки од времето на „Културната револуција“, а минатата година на една таква аукција во Хонг Конг 4 ретки поштенски маркички беа продадени за неверојатни 1,1 милиони долари.

  И да, богаташите од кина вложуваат и во стари чаеви. За 245 грама на еден вид на стар чај, чија старост е проценета на 100-тина години, можете да добиете цена од дури 25.000 долари. Исто така, ако сте одгледувач на чај, кој своите растенија ги одгледува со помош на измет од панидин (вид глодар), чајот од 50г. можете да го продадете за дури 3.500 американски долари.

  Златните и сребрените „традиционални кинески колачи“ се исто така голем хит. Еден грам злато преточен во облик на стар кинески мал колач може да достигне вредност и до 3.350 долари. За споредба, еден грам злато во Македонија може да го продадете за 1.500 до 2.000 денари.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Основање Бизнис Најчудните вложувања на кинеските богаташи