Истражете го патот на вашиот успех

Одредување на цени според психологијата

Е-пошта Печати PDF

scr„Цената е она што го плаќаме. Вредноста е она што го добиваме.“

Ворен Бафет,
бизнис магнат

  Постои фасцинантна психологија позади тоа како се одредуваат цените за купувачите. Единствено штета што во сите варијанти ние губиме.

1. Вашиот мозок не го бидува премногу за попусти. Нарачуваш кафе. Имаш две понуди: да добиеш 33% повеќе кафе или да добиеш 33% попуст на регуларната цена. Што е подобро?

  Во истражувањето на Журналот за Маркетинг, најголемиот дел од испитаниците одговориле: исто е. И не биле во право. Ваквите понуди изгледаат дека се еднакви, ама математиката е дека попустот од 33% ти е всушност раст од 50% во квантитетот.

  Еве ја математиката: Стандардно кафе да е 1 долар за 150 милилитри (0,33 долари за 50 милилитри). Со првата понуда добиваш 200 милилитри за 1 долар (или 0,25 долари за 50 милилитри), а со втората понуда добиваш 150 милилитри за 0,66 долари (0,22 долари за 50 милилитри).

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Од идеја - до бизнис

Е-пошта Печати PDF

business-work-out

„Ако имате брилијантни идеи, но не можете да ги презентирате, вашите идеи нема да ве одведат никаде.“

Ли Лакока
Поранешен претседател на Крајслер

  Во свет каде малите бизниси се основното движечко јадро на деловниот свет, успехот на ’малите играчи’ често се должи на комбинација од: одлична идеjа, упорност, компетентност, желба за успех  и одличен  маркетинг.

  И додека големите компании често се посветени на стратегија за освојување на нови пазари и трансфер на технологија која би го усовршила постоечкиот производ, без дополнително истражување за нови идеи, потенцијалот за успех на претприемачите и малите бизниси е во иновативната идеја.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Бизнис лекција: Стаорците се попаметни од луѓето!

Е-пошта Печати PDF

rat-maze-cheeseЗамислете да имате една лабораторија и во неа стаорци. Да направиме еден мал експеримент. Направете една мала инсталација со вкупно 9 тунели и на крајот од некој од тие тунели поставете едно парче на сирење. Ајде нека тоа парче на сирење биде на крајот на тунелот број 7. Од кога ова ќе го направите, пуштете го стаорецот да го бара сирењето. Тој ќе мириса, ќе застани пред секој влез и од каде што ќе осети најјака миризба ќе влези во тој тунел и ќе го изеди сирењето.

Повторете го ова и наредниот ден. Повторете го ова и во наредните неколку дена. После одреден временски период стаорецот ќе научи дека сирењето е поставено на крајот на седмиот тунел. Но по одреден временски период сменете го местото на сирењето, ставете го на пример, на крајот на третиот тунел. Стаорецот по автоматизам ќе влези во седмиот тунел и од кога ќе види дека на крајот на овој тунел го нема сирењето, тој пак ќе почне да го мириса воздухот за да го најди сирењето. Следејќи ја миризбата на сирењето тој одма ќе влези во третиот тунел, ќе го најди сирењето и ќе го изеди.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 05 Јули 2012 10:25 ) Повеќе...
 

6 работи кои би сакал/a да ги знаев кога имав 20 години

Е-пошта Печати PDF

sleep-learning16 работи кои би сакал да ги знаев кога имав 20 години и планирав да започнам бизнис…

1. Комплицирани работи не функционираат

Комплицирани бизнис планови кои не ти кажуваат што треба да направиш во Понеделник наутро за да успееш, долги состаноци, комплексен софтвер за проект менаџмент… Иако сето тоа може да ти помогне да се чувствуваш зафатен, и од таму да креира фатаморгана дека правиш нешто корисно, убаво е да се потсетиме дека успехот доаѓа од едноставен и јасен пристап.

Успехот доаѓа од едноставни планови, дефинирани улоги и јасни очекувања. Чисто и јасно да знаеш што треба да направиш во следните 5 минути за да се придвижиш кон тоа што сакаш да го постигнеш. Колку и да звучи филмско менаџерски дека си водел состанок од 4 часа, веројатно знаеш дека ефективен и ефикасен состанок може да се изведе за 40 мин и сите свежи и фокусирани да се зафатат со акција.

Со додавање на секој слој комплицираност, експоненцијално си ги зголемуваме шансите за неуспех. (Under 30 CEO 2012)

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 02 Јули 2012 09:52 ) Повеќе...
 

Клучни пораки за промоција (кои даваат резултати)

Е-пошта Печати PDF
Promote-Your-Business-at-a-Low-Expense
„Ако за некој продукт не постои промоција, тогаш се случува нешто навистина страшно... Ништо!“

Финеас Тејлор Барнум,
шоумен, бизнисмен и измамник

  Имате ли напишано и детално обработено план за промоција?

  За жал, промоцијата е оној дел од Вашиот маркетинг планот кој е најчесто занемарен иако не постои конкретна причина. Верувам дека сте зафатени со секојдневните работни активности, но не заборавајте дека:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 6 од 25

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8025
61.1875
USD
52.3484
51.8275
GBP
70.0311
69.3343
CHF
52.963
52.436
SEK
6.2061
6.1444
NOK
6.3175
6.2546
JPY
0.4666
0.462
DKK
8.302
8.2194
CAD
41.0103
40.6022
AUD
40.1784
39.7787
Превземено на 18.12.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис