Наградување на вработените во време на криза

Е-пошта Печати PDF

applause

„Луѓето едноставно работаат подобро кога знаат дека позади нив постои цела една мрежа на луѓе која ги поддржuва во тоа што го прават.“

Стефани Мел,
вработена во EAG

  Кризата е застој во економијата, и здравата логика вели дека бизнисите не превземаат некои поголеми чекори за време на криза, затоа што можно е ризикот да биде преголем, а загубата погубна.

  Ова особено важи за малите бизниси. Во меѓувреме, вработените во овие бизниси си ја работаат својата работа иако знаат дека на економијата не и е ’се розово’ и дека не се знае што носи утрешниот ден. Често се случува вработените во малите и микро бизниси да работаат на повеќе полиња истоврамено, едноставно зошто бизнисот не може да си дозволи нови вработувања. Ова понекогаш резултира со незадоволство кај вработените, а за претприемачите значи зголемен ризик од губење на добрите работници.

  За да не се случи токму тоа, постојат некои интересни и креативни методи како да ги наградите вработени што работаат добро, со средства кои не се во форма на бонуси, или парични награди. Еве неколку од нив:

  • Дозволете им вклучување во проекти кои се од нивен личен интерес  - луѓето не започнале со животот откако почнале да работаат за вас. Сите тие имаат сопставни интереси, пасии или хоби кое ги исполнува во слободно време. Некои можеби се интересираат за моделарство, за астрономија, за помош на други лица, или пак за некоја сосема поинаква активност. Дозволете им одреден ден од времето да го посветат на тоа што ги прави среќни – така ќе го зголемите нивниот работен елан. 

  • Сменете ги работните места - доколку е можно, дозволете им на вработените, за одреден краток период да си ги сменат работните места со своите колеги. Ова секако треба да е на доброволна основа, и на сродни или слични позиции, затоа што во спротивно би имало сосема непосакуван ефект. Ваквото ’преместување’ ќе им даде одлична можност да ја разбијат монотонијата, но и ќе имаат прилика да ги согледаат повеќето аспекти на правењето бизнис, секако со помошта на другите колеги... а зошто да не седнат и на претприемничкото столче? 

  • Пратете ги на тренинг, обуки и доусовршување – обуките за тренинг на вештини за личен или деловен развој денес ги има во изобилство. Ако малку се потрудите можете да нејдете евтини, дури и бесплатни обуки, скоро во секое поголемо место во Македонија. Запрашајте ги вработените дали би сакале да отидат на некоја обука од нивен интерес. Тоа сигурно би придонело за зголемување на личниот кредибилитет, остварување на личните и бизнис цели на подолг рок, а секако би било и добра промена за имплементирање на наученото. Деловните контакти што можат да произлезат од вмрежувањата само се дополнителен плус. 

  • Организирајте ’Happy-Hour’ – многумина претприемачи не успеваат да ги доловат ефектите на опуштање после работното време, и давање на еден вид мотивација кај вработените дека нешто убаво ги очекува на крајот на денот. Едноставно организирајте ’еденочасовна забава’ на крајот на работното време со закуски, пица, сокови, пиво, чипс или било што друго што ќе ја ’опушти атмосвферата’. Или пак, појдете до најблиската кафетерија и префрлете ја атмосферата таму. Постои и голема можност сопствениците на кафичите да ви дадат одреден попуст ако тоа го правите барем еднаш во месецот, затоа што можноста да донесете 10, 20 или повеќе луѓе во денови како вторник или среда им се испаќа и на ним. 

  • Дознајте ги личните работи кои ги прават ваште вработени среќни – ова особено важи за т.н. „генерација Y“, односно за помладата генерација. На пример, можете на секој од вработените да му дадете да потполни еден мини-прашалника за работи кои не се воопшто поврзани со бизнисот, како на пример: кои филмови ги гледа, или каква музика слуша, кој му/и е омилен спорт, или пак каква храна преферира. Па така, подоцна, кога некој вработен одлично ќе ја заврши поставената задача можете да го наградите со ручек во омилениот ресторан, CD од нејзината омилена пејачка, или билети за омилениот ’блокбастер’ филм кој премиерно се прикажува во најблиското кино.  

  Сигурни сме дека со малку повеќе креативност, можете да пронајдете сопствен начин да ги мотивирате своите вработени во овие кризни економски времиња. На крајот на краиштата, сите претприемачи и вработени се само обични луѓе, на кои одвреме-навреме им е потребен тајм-аут од секојдневните грижи.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8025
61.1875
USD
52.3484
51.8275
GBP
70.0311
69.3343
CHF
52.963
52.436
SEK
6.2061
6.1444
NOK
6.3175
6.2546
JPY
0.4666
0.462
DKK
8.302
8.2194
CAD
41.0103
40.6022
AUD
40.1784
39.7787
Превземено на 18.12.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Процедура Наградување на вработените во време на криза