Алтернативно финансирање на бизнисот

Е-пошта Печати PDF

resellingVoIP1„Парите можат да те направат имашен, но само пријателите можат да те направат богат.“

Непознат автор

Кога си претприемач постојат три алтернативни начини на финансирање на бизнисот:

  • Со туѓи пари
  • Со туѓи муштерии
  • Со туѓи производи/услуги

Гого Рафајловски во својот напис цитира „За да сакаш да бидеш претприемач, треба и да сакаш да бидеш сиромашен како претприемач!“. Ова е навистина така бидејќи и најголемите компании почнале во „гаража“.

Секој претприемач го почнува својот сон на ист начин, без пари, многу ентузијазам и верба во својот производ и услуга. Одтука трите алтернативни начини на финансирање на бизнисот се доста интересни, посебно во прилики кога навистина се ограничени изворите на финанирање на нови бизниси. Делот финансирање со средства од други луѓе, беше опфатен во претходно споменатиот напис, па затоа ќе е фокусирам на останатите два:

Финансирање на бизнис со туѓи клиенти

Колку и да звучи чудно и нападно, финансирањето на бизнисот со превземање на туѓи клиенти е сосема нормална и легитимна работа. Тука не станува збор на директно превземање на клиентите од вашите конкуренти (иако и тоа е легитимен дел на бизнисот) туку повеќе позајмување на клиентите од некој сроден бизнис.

Да земеме на пример дека отварате козметички и спа салон. Вашите муштерии се претжно жени на возраст од 20 - 35 години активни во животот. Хм... иста ваква група н муштерии имаат и локалните фризерски салони. Затоа може да одите да разговарате со сопствениците/менаџерите на овие салони да договорите соработка со тоа што ќе им ветите или процент остварена продажба со клиенти кои дошле по препорака на салонот или пак бесплатен третман :) (посебно на менаџерите).

Можете да направете  „листа на чекање со попуст од 50% за првите 100 муштерии“ со што ќе оставите купони кај фризерките салони, каде што ќе се продаваат истите во период од неколку недели, и можат да се користат по определен период (тие неколку недели). Листата на чекање се пополнува од страна на фризерските салони, бидејќи тие ќе добијат определен процент од продажбата. Да речеме вака: ако пакет услугата од 2000 денари се продава на 1000 денари, во рок од еден месец ако ги продадете сите пакети, ќе имате почетна инвестиција од 100.000 денари (намалени за проценотот за фризерските салони) што во некој случај може да биде пресудна за почетен бизнис.

Сега со социјалните мрежи (facebook.com, twitter.com) можат на многу начини да се организира претпродажба и да се привлечат повеќе корисници. Исто така можете да го искористите и моделот на групни попусти (колективно купување) кои можат да ви обезбедат продажба на повеќе услуги и производи.

Се разбира цените мора да се реални за да самите корисници се одлучат да купат на препораката на фризерскиот салон пакет на вашата услуга. И се разбира услугата мора да биде екстра за да го задржите веќе добиениот клиент.

Со производи овој начин е уште полесен, треба само да направите листа/договори на клиенти ко ќе се обврзат да платат дел од производот. Секако и тука може да употребите различни имагинативни начинни на убедување :)

Финансирање со „позајмени“ услуги и производи

Верувале или не, и ова функционира. Во најголем дел од пазарното општество се продава „бренд“, а се помалку производ или услуга. Од тука, може да креирате одличен бренд, да го испромовирате (постојат лесни и ефтини начини да го направите тоа) и да почнете продажба без да инвестирате денар во произвоство. Креирајте желба, направете limited edition :)

Вакво нешто направија претприемачи од Хрватска (инаку живеат во Франција) кои преку својот сајт продадоа 1000 парчиња фармерки со „посебни џебови во кои се сместува iPhone“. Нормално, тие ниту инвестираа во фабтика за фармерки, ниту пак мораа цело време да го продаваат истиот производ. Од целата инвестиција излегоа многу бргу, поле продажбата на тие 1000 фармерки, бидеќи плаќањето преку PayPal излезе многу лошо решение во однос на враќање на средства за клиенти кои не ја добиле својата нарачка, но тоа е друга приказна.

Едноставно договарате со некоја компанија која продава производи/производи кои се со добар или најмалку просечен квалитет при производство да го стави вашиот бренд кој е веќе промовиран. Луѓето многупати имаат желба да купат нешто што е ново, за повеќе пари, а потоа и ќе креираат навика да го користат и понатаму.

Финансирањето со туѓи услуги/производи има една многу добра страна што се вика одложено плаќање. Задолжително договорете го овој термин, и барајте да бие малку подолг од периодот кога ќе може да продадете најголем дел од производите. На овој начин вашите добавувачи ќе го финансираат вашиот бизнис, а вие нема да имате проблем со обртните средства.

И на крај експериментирајте... не мора секој бизнис да се почне со пари... како што викаат во еден познат филм: "Nije sve u novcu, ima nešto i u lovi".

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 15 Април 2011 07:46 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8025
61.1875
USD
52.3484
51.8275
GBP
70.0311
69.3343
CHF
52.963
52.436
SEK
6.2061
6.1444
NOK
6.3175
6.2546
JPY
0.4666
0.462
DKK
8.302
8.2194
CAD
41.0103
40.6022
AUD
40.1784
39.7787
Превземено на 18.12.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Почетно финасирање Алтернативно финансирање на бизнисот