Процедура

Деловниот бон – тон

Е-пошта Печати PDF

Japanese-business-etiquette

"Убавите манири се само начин да му покажеме на другите луѓе дека ги почитуваме" 

Бил Кели (Bill Kelly), американски сценарист

Бонтонот обично се дефинира како културно однесување, културно владеење ...итн. Деловниот бонтон не се разликува многу од бонтонот што го научивме од нашите родители или што го научивме во школото. Но постојат одредени карактеристики на деловниот бонтон на кои треба да свртиме внимание.

Поздравување

Во претпријатието, без разлика на пол, оние кои се на пониските позиции секогаш први треба да ги поздрават оние кои се на повисока функција. Доколку директорот влегува во просторија каде се наоѓаат неговите вработени, тогаш шефот прв поздравува. Во колку случајно го заборавивте името на вашиот соговорник, не паничите, доволно е да кажете:„Се извинувам, не го запомнaв Вашето име„

Ракување

За ова пишувавме во еден од минатите текстови, но да се потсетиме. Кај ракувањето, жената секогаш прва ја дава раката за поздравување. Ракувањето треба да биди кратко и цврсто, без претерано тресење на раката.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како да продадете на друг претприемач

Е-пошта Печати PDF

mtoe„Претприемачи се оние што загризуваат малку повеќе одошто можат да соџвакаат, надевајќи се дека за многу брзо време ќе научат како брзо да џвакаат“

Рој Еш,
Литон Индустри

  За многумина претприемачи, маркетингот и продажбата на други претприемачи е задача бр.1!

  Тоа што самите претприемачи ги прави „незгодна група“ на клиенти, се најчесто карактеристиките кои истите претприемачи ги носат насекаде низ светот, а тоа се: мултитаскинг личности, склони кон брзо и одлучно донесување на одлуки, во кои се вклучени одредени ризици.

  Е сега, ако вашите клиенти се претприемачите кои вие сакате „да ги мачкате на леб“, подобро би ви било да им го понудите во маркетинг смисла, она што го бараат...  А тоа е следново:

  • Понудете им зголемување на продажбата – повеќето претприемачи на пазарот сакаат зголемување на нивната продажба. Ако вашиот произвиод/услуга го нуди токму ова, тоа е главната карта на која треба да играте. А кој не би сакал?!

  • Кажете им дека имаат сигурен избор – ако нудите стоки и услуги кои имаат минимален ризик, тогаш слободно рекламирајте го тоа. Претприемачите сакаат ризизци, но само пресметани ризици. Затоа, обезбедете им што е можно повеќе информации за тоа што го нудите и скусете им ја несигурноста.

  • Зголемете ја довербата – со тоа што ќе им понудите поширок асортиман или флексибилна понуда од која што ќе може да го изберат токму тоа што го сакаат и што реално им треба на бизнисот. Бидете првата помисла кога станува збор за доверлива и примамлива понуда.

  • Понудете им заштеда на пари – иако понекогаш не се работи за којзнае колкава сума на пари, сепак имајте во предвид дека претприемачите најчесто работат со сопствени средства, и не располагаат со „туѓи“ пари од банка или акции. За нив секој денар е важен!

  • Опција: направи-сам – повеќето претприемачи претпочитаат брзи, ефтини, и ефикасни решенија... но таквите и не бараат некое посебно внимание или време. Па така, доколку нудите производ/услуга по ниски цени, осврнете се на максимата: лесно-за-употреба и тоа направете го вашиот главен адут.

  • Перформанси и поддршка – личностите коишто се во претприемничките води, мораат, повторуваме, мораат да внимаваат и на пост-продажбата. Па така, истото ќе го бараат и од вас како нивни бизнис-партнер. Брза и навремена достава, гаранција, испорака... едноставно тие сакаат да занаат дали може да сметаат на вас доколку им требате. Бидете тука кога ќе им затребате, и тие ќе го ценат тоа кај вас!

  • Други претприемачи на кои им веруваат – најдете начин да се поврзете со луѓето на кои претприемачите им веруваат. Тоа е обично една помала група која секојдневно разговара за проблемите, потешкотиите и можностите на нивниот бизнис, но таа група луѓе има доверба во „зборот“ што го дава на другите свои колеги-претприемачи. Организирајте и учествувајте на што е можно поголем број на социјални настани и настани за поврзување, верувајте дека ќе ви се исплати.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Перфектно ракување

Е-пошта Печати PDF

handshake„Никогаш нема да имаш втора шанса за да оставиш прв впечаток!“

Непознат автор

  Ракувањето претставува повеќе од обично поздравување. Тоа ја одразува вашата личност, и персоналниот карактер.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Преговарајте...

Е-пошта Печати PDF

negotiation-3„Во бизнисот не го добивате тоа што сте го заслужиле, туку тоа за што сте испреговарале!“

Честер Л. Карас,
Доктор на науки и експерт по деловно преговарање

  Сите ние преговараме - секојдневно! На работа, дома, со пријателите, семејството, при купување, при продажба...

  Преговарањето не значи дека од нешто се откажуваме, или со некого се надмудруваме, туку чисто преговараме за да добиеме најдобра можна позиција за нашите ставови и постапки. Едноставно преговараме за да добиеме нешто под подобри услови.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Фискална сметка – трошок или добивка?!

Е-пошта Печати PDF

fiskalen_aparat„Ако заработуваш многу пари со тоа што го работиш, данокот ти претставува само еден мал трошок за тоа што си поуспешен од другите.“

Роберт Мејсон, Ју Кон Хемикалии

  Дали за малите бизниси е добро да работаат со фискална сметка? Дали давањето на фискална сметка е трошок за бизнисот? Што добива бизнисот од фискализацијата?

  Кога еден познат турски бизнисмен го наклеветиле дека не е голем „патриот“ , тој одговорил: „Јас со моите бизниси плаќам годишни даноци во висина од 1% од вкупниот турски БДП... Следниот пат кога ќе одите во болница, на училиште, ќе пиете вода од чешма или ќе се возите по модерен автопат – сетете се дека јас плаќам за тоа повеќе од било кој во Турција! Тоа е мојот патриотизам на дело!“   
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 12 Мај 2011 12:09 ) Повеќе...
 
Страница 5 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7912
61.1764
USD
52.548
52.0252
GBP
69.3115
68.6219
CHF
53.7128
53.1784
SEK
6.4491
6.385
NOK
6.6257
6.5598
JPY
0.4683
0.4637
DKK
8.3009
8.2183
CAD
41.9179
41.5008
AUD
41.2106
40.8006
Превземено на 18.10.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Процедура