Истражете го патот на вашиот успех

Нов бизнис: крадени миленичиња за откуп

Е-пошта Печати PDF

lost petКрадците се сетиле на нов вид на заработка, кој им носи помалку ризик. Се поголем број случаи во Европа а и на Балканот на кражба на домашни миленичиња. Кучиња и мачиња се киднапираат, намамуваат а потоа крадците чекаат сопствениците да понудат награда. Доколку не видат се јавуваат и бараат пари за да им дадат информација каде им го виделе миленичето.

  Крадците и во Србија веќе се во тек со новиот тренд. Тие ги пратат сопствениците, гледаат кога и како може да го намамат миленичето. Понекогаш ги следат со недели за да видат по која маршута шетаат и слично.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Бизнис лекција: Понекогаш треба да имаш ма...а!

Е-пошта Печати PDF

02_richard_bransonПриказната која што ќе Ви ја раскажам е базирана на вистинската случка, кој што се има случено на една млада британска новинарка на самиот почеток на нејзината кариера. Првата задача која што е има добиено беше да направи репортажа со познатиот британскиот милионер – Ричард Бренсон. Интервјуто беше договорен без проблем и таа замина за Лос Анџелес каде што требаше да се состани со Ричард. Стигна до неговата резиденција, седнаа покрај базенот каде што се одвиваше интервјуто. Таа беше малку збунета, но тој од друга страна беше релаксиран и полн со разбирање. Кога го завршија интервјуто таа му постави едно прашање – „Гледајте, никогаш нема сама себеси да си опростам, доколку не Ве прашам...да претпоставиме дека сте на самиот почеток на кариерата и да барате некоја бизнис шанса, да инвестирате во нешто а да немате голема сума на пари, во што би инвестирале?“

Самиот Бренсон се замисли, почна да гледа во далечината, па потоа почна да го анализира базенот и околијата околу него, забележа нешто и рече – „Погледнете ги овие грејачи кој што се во облик на големи чадори, верувам дека сега прв пат ги забележувате. “. Таа му одговори дека ги има видено, но само во С.А.Д. „Видете климата во Европа, е во принцип поладна неголи во Лос Анџелес. Верувам дека сопствениците на кафулињата и на рестораните би сакале да ја продолжат сезоната на отворените бавчи за барем уште еден месец или евентуално два, доколку го имаат овој уред. Компанијата која што ги произведува е се уште млада компанија и верувам дека би договориле поволни услови за да добиете ексклузивно застапништво за Европа“ изјави Бренсон. Новинарката му заблагодари на издвоеното време и на дадените одговори и замина во својот хотел.

Таа беше заинтригирана во врска со потенцијалната бизнис идеја, ги пронајде контакт информациите на компанијата која што ги произведува овие грејачи. Од компанијата му рекоа дека се спремни да ги отстапат правата за Европа за 10.000 долари. Понудата беше примамлива, а новинарката имаше близу 10.000 долари на лична заштеда, но што ако ја инвестира вкупната заштеда а бизнисот пропадне? Сепак никој нејќи да ризикува толкава сума на пари. Денес готово секој локал со бавча има инсталирано неколку вакви грејачи или барем некој сличен уред. Са само дваесет години, оваа индустрија денес вреди неколку стотини милиони долари.

Но малку и за господинот кој што го предложи инвестирањето. Ричард Брнесон денес, е сопственик на неколку стотини компании кој што работат во рамките на Вирџин група. Беше доста лош ученик, поради дислексија. Продавницата на грамофонски плочи како и дискографската куќа, му беа првите бизниси. Дискографската куќа објави неколку десетици култни албуми како што беше Tubular Bells (Mike Oldfield). Бренсон е човек кој што ги руши границите, кој што ги соборува рекордите. Тој претставува еталон за храброст да се проба и да се направи нешто  што на прв поглед изгледа невозможно.

Во приказната во врска со грејачите, тој не ја нарави повеќемесечната анализа на пазарот, не направи бизнис план, не инвестираше во истражување и развој. Направи едноставна cost/benefit анализа и донесе одлука, бидејќи нема време за губење. Неговата анализа покажа дека сумата од 10.000 долари е сосема коректна цена за конкретна можност.

Но не е Ричард единствен човек кој што ги руши рекордите и поставува нови граници. Стив Џобс, Џорџ Лукас, Опра...како и сите оние кој што создадоа нови индустрии  или год корен ги променија веќе постоечките индустрии, не бараа помош од експерти за да им речат што да прават. Сетете се на лекцијата за стратегијата и тактиката. Тие знаеја што, нив ги интересираше како. Специјалистите се добри но тие се тесно специјализирани. Тие даваат феноменални одговори, доколку имате адекватно прашање.

Кога го прашаа Акито Морита, човекот кој што го создаде SONY, како успеа, тој им одговори – „Мојата најголемата помош беше всушност неспособност на западните бизнисмени да се покрената и да направат чекор во некоја насока, без многу истражување“

Понекогаш едноставно мора да имаш „ Cojones“

*Оригиналниот текст е превземен од: FTW - For the win, 11, ноември 2012г.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Мерки за штедење: европските синдикати штрајкуваат, македонските поднесуваат иницијативи

Е-пошта Печати PDF

2012_14nov_2

Милиони работници во дури 120 градови во Европа денес ќе протестираат против мерките за штедење. 14-ти ноември е наречен Ден за акција и солидарност.

  На повик на „Конфедерацијата на европските синдикати“, протести организираат околу 40 синдикати во 23 земји. Слоганот на конфедерецијата е "For Jobs and Solidarity in Europe. No to Austerity“. (За вработување и солидарност во Европа. ’Не’ за штедењето!)

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Бизнис лекција: Стратегија и тактика за почетници

Е-пошта Печати PDF

460px-Rommel_with_his_aidesГолем број на луѓе ги мешаат овие поими. Па така често пати за стратегијата велат дека е тактика и обратно. Па да направиме дистинкција, поточно да ги дефинираме овие поими – стратегијата е пошироката слика, додека тактиката се сите оние минијатури во рамките на стратегијата. Тактичарите се специјалисти за индивидуални задачи, стратезите се тука да надгледуваат и да ја насочуваат целата работа. Еден стратег може да раководи со повеќе тактичари. Доколку е добар и доколку ги избра вистинските соработници, се што треба да направи е да каже што треба да се направи и на тактичарите им остава да ја реализираат задачата. Подобрата тактика ги добива битките, но подобрата стратегија ги добива војните. Доколку почнете да го читате Сун-цу или некој друг голем генерал, ќе разберете дека се што е битно за менаџментот е речено уште пред неколку стотина години кога и не постоеше теоријата за менаџмент.

Да ли слушнавте за Ервин Ромел? Ервин Ромел е еден од најкреативните германски генерали, кој што својата слава ја стекна за време на втората светска војна. Неговите противници го нарекуваа “Пустинска Лисица”. Беше неконвенционален, не беше обичен војник, кој што ги слуша наредбите по „default“, туку секогаш ја анализираше вкупната состојбата и врз основ на анализата донесуваше одлуки. Тој сметаше дека клучот на успех е во константното движење и прилагодување во тоа движење. Нема време за чекање и размислување. Знаеше дека овој пристап нуди разновидност, нуди можност да се проба нешто што никој друг нема испробано, да се пробаат алтернативните решенија, кој што во нормални услови не се достапни.

Пред да ја почни својата кампања во северната Африка, Германците поминуваа низ Франција и во еден момент беа нападнати од страна на преку 100 британски и француски тенкови. Тешкиот оклоп на тенковите успешно ја одбиваше стандардната против тенковската муниција од 37 mm. Германските напади не даваа никаков резултат. Тогаш Ромел издаде наредба – против авионските топови да се модифицираат, поточно прилагодат и спуштат. Овие топови ја користеа 88 mm муниција, која без проблем ги пробиваше тенковските оклопи. Ромеловата единица ја доби битката и го продолжи својот пат, а спомнатиот топ до крајот на втората светска војна остана страв и трепет за противничките тенкови.

Ромел разбра дека тактиката е таа која што краткорочно го решува проблемот, додека стратегијата ги фаворизира оние кој што имаат вишок на ресурси и вишок на време. Тактиката ги фаворизира оние кој што немаат вишок на време и ресурси па мораат да бидат креативни. Стратегијата е за оние кој што планираат, тактиката е за креативните. Ромел беше извонреден генерал, но тоа не значи дека мислам дека беше на вистинската страна во војната, ниту дека беше претерано добра личност. Но беше проклето добар генерал. Тоа го потврдија и Черчил и Монтгомери, кој што и сакаа да го убијат.

Хитлер ја изгуби втората светска војна мислејќи дека е стратег, но всушност тој беше ситен тактичар. Самиот почеток на војната му идеше во користи и имаше неколку добри решенија, но ја немаше стратегијата, премногу ситничареше, често ги менуваше наредбите. Што би рекол Мајк Тајсон – секој има стратегија, додека не го прими првиот удар.

*Оригиналниот текст е превземен од: FTW - For the win, 07, ноември 2012г.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Брикети и пелети: Дали сеуште се бизнис прилика или сон

Е-пошта Печати PDF

peletiПред нешто повеќе од година дена беа напишани едни од најчитани и најкоментирани текста на порталот Енергетска Ефикасност: Брикети и пелети: Бизнис прилика или сон и Брикети од струганици. Речиси една година покасно следуваше уште еден вирален напис Како ги добиваме пелетите кој исто така побуди големо внимание и голем број на меилови и коментари. Трите написи меѓусебе има повеќе од 240 коментари плус веројатно уште толку прашања поврзани со тие теми од написите стигнаа преку електронска пошта. Во продолжение со помош на еден мал прашалник со одговори верувам дека ќе се дојде до одговор на едно поголемо прашање – Дали брикетите и пелетите се сеуште бизнис прилика или не?

Има ли побарување за пелети/брикети во Македонија?

Побарувачката за пелети и брикети никогаш не била поголема од годинава и впечаток е дека таа ќе расте и во годините кои доаѓаат. Според фирмите кои нудат горилници за пелети/брикети интерес има голем како за нивните горилници така и за набавка на пелети и брикети. Она што е заедничко за сите е што речиси сите ги увезуваат пелетите/брикетите воглавно од Србија. Ланската грејна сезона дури се јави и недостаток од пелети на пазарот за кој беше пишувано во некои медиуми. Поентата е дека е отворен пазар со постојана  и растечка побарувачка и има простор за секој оној кој сака да се занимава со производство на пелети и брикети.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

Последно освежено ( Среда, 07 Ноември 2012 08:56 ) Повеќе...
 
Страница 3 од 25

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8015
61.1865
USD
52.6418
52.118
GBP
67.7722
67.0979
CHF
54.7546
54.2097
SEK
6.4802
6.4157
NOK
6.6323
6.5663
JPY
0.4827
0.4779
DKK
8.3108
8.2281
CAD
41.5919
41.1781
AUD
41.6733
41.2586
Превземено на 21.08.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис