Процедура

Етикети

Е-пошта Печати PDF

banana-labels„Етикетите се за конзерви - не за луѓе!“

Антони Рап,
актер

 Со исклучок на ограничен број на предмети, како што се суровините, материјалите во рефусна состојба, деловите за автомобили и мебел, повеќето производи се дистрибуираат запакувани.

 Пакувањето се однесува на појавата на ознаки (етикети), опаковки и садови што се користат во пакувањето на производот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Што е потребно за да се изврши извоз на стоки од Република Македонија

Е-пошта Печати PDF

Што е потребно за да се изврши извоз на стоки од Република МакедонијаИзвозот е процедура која што е преставува еден од најосновните начини за настап и појавување на странски пазар. Овие се основните процедури и документи кои се потребни за извоз.

Кој го врши извозот.Извозот го врши самиот извозник ,а може и одреден застапник кој го одредува самиот извозник.

 

Царинска декларација е документ со кој е опфатена одредената тарифна ознака на одредена стока. Ако стоката е во две или повеќе тарифни ознаки , тогаш секоја тарифна ознака е посебна царинска декларација. За повеќе информации како се пополнува овој документ посетете ја http://www.igu.gov.mk/files/pdf/carina/pravilnici/ECD_uredba.pdf .

Фактурата преставува документ со кој што покажува дека стоката е продадена во странство , дека има купувач во странство кај кој што треба да се однесе стоката . Во неа треба да биде наведено кој ја превзема стоката , опис на стоката , цената на стоката, а воедно и провизијата која што ја добива агентот (доколку се појавува агент како посредник во извозот), потоа треба да бидат наведени и одредените пропратни документи кои што би оделе заедно со фактурата , како што е бројот на договорот и слично.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 21 Февруари 2012 12:22 ) Повеќе...
 

6 емоции кои ги предизвикуваат клиентите на трошење

Е-пошта Печати PDF

universal_emotion

“Тие можеби ќе заборават што си им кажал, но никогаш нема да го заборават чувството што си им го предизвикал.“
Карл В. Бучнер,
автор

  Неретко се вели дека купувачите ги носат своите одлуки за купување или некупување на некој продукт, по добро обработување на сите информации поврзани за тоа купување. Најчесто не е така...

  Психолозите се почесто велат дека одлучувањето за купување се одвива на најосновното ниво – нивото на чувство или предчувство. Скоро секогаш, одлуките за купување на некој продукт се темелат на чистата емоционална промена на самиот купувач. Ова не значи дека останатите информации не играат значајна улога во промените во емотивната состојба, но тие само помагаат истата да биде видоизменета или потполно сменета, со што всушност, информациите се само последица – а не причина за купување.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Колку работни места може да создаде твојот бизнис?

Е-пошта Печати PDF

selfemployment„Човек со голем сон има поголем потенцијал од човек кој ги има сите факти“

Непознат автор

  Како што пополека започнува новата година, сега доаѓа најдоброто време за мало паузирање од секојдневните деловни обврски и согледување на бизнис-стратегијата на вашата компанија и за тоа кои се вашите потенцијали за оваа година.

  Едно нешто кое секој претприемач е ’должен’ да си го постави себеси е: колку работни места може да создаде мојот мал бизнис годинава?!

  За некои, оваа изјава може да биде доста силен мотиватор на тоа како се гледате себе си, и како гледате на вашиот бизнис од аспект на (само)вработувањето, социјалната грижа за останатите и скромно оддолжување кон заедницата. А постои ли подобра помош кон луѓето од онаа на креирање здрава и просперитетна компанија која има силни потенцијали  за развој на кариерите на многумина од своите вработени?

  Само замислете го следното сценарио: кога оваа година се би одело според планираното, која е идеалната позиција на која би се наоѓала вашата компанија на крајот од годината? И обидете се да не го потцените својот потенцијал... потрудете сега до доловите максимумот од тоа што го планирате.

  Според накои претпоставки, во Македонија некаде помеѓу 60 и 75% од вкупниот број на вработени работаат во микро, мали и средни компании. Освен тоа, се претпоставува дека екоја година, сите микро и мали компании директно или индиректно креираат нови 10.000 работни места. Па, можно ли е вашата компанија да биде помеѓу посуспешните и да го зголеми бројот на своите вработени? Се разбира дека може!

  Некој ќе рече дека ’системот’ (државата, владата, институциите) не му даваат на бизнисот да расте и да се развива...

  Ајде да гледаме на тоа вака – дури и да не креирате нови работни места, со самото тоа што се се осмелиле да отпочнете сопетсвен бизнис, вие автоматски си ја подобрувате материјалната и социјалната состојба на вас самите директно, а со секое купено канцелариско столче, компјутер, печатач, папки, материјали, залихи, алати или опрема, вие му помагате на некој друг бизнис да го подобри своето работење, баш како што и тие (повеќе или помалку) ќе ви помогнат околу вашиот успех. Ова важи и за секој постоечки бизнис.

  Ако сте претприемач, вие веќе придонесувате кон решение на економските проблеми, ако се подготвувате да станете, запомнете: без разлика дали работите од гаража или од багажникот на вашата кола, вие имате потенцијал да станете следниот Стив Џобс или Опра Винфри.

  Сега, колкав потенцијал има вашиот бизнис?

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Заштита на пронајдоци: патент

Е-пошта Печати PDF

innovation-160

 „Секое парче софтвер што постои денес, сигурно некаде, некому му го крши неговото патентно право.“

 Мигуел Де Иказа,
програмер на бесплатен софтвер

  Патентот е моќна бизнис-алатка што овозможува посигурна положба на пазарот и јакнење на конкурентноста на претпријатието. Заштитата на пронајдокот со патент значи ексклузивност врз новиот производ или процес, и намалување на ризикот од повреда од страна на конкурентите како и можност за дополнителни приходи преку лиценцирање или продажба на патентот. Патентното портфолио го зголемува угледот на претпријатието кое со тоа го докажува својот технички капацитет, инвентивноста и експертиза во областа во која работи.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 3 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7912
61.1764
USD
52.548
52.0252
GBP
69.3115
68.6219
CHF
53.7128
53.1784
SEK
6.4491
6.385
NOK
6.6257
6.5598
JPY
0.4683
0.4637
DKK
8.3009
8.2183
CAD
41.9179
41.5008
AUD
41.2106
40.8006
Превземено на 18.10.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Процедура