Финансирање преку група (crowd funding)

Е-пошта Печати PDF

Crowdfunding-Ignite-600

„Ајде да се ослободиме од банките и да изградиме модерен финансиски систем.“

Раинер Ленз
Проф. д-р по финансиски ситеми на Универзитетот во Биефилд

  Финансирањето преку група на луѓе, или популарно нареченото crowd funding (или ’crowdfunding’), во денешно време претставува еден нов и интересен начин на собирање на средства за одредена намена.

  Концептот на ваквото финансирање на идеи се заснова на моделот на поголема група на луѓе, која со издвојување на сопствени средства формира своевидна колективна заедница, која подоцна истите средства ги вложува во реализацијата на некоја идеја, замисла, проект, поддршка на уметник, спортсист, политичка опција, научен проект или поддршка на некој бизнис. И во последно време, оваа пракса најчесто се одвива преку интернет.

  Овој начин на финансирање на бизнисот пред се, е релативно полесен и изнудува помал напор, затоа што дозволува носителот на идејата едноставно да се обрати до поширокиот аудиторим за добивање на средствата што му се потребни, и притоа да ги заобиколи формалностите при аплицирањето во банки, кај инвеститори или други институции.

  Воедно, ова е многу добар начин за проверка на идејата: ако пошироката заедница ве поддржува – тогаш и да не соберете доволно средства, барем знаете дека потенцијалните клиенти стојат зад вашите замисли, а и ќе добиете гратис лично промовирање.

  Од друга страна пак, треба да се биде доста внимателен во изложувањето на деталите околу концептите кои ја носат конкурентската предност пред другите. Со самото изложување на идејата пред очите на јавноста, треба да бидете свресни дека секој ќе има пристап до неа, и истата може да ја усоврши, развие или подобри уште пред вие и да почнете да работите на неа.

  Во секој случај, за оние што имаат потреба и желба од вакво финансирање, во прилог ви доставуваме листа од над 330 интернет страни преку кои што може да пристапите кон финансирање на вашите цели од група: www.crowdfundingconferenceseminar.com

Среќно...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Почетно финасирање Финансирање преку група (crowd funding)