Правилно користење на заеми

Е-пошта Печати PDF

balancing-act-elephant

„Ниту еден кредит не е ни приближно вреден колку готовите пари.“  

Едгар Ватсон Хов,
уредник на весник

  Прашањето за многу сопственици на мал бизнис е: Колкав долг, е преголем долг? Одговорот на ова прашање ќе го пронајдеш  во внимателна анализа на твојот готовински тек и специфичните потреби на твојот бизнис и твојата стопанска гранка. Советите подолу ќе ти помогнат да анализираш дали влегувањето во долгови е добра идеја за твојата фирма.

  • Проучи ги своите причини за позајмување

  Има бројни сценарија за тоа кога е добро да се задолжиш. Во принцип, долгот може да биде добра идеја ако треба да го подобриш или заштитиш својот готовински тек, или ако треба да финансираш развој и експанзија. Во овие случаи, цената на заемот може да биде помала отколку цената на финансирање на овие потези преку тековен приход. Некои вообичаени причини за барање заем вклучуваат:

Работен капитал- кога сакаш да ја зголемиш работната сила во твојата фирма, или да ги подобриш инвентарот.

Проширување на нови пазари- кога фирми доаѓаат на нови пазари, тие често се среќаваат со подолг циклус на наплата или треба да понудат поповолни услови за новите купувачи: позајмените средства ќе помогнат да се преброди овој период.

Капитални набавки-  можеби ќе треба да финансираш нова опрема со цел да го придвижиш твојот бизнис кон нови пазари и да ја прошириш својата производна линија.

Подобрување на твојот готовински тек- ако имаш помалку од 10 години од долгорочен долг, рефинансирањето ќе го подобри твојот готовински тек.

Градење на кредитна историја или однос со заемодавач- ако не си позајмувал порано, земање заем може да ти помогне во развојот на добра историја и може да ти помогне да добиеш финансирање во иднина.

  • Планирај ефикасно

  Пред да земеш заем или какво и да е дебитно финансирање, треба да посветиш време на планирање на своите најголеми/капитални потреби. Најлошото време за земање заем е кога си во криза. Ненадејно губење на трговски кредит, неможност да се покрие платниот список, или друга итна ситуација може да те натера да земеш кредит веднаш, а тоа може да резултира во многу неповолни услови. Ако направиш план, тоа ќе ти овозможи да ги задоволиш твоите потреби за готовински прилив, и ќе ти овозможи да испланираш што ти треба и кога ти треба. Ова ќе ти овозможи повеќе време да ги проучиш сите извори за финансирање и да преговараш за најдобри услови. Ваков план ќе се состои од целосен преглед на твојата билансна состојба и ќе ти помогне да го анализираш готовинскиот прилив, активата и обврските. Можеби ќе сакаш да подготвиш изјава про- форма, што претставува баланс за следните 1- 3 години.

  •   Проучи го краткорочниот наспроти долгорочниот долг

  Исто како што треба да бидеш сигурен дека земаш заем поради вистински причини, така треба да бидеш сигурен дека го земаш вистинскиот заем. На пример, ако земеш краткорочен долг а потребен е долгорочен, тоа може да ти создаде финансиски проблеми, затоа што може да те принуди на непотребни мерки (како што е продажба на дел од бизнис) за да го покриеш.

  Во принцип, користи краткорочен долг за краткорочни потреби. Ова ќе ти помогне да избегнеш трошок за повисока камата и ограничени услови за долгорочни заеми. На пример, ако имаш привремена рапидна зголемена продажба- како што е таа кога има зголемени сезонски побарувања- тогаш треба да размислиш за краткорочен заем. Ако развојот продолжи за подолг временски период, погледај ги опциите за подолг период, како што е поголема основа за кредит заради продажба, парични побарувања, или залихи. Периодот на твојот долг нема да има влијание на твојот коефициент на задолженост. Како и да е, ќе има промени во индикаторите на ликвидност  како што е твојот тековен коефициент, затоа што тековните обврски вклучуваат само долг кој мора да биде отплатен во текот на една година, а не долгови кои треба да се отплатат подоцна. На тој начин, долгорочните заеми позитивно ќе влијаат на твојот коефициент на ликвидност.

  • Засновај го новиот долг на тековни потреби

  Кога каматните стапки се ниски и парите лесно се добиваат, можеби ќе паднеш во искушение да купиш опрема или да направиш капитални набавки. Ако е тоа случајот со твојот бизнис, засновај ја твојата одлука само на тековните потреби. Можноста за зголемување на цените не е причина за да потрошиш повеќе пари отколку што е потребно. На пример, ако на твојот бизнис му треба дополнителна компјутерска опрема, можеби ќе ти треба заем за да ја купиш. Но, да купиш повеќе компјутери затоа што следната година ќе поскапат, не е доволно добро оправдување. На крајот ќе ти остане опрема што не ти треба и долгови кои мора да ги отплаќаш.

*Опигиналниот текст е превземен од: ©American Express Company, 2004

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Почетно финасирање Правилно користење на заеми