Процедура

Twixlusive – начин на продажба преку Twitter

Е-пошта Печати PDF

TwitterBusiness„Ох, па ова ќе биде заразно“

Дом Сагола,
ко-основач на Twitter

  Пред скоро месец дена, компанијата @Bonobos со цел да се ослободи од производите од летната сезона, започна 24 часовна кампања за распродажба на овие производи преку Twitter.

  Ова е интересен концепт со кој се презентират успешни Twitter приказни за начинот на користење на 140 карактери во креирање на едноставни, но крајно ефективни маркетинг кампањи. Со цел да се покрене неизвесност и нормално да се поттикне поголем маркетинг на Twitter, зделката најавена од компанијата има формат од типот - ”Доколку успееме да постигнеме 50 Re-tweet во рок од 24 часа, ќе успееме да ја отклучиме зделката од 50% попуст”.  Во примерот со Bonobos, зделката е отклучена за 8 минути со вкупно 80 твитови!

  Ефективноста се постигнува преку:

 Едноставноста да се спроведе идејата – ви требаат само 140 карактери да ка соопштите на потенцијалните купувачи дека за 2 дена имате тотална распродажба.

  Брзо генерирањето на информации – ставате зделка која треба да биде ре-твитувана со цел корисникот да добие попуст, и не ви треба систем да генерирате податоци за учесниците или пак за заинтересираните за вашите производи.

  Брз начин на ширење на buzz – ако најавите дека за 2 дена ќе имате ексклузивен попуст само за тој ден, замислете само колку од вашите следачи ќе чекаат, ќе запишат во календари и сл, само за да не заборават.

 И на крај, трошоците за самиот концепт, креатива, и реализација се скоро нула. Ако сакате, можете да потрошите некоја паричка, за да платите реклами за промовирани твитови.

  Крајните резултати од оваа кампања во бројки:

  • 1,200% ROI за 24-часа
  • 13 пати поголема ефективност (CPA) во заштеда на трошоците во процесот за генерирање нови купувачи од Twitter споредено со други маркетинг канали користени од оваа компaнија

  Добро е да се спроведе овој концепт ексклузивно само за твитерџиите, и да не ја рекламирате зделката на други канали, со цел нели да ја задржите ексклузивноста само за вашите верни следачи на Twitter и нормално да креирате перцепција на посебност на заедницата.

  Имате ли вие идеја како да се искористи Twitter за ефективна продажба?

* Оригиналниот текст е превземен од порталот: ИнтернетМаркетинг , понеделник, 05/12/11

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Менаџмент на време или менаџмент на себе?!

Е-пошта Печати PDF

time_management02„Единствената причине поради која постои времето, е таа дека сите нешта не можат да се случуваат истовремено.“

Алберт Ајнштајн,
физичар-теореточар

  Шансите дека некогаш сте посетиле некој курс или тренинг на тема ’менаџмент на време’, сте читнале некоја книга на таа тема, или пак сте налетале на некоја програма за успешно менаџирање на времето или популарно наречениот израз time menagement’, се големи. Посебно ако сте член на помладите генерации.

  Еве една новост: менаџмент на времето не постои!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

На поодминати години

Е-пошта Печати PDF

cool_old_entrepreneur_biz„Јас сум еден вид ’успешна во доцни години’. Но според мене, оној што ќе стане успешен било кога, треба да биде среќен.“

Шерон Олдс,
поетеса

 Постојат теоретичари кои велет дека претприемачите се раѓаат... Постојат и такви кои велaт дека претприемништвото може да се научи.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Техники за изработка на план

Е-пошта Печати PDF

buv014„Или напиши нешто што вреди да се чита, или направи нешто што вреди да биде напишано“

Бенџамин Франклин,
американски државник

  Самата изработка и подготовка на бизнис/инвестиционен/маркетинг или било кој друг тип на план не е лесна работа. Тоа бара вложување труд и енергија, истражувања, анализи, креирања претпоставки и сценарија, согледувања ситуации и предвидувања трендови. Можеби при самата изработка ќе се случи некаде, во некоја тема да „заглавите“.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Плаќање на фактура

Е-пошта Печати PDF

paymentПред неколку дена седев на кафе со еден мој пријател кои е заинтересиран да отвори бизнис. Меѓу голем број на прашања, што и како треба да се отвори бизнис, ме зачуди едно прашање:„Како се плаќа фактура?„

Но кога размислив малце повеќе, се сетив дека и јас од кога го завршив своето школување, не знаев како во целост функционираше системот на плаќањето на фактура/сметка. Знаев само да треба да се уплати одредена сума на пари на сметка, но подетално што и како треба, не знаев.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 05 Јуни 2012 10:10 ) Повеќе...
 
Страница 4 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8015
61.1865
USD
52.6418
52.118
GBP
67.7722
67.0979
CHF
54.7546
54.2097
SEK
6.4802
6.4157
NOK
6.6323
6.5663
JPY
0.4827
0.4779
DKK
8.3108
8.2281
CAD
41.5919
41.1781
AUD
41.6733
41.2586
Превземено на 21.08.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Процедура