Истражете го патот на вашиот успех

Вложување во почетен бизнис

Е-пошта Печати PDF

За да отпочниме да работиме било која работа ни се потребни одредени средства. Исто така кога ке почниме со сопствен бизнис нам ни се потребни средства за да го отпочниме работењето. Ни е потребна опрема, репроматеријал, готовина за да е нормално работиме планираната дејност. Покрај  тоа неопходни ни се разни дозволи и сертификати за да почниме со одредена дејност (HACCP сертификат, ISO сертификат, лиценци ...)  Сите тие вложувања можиме да ги поделиме во три групи:

  1. Вложувања во стални средства
  2. Вложувања во обртни средства
  3. Нематеријални вложувања

Е сега да видиме што спаѓа во стални, што во обртни средства а што во нематеријални вложувања

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 27 Април 2011 18:46 ) Повеќе...
 

Финансиски план - вовед

Е-пошта Печати PDF

finplanОд кога ке почните да размислувате за сопствен бизнис, порано или покасно ќе дојдите до фаза каде ќе се прашате колку ќе ве чини влегување во авантура наречена сопствен бизнис. Исто така ќе се прашувате да ли бизнисот ќе ми овозможи да „вадам пари„, колку ќар ќе ми донеси, од каде ќе го финансирам почетниот бизнис...итн? Одговор на овие прашања ќе ги добиеме ако направиме една реална финансиска конструкција-финансиски план. Финансискиот план представува клучен елемент на секои бизнис план, ги обвединува сите други елементи на бизнис планот и што е најбитно ви дава одговори на клучните прашања кои се наметнуваат на самиот почеток на самото размислување за отпочнување на сопствен бизнис.

Финансискиот план, покрај маркетинг планот представува најзначаен дел на секои бизнис план. Самиот значај на финансискиот план се гледа во фактот, што тој ни врз основ на бројки (квантитативни показатели) се донесува одлука за исплативост или неисплативост на инвестирање.

Исто така врз показателите во финансискиот план, сполните инвеститори (банки, стратешки партнери итн.) донесуваат конечна одлука да ли ќе Ве подржат во Вашата одлука за отпочнување на нов или проширување на постоечкиот бизнис.

Самиот финансиски план се состои од неколку  делови:

  1. Вложување во бизнисот
  2. Извори од каде ќе се финансира бизнисот
  3. Предвидување на приходите и расходите
  4. Предвидување на финансискиот резултат-БИЛАНС НА СОСТОЈБА И БИЛАНС НА УСПЕХ
  5. Предвидување на готовинскиот тек - cash flow анализа
  6. Графикон на рентабилност - профитабилност на бизнисот
  7. Финансиска анализа

Во идните постови ќе подетално ќе ги објасниме сите делови на финансискиот план.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 27 Април 2011 18:48 )
 
Страница 25 од 25

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8025
61.1875
USD
52.3484
51.8275
GBP
70.0311
69.3343
CHF
52.963
52.436
SEK
6.2061
6.1444
NOK
6.3175
6.2546
JPY
0.4666
0.462
DKK
8.302
8.2194
CAD
41.0103
40.6022
AUD
40.1784
39.7787
Превземено на 18.12.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис