Дали вреди задолжувањето кај лихвари?!

Е-пошта Печати PDF

The-Money-Lenders-4

„Луѓето неможат да живет позајмувајќи си пари меѓусебно.“

Џон Рускин,
филантропист и социјален критичар

  Лихварството као појава во нашите краишта е раширано во текот на 90-тите години, во времето кога условите за добивање на легален кредит от тогашните банки беа релно строги, и за многу обични граѓани – скоро невозможни. Во тој период се создава специфичната финансика елита, која има можност да им позајмува пари не само на обичните граѓани, туки и на малите и средни бизниси, најчесто со астрономска каматна стапка.

  Можеби оваа тема денес воопшто немаше да биде застапена во форма на овој текст, ако не постоеше т.н. ’глобална економска криза’, што практично овозможи овој феномен на нелегално задолжување да има свој кам-бек.

  Од друга страна, често се среќаваме со луѓе кои во ваков период од животот размислуваат или одчучуваат да се задолжат кај лихвари. Причините секогаш се индивидуални и во голема мерка различни, но ова се најчестите примери:

  • „Нема врска што се задолжувам, и така планирам за брзо да го вратам долгот, вака или онака.“
  • „Наскоро очекувам поголема сума на пари, па ова задолжување воопшто нема да е проблем.“
  • „Позајмицата ќе ја вложам во бизнис, па од профитот ќе ги вратам парите.“
  • „Толку многу сум задолжен по разни банки, што веќе ми е страв/страм нон-стоп да ме бараат за наплата, и затоа ќе се задолжам кај лихвари – па нека биде што биде.“

  Ако ваквите причини ви се гледаат уверливи, еве неколку добронамерни совети:

  • Ако планирате толку брзо да го вратите долгот – тогаш зошто дополнително да се задолжувате?! Што ако нешто тргне на лошо? Тогаш нема само да ви се заканува судско извршување, туку и директна закана за физичко насилство, не само вам, туку и на вашите најблиски. Не заборавајте дека каматите кај лихварите по правило се движат некаде помеѓу 5% - 15% месечно!
  • Ако наскоро очекувате поголема сума на пари – воздржете се. Само во случај на смрт човек не може да одложи задолжување, се друго може да причека. Едноставно продолжете да живеете како што сте живееле и до сега, барем за кратко.
  • Каматите кај лихварите се движат помеѓу 36% – 180% годишно, така што се уште не постои легален бизнис со кој човек би можел да се збогати толку во рок од една година. Кога таков бизнис би постоел, некој сигурно веќе би го работел тоа пред вас. Освен тоа, ако бизнис-идејата ви е толку добра – сигурно веднаш ќе најдете некој инвеститор кој легално би ги вложил своите пари кај вас.
  • Генерално, многу е полошо да се биде должен кај лихварите отколку во банка. Во најлош случај, банката ќе ви заплени дел од вашиот имот, а лихварите секогаш ќе го запленуваат целиот ваш имот до кој ќе успеат да се дограбат, и згора на тоа можат да ви нанесат и тешки физички или психолошки повреди, како вам така и на оние за кои се грижите.
  Како најдобронамерен совет би ви препорачале: скоро во ниедна здравозарумска ситуација не би требало да се задолжувате кај лихвари! Ако имате финансиски потешкотии, подобро е да поразговарате најпрвин со поширокото семејство, пријателите, познаниците, па и со финансиски советници и професионалци. Перспективата на проблемите може да се смени, ако се набљудува со очите на поблиските луѓе.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Почетно финасирање Дали вреди задолжувањето кај лихвари?!