Процедура

Иновирајте до крај

Е-пошта Печати PDF
MB_Innovation-2.preview
„Креативноста произлегува од вербата. Верувајте им на вашите инстикти. И никогаш не се надевајте повеќе отколку што работите.“

Рита Мае Браун,
писателка 

  Процесот на креирање на прототип е целосно фокусиран кон функционалноста на прототипот, притоа ставајќи се останато во втор план. Процедурата е едноставна: ’DO IT, that FIX IT as you go’ (анг.: направи го, а потоа подобрувај го). Сепак делот кога треба само добро да се „исполира" добиениот прпизвод, во најчест број од случаите е запоставен со што и самиот производ финално не го постигнува успехот кој го заслужува. Бројни се примерите кога производот е доволно добар да постигне масовен успех, но не е креиран така да биде револуционерен.

  Чест е и примерот кога креаторот на оригиналната идеа не постигнува успех, а подоцна истата таа идеа постигнува вистински пазарен бум. Се наметнува прашањето на што се должи оваа појава?

  Во 1826 година, британскиот хемичар John Walker, креира фрикциони чкорчиња при експериментот за специфична комбинација на антимон сулфид, калиум хлорат, гума и скроб. Резултатот беше феноментален. Секогаш кога ова чкорче ќе се протриеше од рапава површина, истото се запалуваше. Сепак ова револуционерно откритие за тоа време го патентира Samuel Jones, кој ги патентира чкорчињата во оригинален бренд – „Lucifer-i", кои и ден денес се продаваат на пазарот во Холандија.

  Името на брендот се должеше на неворојатната запалливост на производот. Чест пример е кога без никаков допир на рапава површина, доаѓаше до самозапалување на чкорчињата. Овој производ иако револуционерен, беше пропратен со голем ризик и бројни проблеми.

  И кога носителот на патентот не успеа да дојде до соодветно решение, двајца швеѓани нешто повеќе од 20 години подоцна, оригиналниот концепт го доведоа до совршено решение со кое производот беше функционален и безбеден во исто време. Со минимална измена на формулата (замена на агресивниот бел фосфор со црвен) и функционална промена на изгледот – поделба на запаллив дел на чкорчето и контактна површина од дрвце, конечно иновацијата стана комплетно функционална. 

  Производот беше совршен. Но, и шведските научници кои концептот го доведоа до совршенство, не стекнаа финансиски бенефит од истиот. Човекот кој целокупниот концепт го претвори во финансиски бенефит е Ivan Kreuger, познат како „Кралот на Чкорчињата".

  Клучните елементи за успехот, базирани на оваа живописна приказна се следни:
• Добро смислена и разработена идеа
• Добро реализиран производ
• Добро продадена реализација

  И за оние кои мислат дека секој од чекорите е засебен, само напомена: секој од чекорите е неспоредливо потежок од претходниот.

*Автор: Иван Минчиќ

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Јапонски совршено

Е-пошта Печати PDF

blmsi009925„Падни осум пати, стани девет пати.“

јапонска народна поговорка

  Јапонците отсекогаш биле највредните луѓе на планетата. Во што е тајната на нивниот успех? Тајната на успехот не е само во совршената организација на време и работа, туку и на дисциплината и беспрекорното уредување на работниот простор.

  Јапонците својата канцеларија и работен простор го доведуваат до совршенство, постигнувајќи го тоа со принципот 5 С, односно на нивниот јазик пет акции кои започнуваат на буквата С. Почитувајќи ја оваа источна филозофија под називот КАИЗЕН, помалку се занимаваат со небитните работи и целата енергија ја насочуваат кон работата. Погледнете како Јапонците го избегнуваат стресот и притоа се попродуктивни:

СЕИРИ – дефинирање

  Овој принцип подразбира поделба на работниот материјал на неопходен, итен и непотребен. Се што ви е неопходно ставете во зелена кутија, се што е итно во црвена, а тоа што е непотребно исфрлете го.

СЕИТОН - уредување

  СЕИТОН пред се значи правилно сместување на работниот материјал, за да работите брзо и ефикасно. Се што ви е неопходно нека биде во ваша близина, а материјалот кој го користите привремено уредно ставете го во орман.

СЕИСО – чистење

  Целта е да создадете амбиент без прашина и нечистотија. Со тоа ќе си овозможите да се чувствувате пријатно во својот работен простор, но ќе работите и поефикасно. 

СЕИКЕТСУ- контрола

  Многу е важно два пати да го проверите тоа што сте го изработиле. Можеби ќе ви одземе некоја минута, но ќе знаете дека сте ја завршиле работата како што треба. На овој начин ќе постигнете подобри резултати. 

СИТУСУКЕ – дисциплина

 Последно С ја претставува дисциплината, односно тренинг на кој сите вработени треба да се придржуваат кон наведените правила. На овој начин се создаваат работни навики и сите вработени работат како еден тим.

*Оригиналниот текст е превземен од: Денар, 27 април, 2012г.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Работи кои не учеле на училиште, а кои треба што побрзо да ги заборавиме!

Е-пошта Печати PDF

ti_a

„Дете кое е образувано само на училиште е необразовано дете.“

Георг Сантајана,
професор, зачетник на прагматизмот

  Се разбира, потрошивте многу голем дел од животот на формалното образование и посетувањето најразлична настава. И се разбира научивте многу. Завршивте со школувањето и сега треба да продолжите понатаму.

  Арно ама, да се биде добар претприемач значи многу повеќе од обично ’знаење на нештата’. А секако дека постојат и нешта што не учеа на училиште кои што побрзо треба да ги заборавите ако сакате да бидете успешен претприемач.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Начинот на презентирање на понуда прави продажба

Е-пошта Печати PDF

dzru

„Чистата логика, а не некои трикови ги соддржи сите правила на доброто презентирање.“
Мејсон Кули,
писател на афоризми

  Некогаш не е доволно да имате екстра производ или услуга за да успеете да остварите продажба. Системот од 4 и од 8 чекори може да помогне како да се надмине овај проблем. Направете Вашата понуда да има ефект на продажба!

  Системот се состои од два потсистеми, од кој едниот содржи 4, а другиот 8 чекори. Така го добил и името: Систем од 4 и од 8 чекори. Системот од 4 чекори се однесува на продажба и директен пристап до потенцијалните купувачи, додека системот од 8 чекори служи за да се мотивира, регулира и да се поттикне психата на продавачот. И двата системи се тесно зависни и еден без друг не се овозможува ефикасна продажба, а со тоа нема ниту профит.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како да соработувате со побирократските големи компании

Е-пошта Печати PDF

AECI-Board

„Никогаш нема да ги разберете бирократите ако не сфатите дака за нив најважна е процедурата, а најмалку важен – резултатот.“

Томас Совел,
социјален теоретичар

  Работењето со големи компании (или далеку поголеми од вашата) е неизбежно за секој претприемач и сопственик на мал бизнис. Било да се тоа ваши партнери, клиенти или добавувачи, предизвик е да се функционира според нивниот начин на водење на бизнис, кој во многу случаи нема многу допирни точки со она на што се навикнати малите бизниси.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 2 од 6

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8025
61.1875
USD
52.3484
51.8275
GBP
70.0311
69.3343
CHF
52.963
52.436
SEK
6.2061
6.1444
NOK
6.3175
6.2546
JPY
0.4666
0.462
DKK
8.302
8.2194
CAD
41.0103
40.6022
AUD
40.1784
39.7787
Превземено на 18.12.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Процедура