Пријатељи, браќо, кумови....

Е-пошта Печати PDF


images„Neither a borrower nor a lender be;

For loan of loses both itself and friend...„

 

Лорд Полониус (Lord Polonius), лик во „Хамлет„ од Вилијам Шекспир

Еден од најчестите извори на финансирање на почетните бизниси се пријателите и роднината. Колку пати имате слушнато или сте самите сведок дека роднините и пријателите им позајмувале пари на своите пријатели и/или роднини за да го започнат својот бизнис. Овој вид на финансирање на почетните бизниси има свои лоши но и добри страни. Голем број на ваков вид на финансирање се заврши со „happy end„ но има и голем број на случки каде ваков вид на финансирање се заврши со караници, прекинување на пријателски, роднински и кумовски врски.

Па да видиме какви се карактеристики на ваков вид на финансирање, поточно да го објасниме со банкарски термини.

Основните услови за финансирање

Тука на прво место се ставаат Вашите моралните квалитети. Потоа од каква фамилија сте, какви Ви се родителите, децата, жената...Не дај Боже да имате пијаница во најблиска фамилија или нешто слично. Или Вие сте добри но имате лоши другари.

Вредност на позајмицата

Не очекувајте големи суми. Обично се движат помеѓу 500-5000 евра. И Вие самите не инсистирајте на големи суми. Обично од се позајмува од повеќе пријатели или роднини помала сума, за да се комплетира финансиската конструкција.

Каматната стапка

Најголема предност на ваков вид на финансирање, е тоа да нема каматна стапка. Но тоа не значи дека нема да платите одреден вид на надомест на користење на позајмицата. Еве на еден пример да објасниме како функционира тој надомест. Пријателите/роднината ви позајми пари да отворите пекара. Одлично нема камата, но еднаш во неделата во пекарата ќе ви се појави пријателот/роднината да пазари кај Вас. Е сега како да му наплатите за еден бурек или ѓеврек? Тој Ви има поможено да ја отворите фирмата. Економски логично е да му наплатите, но од друга страна тој е човекот кој Ви има помогнато кога Ви беше најтешко и најпотребно.

Период на враќање

Кај ваков вид на финансирање обично ќе го слушнете зборот:„Кога ќе имаш ќе вратиш„ или сличен збор: „Кога ќе станеш на нозе ќе вратиш„. Но можи бизнисот нема ди Ви успее и можи не ќе станете на нозе. Е тогаш доаѓа до следни сценарија:

  • Ме измами
  • Ме излажа
  • Неспособен не го бива за бизнис а бара пари..итн.

Ретко когаш постои разбирање за потенцијалниот неуспех. Затоа гледајте да кога ќе позајмите пари од Вашите пријатели или роднини да работите не 100% веќе 200% за да позајмените средства ги вратите во најбрз можен период.

Обезбедување

За разлика од комерцијалните кредити каде Ви бараат и хипотека и меници и жиранти, Вие како личност гарантирате за позајмените средства. Сите Ваши морални квалитети, Вашата репутација, Вашата најблиска фамилија се гарант дека ќе го вратите кредитот.

Да резимираме.

Ваков вид на позајмица, за разлика од комерцијалниот кредит има многу погодности.

  • Непостоење на камата
  • Непостоење на хипотека, меници, жиранти (во голем број на случаеви)
  • Флексибилен период на враќање на кредитот

Но, за разлика од овие погодности, Вие во случај на да не го вратите  кредитот, во ризик сте да ги прекините роднинските и пријателските врски, го рушите Вашиот имиџ и имиџот на Вашата фамилија.

Среќно!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 17 Мај 2011 09:55 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8025
61.1875
USD
52.3484
51.8275
GBP
70.0311
69.3343
CHF
52.963
52.436
SEK
6.2061
6.1444
NOK
6.3175
6.2546
JPY
0.4666
0.462
DKK
8.302
8.2194
CAD
41.0103
40.6022
AUD
40.1784
39.7787
Превземено на 18.12.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Почетно финасирање Пријатељи, браќо, кумови....