Процедура

Упатство за апокалипса: како да заработите/заштедите од крајот на светот

Е-пошта Печати PDF

66073 cityscape-gas-maskКако бизнисите ширум светот се подготвуваат за пророштвото на Маите за крајот на светот на 21ви декември 2012? Се поовеќе се парафразира старата добра изрека дека не постои таков бизнис како ’бизнисот за доаѓањето на крајот на светот’.

  Да почнеме вака: крајот на светот најверојатно нема да дојде. Но крајот на 5.125-годишниот календар на Маите сигурно даоаѓа за неколку дена. Тоа принудува добар дел од луѓето ширум светот, од Канада па се до Австралија, да се подготват себе си и своите бизниси за ’конечната апокалипса’.

  Иако добрите научници од НАСА слатко „ни се изнасмеаја“ за ваквите сценарија, дури и тие се почуствуваа одговорни за нашето здравје и благосостојба, па на својата официјална веб-страна напишаа:

  „Како што календарот кој што се наоѓа во вашата кујна нема едноставно да престане да постои по 31ви декември 2012 година, така и календарот на Маите нема да исчезне по 21ви декември годинава. Овој датум, во календарот на Маите значи дека за нив, завршува еден прилично долг циклус, но исто како и на сите други календари кои ќе започнат со 1ви јануари 2013г, така и нивниот календар продолжува со уште еден друг -долг циклус.“ 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 18 Декември 2012 11:50 ) Повеќе...
 

Насоки за успешно преговарање

Е-пошта Печати PDF

Во секојдневниот живот, поимот преговарање најчесто не асоцира на поим од дипломатијата, или пак договарање на некои огромни бизнис-зделки.

  Но, независно од ова, преговањето е застапено и во секојдневниот живот. При водењето бизнис, преговарањето, односно изборувањето на што подобра преговарачка ситуација знае да биде исклучително тешка задача, а понекогаш и круцијална. Evaluating-Negotiations

  За подобро да се подготвите за секое преговарање, во прилог се наоѓаат неколку насоки кои можат да бидат од значајна корист:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 29 Ноември 2012 10:50 ) Повеќе...
 

„Испечатете“ си 3Д пиштол

Е-пошта Печати PDF

3d-22-pistol-photo

„Највозбудливите откритија на 21от век нема да бидат новите технолошки достигнувања, туку ширењето на концептот што новите технологии значат за развивање на човештвото.“

Џон Најсбит,
футурист и автор на книгата „Мегатрендови“

  Кога сакате (легално) да купите оружје, првото нешто што во паѓа напамет е - поседувањето на дозвола. Потоа размислувате за тоа во која лиценцирана продавница можете да го купите она парче оружје што го сакате. Точно?! Па не сосема...

  Он-лајн здружението „Defence Distributed“ неодамна објави дека ќе почне бесплатно да произведува и дитрибуира планови за 3Д печатење на сопствено оружје. Имено, здружението најави, дека со помош на новата технологија на „Stratasys“ компанијата која се занимава со изработка на модели за 3Д печатење, луѓето ќе можат сами, преку Интернет во удобноста на сопстваниот дом, да си нарачаат технички план за изработка на оружје, (како пиштол на пример), и потоа едноставно да си ’кликнат принт’, со што нивното оружје ќе може да се ’испечати’ на една од машините кои „Defence Distributed“ ги има нарачано од производителот „Stratasys“.

  Овој концепт на бизнис од типот ’направи-сам’ очигледно профункционирал со оглед на тоа дека „Defence Distributed“ добила огромен број на барања за нарачка на ваквите 3Д планови.

  Сепак, приказната добива поинаков заплет кога челниците на „Stratsys“ дознаваат дека нивната технолошка машина за 3Д моделирање вредна 20.000 УСД ќе биде употребувана за „нелегално“ правење на оружје, и одлучуваат да ја повлечат машината од употреба, со образложение дека истата ќе се употребува во активности кои не се во согласност со пропишаната употреба на оваа нова технологија.

  На крајот тоа и се случило - компанијата „Stratsys“ ја повлекла машината што предходно им ја продала на „Defence Distributor“ со правно образложение дека компанијата нема да дозволи, со оглед на тоа што има информации за каква цел технологијата е набавена, понатамошно сквернавење на добрата воља на изградениот бренд.

217836_327594487336526_450317863_n

Но целата приказна несомнено повлекува една друга дилема за претприемачите и потенцијалните купувачи: дали воопшто постојат, и ако постојат до каде се границите на употребата на некоја иновација?

  Доколку сте производител на некоја нова технологија на пример, може да се случи еден ден да разберете дека некоја компанија ја користи вашата оригинална технологија за сопствени, понекогаш и сосема нелегални цели, со што може директно да и наштети на вашата репутација и можеби дури и да ви го загрози или уништи бизнисот. Од друга страна, како корисник на некоја технологија, може да се случи компанијата која е сопственик на истата да ви приговори, па дури и да ве тужи доколку не ја користите истата во согласнот за она за што таа е пропишана.

  Неколку секојдневни примери за тоа се случаевите кога видеографичарите откриле дека нивните видео-камери опремени со технологија за ноќна визија понекогаш се користат за ’ѕиркање’ под облеката на луѓето, безбројните примери кога Интеретот се користи за нелегално копирање на одредени содржини или дистрибуирање на детска порнографија, како и најновите примери за користењето на т.н. „смарт телефони“ во терористички цели. 

  Од друга страна пак, кој може да ви забрани чепкалките за заби, спајалиците за документи, малите разнобојни ластици за држење или пак старите делови од мебел да ги искористите на еден нов, покреативен начин со што ќе добиете сосема поинаква- иновативна форма од првично предвидената?! 

  Исто како што приказната на Исак Асимов - „Мртвото минато“, не потсетува на моралната дилема за тоа што е, а што не е правилно, во која научниците измислуваат машина за патување низ времето, која на крајот завршува како направа за шпиунирање на луѓето, и при која се поставува дилемата: кога всушност започнува минатото - од пред неколку векови, или од пред неколку милисекунди? Така и „растегнувањето“ на човековата имагинација може да оди во недоглед.

  Никогаш немојте да претпоставите дека вашиот начин е единствениот начин на исползување на работите, ниту пак да се ограничите од претпоставките дека другите пазарни сегменти нема да ви донесат поголема употребна вредност од користење на некоја иновација. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 04 Октомври 2012 14:20 )
 

Наградување на вработените во време на криза

Е-пошта Печати PDF

applause

„Луѓето едноставно работаат подобро кога знаат дека позади нив постои цела една мрежа на луѓе која ги поддржuва во тоа што го прават.“

Стефани Мел,
вработена во EAG

  Кризата е застој во економијата, и здравата логика вели дека бизнисите не превземаат некои поголеми чекори за време на криза, затоа што можно е ризикот да биде преголем, а загубата погубна.

  Ова особено важи за малите бизниси. Во меѓувреме, вработените во овие бизниси си ја работаат својата работа иако знаат дека на економијата не и е ’се розово’ и дека не се знае што носи утрешниот ден. Често се случува вработените во малите и микро бизниси да работаат на повеќе полиња истоврамено, едноставно зошто бизнисот не може да си дозволи нови вработувања. Ова понекогаш резултира со незадоволство кај вработените, а за претприемачите значи зголемен ризик од губење на добрите работници.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Мониторинг на процесите

Е-пошта Печати PDF

MonitoringPerformance

„Не ми давајте оправдувања, дајте ми резултати!“

главниот пингвин во
цртаниот филм Мадагаскар

  Мониторингот или надгледувањето како процес станува се посилна алатка во модерното време на компаниите базирани врз знаења. Не затоа што тоа е модерно, туку затоа што го подобрува работењето и ефикасноста на самиот бизнис.

   Како?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 1 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8015
61.1865
USD
52.6418
52.118
GBP
67.7722
67.0979
CHF
54.7546
54.2097
SEK
6.4802
6.4157
NOK
6.6323
6.5663
JPY
0.4827
0.4779
DKK
8.3108
8.2281
CAD
41.5919
41.1781
AUD
41.6733
41.2586
Превземено на 21.08.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Процедура