Најлесен начин до пари за вашиот бизнис

Е-пошта Печати PDF

throwingmoneyaway

„Трошењето е брзо, печалењето е споро.“

руска народна поговорка

  Кога нашите претприемачи би ги собрале сите пари и сето време потрошени на небитни работи, тогаш можеби нашиот БДП ќе се зголемеше за 50%... или можеби за 100%!

  Ова теза е секако тешка за докажување, бидејќи ќе бара од нас – иронично, многу пари и време, што како претприемачи тешко дека ќе можеме да си ги дозволиме, но тоа е и поентата.

  За да се биде успешен претприемач, посебно во денешно време, треба да се биде доста умешен. Тоа вклучува и паметно располагање со парите и трошење на истите само на работи кои ќе ви доснесат одреден успех во иднина, а не и на работи кои ќе ве прават да изгледате успешно.

  Секојпат пред да направите некоја деловна одлука како претприемач, запрашајте се следново: Дали ова што ќе го направам ќе ми донесе заработка?

  Најлесниот начин да дојдете до пари за вашиот бизнис, е да не ги трошите на тотално небитни работи. А ова се 10-те работи на кои многумина претприемачи трошат доста голем дел од она со што располагаат:

1. ’Накитени’ логоа, ’фенси’ визитки и други симболи за успех – не спориме дека вашиот идентитет секогаш треба да биде на прво место, но изгледот нема да донесе леб на масата. Сте ги виделе почетоците на сите ’мега’ бизниси што постојат денес? Нивните логоа, брошури и визитки изгледаат како да ги правеле децата од нивното маало! За почеток, нема потреба да се расфрлате со пари за нешто што го имате во разните темплејти на Микрософт апликациите на вашиот компјутер, или оние што многу лесно и брзо можете да ги најдете он-лајн во секое време.

2. Закон канцеларија – едноставно, ако не ви треба нешто посебно од просторот во кој ќе работите –не плаќајте дополнително.

3. Службено возило – ставањето на приватното возило за целите на бизнисот, нема да ве направи помоќни, туку ќе ве направи посиромашни. Освен за некои случаи кога многу, многу, ама навистина многу ќе ви затреба. Научете се да ги користите и другите средства за превоз.

4. Паѓање на провокации од типот: „Брза заработка со малку вложување“ – која денес ја користат скоро сите во бизнисот, од маркетинг агенции до претставници на некоја странска франшиза. Вие не треба да бидете ничиј финансиер освен самиот на себе. Таквите нека ви се јават кога ќе можат реално да ви го докажат тоа што го проповедаат, а вие оставете го експериментирањето на некои други.

5. Малку е, и не е доволно добро – ова се однесува за скоро се, од веб-страни, брошури, реклами, флаери, мобилни... ако е доволно добро за почеток, тоагаш е доволно добро. Точка.

6. Конуслтанти – да не се разбереме погрешно, добро е да се консултирате повремено, но не премногу и предолго. Сепак, иднината на вашиот бизнис не лежи во нив, туку ва вас. Откријте ја!

7. Започнување со бизнис затоа што на луѓето им се допаѓа идејата – едно е да ви се допаѓа некоја идеја, вам или на вашите пријатели и познаници, а сосема друго е да се засукаат ракавите, да се вложат поголеми пари и да се почне со работа. Кога еднаш ќе ги ставите парите на маса и ќе се фатите со бизнис, бидете сигурни дека масата нема да ви ги ’изеде парите’.

8. Базирање на маркетинг стратегијата на тоа што вам ви се допаѓа – факт: сите клиенти не размислуваат исто како вас (ако грешам, тогаш секоја ви чест!). Нема алтернатива за истражување на пазарот. Ако не знаете каде вашите клиенти јадат, пијат, спијат, се движат, каде и како купуваат, што ги мотивира, нема да знаете да направите добра понуда. А понудата е добра само ако е добра за нив – а не таа што е најлесна за вас.

9. Потнецување на конкуренцијата – или што е најлошо, изјавување дека немате конкуренција. Таквите претприемачи поминуваат навистина, навистина лошо... Ако немате директна или индиректна конкуренција, тогаш не го познавате пазарот. А ако не го познавате пазарот, ќе се трудите се повеќе и повеќе за да станете се подобри и подобри во нешто, што и не сте требале да го започнете воопшто.

10. Мислењето дека вашиот производ/услуга се продаваат сами – еве една жална вистина: одлична маркетинг стратегија продава повеќе производи, отколку одличен производ сам по себе. Обичните претприемачи само се фалат колку им е добар производот или услугата, додека оние паметните поминуваат време размислувајќи кој е тој што ќе го купи она што тие го нудат, и како да го пронајдат. Производството не прави продажба, маркетингот прави.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 23 Август 2012 11:56 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Почетно финасирање Најлесен начин до пари за вашиот бизнис