biznis101-org2.png

Мониторинг на процесите

Печати

MonitoringPerformance

„Не ми давајте оправдувања, дајте ми резултати!“

главниот пингвин во
цртаниот филм Мадагаскар

  Мониторингот или надгледувањето како процес станува се посилна алатка во модерното време на компаниите базирани врз знаења. Не затоа што тоа е модерно, туку затоа што го подобрува работењето и ефикасноста на самиот бизнис.

   Како?

  Да земеме еден обичен пример од нашето секојдневие: двајца земјоделци решаваат да одгледуваат пченка. Во исто време, и обајцата ги засадуваат семињата во почвата, и и двајцата редовно ги наводнуваат во одредениот период за наводнување. По извесно време, првиот земјоделец решава да ги посети полињата и да види до каде е зреењето, додека другиот не им обрнува никакво внимание. Првиот утврдува дека пченката е нападната од инсектициди и превзема соодветни мерки за прскање против штетниците. По некое време повторно се враќа во полето и гледа дека сега пченката подобро непредува. Кога доаѓа сезоната за жнеење, првиот земјоделец е видно задоволен од успешноста на родот, додека вториот земјоделец кој не обрнувал внимание се чуди зошто има преполовен род.

  Од оваа приказна можеме да утврдиме дека мониторингот го претставуваат активностите на набљудување, учење и забележување на процесот на работење, односно:

  Односно, мониторингот има за цел да ги увиди потешкотиите во самото работење, да ги извсети сите засегнати страни, и можноста да се научи нешто од искуството на имплементирање на работните обврски.

  Многумнина претприемачи поимот ’мониторинг’ го мешаат со поимот ’супервизија’ што е апсолутно погрешно.  Главните разлику се во тоа што супервизијата се однесува на следење на луѓето кои работааат а не на процесите, па така супервизијтата главно има за цел да одреди дали некој работник работи спрема инструкциите или не, за на крајот тој да биде ’награден или казнет’, додека мониторингот ги набљудува процесите и се фокусира пред се на причините за упех или несупех, и нивното навремено согледување.

  За еден мал бизнис, важно е да се знае дека постојат повеќе видови на мониторинг кои можат да се употребат во секојдневното работење, иако најдобар метод сепак е комбинацијата од оние кои вам ви се чинат апликативни за вашиот вид на бизнис, помеѓу кои едни од позначајните се:

  Во крајна смисла, ако системот на мониторирање го спроведувате на редовна и континуирана база, ќе можете навремено да интервенирате во менаџирањето на вашите ресурси кои на крајот траба да го дадат посакуваниот, а не некој непредвиден резултат.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com