Упатство за апокалипса: како да заработите/заштедите од крајот на светот

Е-пошта Печати PDF

66073 cityscape-gas-maskКако бизнисите ширум светот се подготвуваат за пророштвото на Маите за крајот на светот на 21ви декември 2012? Се поовеќе се парафразира старата добра изрека дека не постои таков бизнис како ’бизнисот за доаѓањето на крајот на светот’.

  Да почнеме вака: крајот на светот најверојатно нема да дојде. Но крајот на 5.125-годишниот календар на Маите сигурно даоаѓа за неколку дена. Тоа принудува добар дел од луѓето ширум светот, од Канада па се до Австралија, да се подготват себе си и своите бизниси за ’конечната апокалипса’.

  Иако добрите научници од НАСА слатко „ни се изнасмеаја“ за ваквите сценарија, дури и тие се почуствуваа одговорни за нашето здравје и благосостојба, па на својата официјална веб-страна напишаа:

  „Како што календарот кој што се наоѓа во вашата кујна нема едноставно да престане да постои по 31ви декември 2012 година, така и календарот на Маите нема да исчезне по 21ви декември годинава. Овој датум, во календарот на Маите значи дека за нив, завршува еден прилично долг циклус, но исто како и на сите други календари кои ќе започнат со 1ви јануари 2013г, така и нивниот календар продолжува со уште еден друг -долг циклус.“ 

  Е сега, откако ги кажавме веќе на сите добропознатите и досадни факти и претпоставки за приближувањето на (не)судниот ден, еве неколку идеи за тоа како да си поминете убаво до пристигнувањето на овој петок, а и по него:

*Ах да, да не заборавиме: Ако испадне дека сме биле премногу скептични, и крајот на светот навистина дојде, ве молиме однапред примете го нашето извинување.  И така нема да бидеме во состојба да го мотивираме ’дечкото’ кој ќе треба официјално да го објави јавното извинување.

1) Понудете или заминете на апокалиптично патување. Ова посебно важи за туристичките агенции. Француското село Бугарараш верува дека ќе биде единственото место на светот кое ќе го преживее 21ви декември. Или, можете да го посетите ’оригиналното место’ каде  Маите го предвиделе крајот на светот - Каукун во Мексико, во кое хотелите и рестораните наголемо се спремаат да ви понудат јадење и пиење како да не постои утре.

  Компанијата „Lonely Planet“ пак, излезе со иновативна понуда за своите клиенти, со мини-турнеа во земјата на Маите, каде можете да го посетите и малото село „Xul“ населено со потомци на староседелската-мајанска цивилизација. Агенцијата „Expedia“ пак излезе со попусти и бесплатни ноќевања за патниците кои ќе се одлучат својот одмор да го потрошат во овој дел на светот, и тоа со прилично интересно мото „зошто?...а зошто пак да не!“

  „Pinterest“ е сито така полн со предлози за тоа каде можете да одите и што можете да правите. Нашите комшии – србите, исто така имаат свој фаворит. Хотелите близу планината ’Ртањ која наводно е прастаро мистично место, тријат раце од се поголемата заинтересираност на оние кои веруваат дека токму тука е ’спасот’ од крајот на цивилизациите. Ако сте љубител на музика пак, има нешто и за ваша душа: официјален дочек на ’крајот’ со „најдобрите спиритуални лидери“ под пирамидите на Маите – во форма на музички фестивал... каде што собраните средства од оваа намена ќе одат во добротворни донации (?!).

teotw-a2) Купете малку акции. Инвеститорите имаат  навика, намерно да ги снижуваат цените на акциите – скоро и до минимални вредности, само за да можат подоцна истите да ги купат и препродадат по повисоки цени. 

  Но, за да бидеме реални, мора да напоменеме дека не е само календарот на Маите тој што ги намалува и обезвреднува акциите на компаниите или државните обврзници. Тука се американската ’фискална бездна’ која, ако се случи, ќе значи значително зголемување на даноците на сите слоеви од општеството во САД. Тука е и нам добропознатата ’европска должничка криза’, но и се позачестените најави за ’Кинеска економска парализа’.  За добро упатените, сега е вистинското време да се делува, и да се купуваат квалитетни акции со добар потенцијален раст. Списанието „Forbs“ илзезе со своја анализа во која препорачува купување на акции од три компании кои се смета дека ќе остварат значителен профит од потенцијалната паника. Библијата за инвеститори „Barron’s“ пак, дава кратки совети како да се искористи стравот од тргувањето на финансиските пазари, и како да се направи дополнителен профит.

3) Чувајте само готовина. Ако крајот на светот не дојде, а сепак луѓето ги фати паника, кредитните картички и инвестициските проекти кои сте ги планирале нема многу да ви се најдат. Акциите може драстично да паднат, а позајмувачите да ги стопираат своите кредити и позајмувања на капитал додека да трепнете. 

  Затоа, во овој период добро е да се воздржите од било какви големи вложувања, затоа што вашите пари ќе бидат само мали бројки на нечив компјутер, па затоа е многу важно да имате готовина при себе во секое време – советува Артур Бредли, инжињер во НАСА, во својата книга „Прирачник за практична подготовка на вашето семејство за катастрофи“. Колку пари се доволно? Никој не знае, ама добро е да бидат во ситни апоени.

4) Тргнете го настрана златото и среброто. Паметните инвестирори се подготвуваат за најразлични можни сценарија, па и за крајот на светот – колку и налудничаво тоа и да звучи. Но, кога се би исчезнало, вклучувајќи ги и официјалните валути, добро е покрај залихите за храна, да се имаат настрана и неколку благородни метали. Се претпоставува дека, тие нема да изгубат на цена ниту при ваквите апокалиптични сценарија.

  Но, во случај на сеопшта финансиска криза, ретко дека ќе најдете некој што ќе ви го замени златото и среброто за пари, или пак за храна. Ама вреди да се размисли за позајмување, со што ќе можете да заработите и до 6% камата на златните, и до 10% камата на сребрените метали, вели експертот Луис Скатигна – сертифициран финансиски планер и експерт.

  Исто така, г-динот Скатигна вели дека е добро ако ги тргнете настрана, и ги складирате оние работи кои можеби не се особено важни за вас, но се важни за другите луѓе кои се наоѓаат во итни случаеви. Како на пример: храна, вода, облека, лекови, кафе, алкохол,батерии или свеќи, односно работи кои можат да ви послужат во замената за некои други работи, кои вам ќе ви бидат од корист.  

myan party5) Направете журка. И така веќе владее новогодишна еуфорија, па зошто да не ги отфрлите старите досадни дедо-мразовски капи и сувенири и да ги замените со теми како “Сакам пиво за крај!“. Верувајте – сите ќе сакаат да присуствуваат, и секако долго ќе се зборува за вас (или вашиот бизнис) – се разбира, ако крајот на светот се одлучи да не се појави на вашата забава.

  Составете листа од најдобрите песни за слушање (може и ваква), и нарачајте ја на локалните радио-станици... или пуштете ја познатата нумера на REM - „It’s the end of the World and we know it!“. 

  Ако имате кафич или кафана, нема да се мачиме да ви објаснуваме што треба да направите...

6) Каснете троа мексиканска храна—или некоја егзотична, па може и сродна кујна.

  Ако имате бизнис/роднини во/со Америка, веќе знаете дека треба да се упатите кон јужната граница. За тие што имаат роднини во Њујорк, правец до најблиското место со ’тако’, истото важи и ако имате било каков социјален однос со лондончани, или пак имате прв-братучет во Хонг-конг. На вашите познаници во Сиднеј може да им го препорачате автентичниот ланец на мексиканска кујна „Guzman & Gomez“.

  За сите што ќе заглават во Македонија посебно, или во Скопје одделно, најблиску до Маите ќе може да се почуствувате на улица Македонија бр. 11. Ако ептен сакате да испаднете шизици како „TGI Fridays“, може да ги повикате своите муштерии кај вас на ’демек-последниот-оброк-од-вашиот живот’ со едно соопштение слично на нивното.

7) Останете дома и читајте за други предвидени, а неоставери апокалипси. На пример, може да прочитате како познатата религиска група ’Јеховини Сведоци’ своевремено тврдела дека луѓето родени до 1914 ќе успеат со свои очи да го видат крајот на светот, за после да се премислат во 90-тите години на минатиот век.

  Минатата година пак, англиската обложувалница „Lendbrokers“ даде коефициент од 666.666:1 за остварување на предвидувањето на американското движење „The Rapture“, кое веруваше дека светот ќе престане да постои на 21ви мај 2011 година.

  Нострадамус, Баба Ванѓа, Библијата, Куранот, Y2K или било коe друго предвидување за крајот на светот можат да ве направат ’верник’ во апокалипсите, неодлучен, или едноставно да ве поттикнат на активности од кои може дури и да направите некаков дополнителен профит.

  Во било кој случај – бидете и останете подготвени.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 18 Декември 2012 11:50 )  

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Основај Бизнис Процедура Упатство за апокалипса: како да заработите/заштедите од крајот на светот