Истражете го патот на вашиот успех

Пет стапици при започнување на бизнис (кои можеш да ги избегнеш)

Е-пошта Печати PDF

SANПет стапици кои можеш да ги избегнеш при започнување на бизнис

1.Нож од швајцарска армија

Една од најсвојствените претприемнички грешки е обидот да понудиш решение кое нуди многу функционалности и услуги со цел да ги реши сите проблеми на белиот свет. Иако звучи логично дека со додавање на повеќе состојки ја зголемуваме веројатноста за успех – реалноста покажува дека тоа може да биде контрапродуктивно.  Стремежот за додавање нови функционалности и цела палета на разнобојни понуди од почеток со цел да се воодушеват купувачите резултира во често збунети купувачи. Instagram не се обиде да биде сите работи за сите луѓе. Наместо тоа понуди една работа и ја направи таа [проклето] добро.  Twitter – едноставност која овозможи да порасне и да го освои светот. Во запомни започни едноставно и многу јасно – што е едно нешто што го нудиш подобро од било кој друг на светот.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Финансии во услови на криза – штедење или контролирање

Е-пошта Печати PDF

euro-crisis

Секоја криза ви дава малку поголема моќ од заслужената.“

Вилијам Молтон Марстон,
психолог

  Стандардните сметководствени податоци често се неприспособени за менаџерско управување и со самото тоа можат да им дадат на менаџерите двосмислени или недоволни информации.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како Вашиот почетен бизнис да ја преживее првата година

Е-пошта Печати PDF

business-start-upПрвата година како претприемач може да биде застрашувачка. Еве како вие може да ја направите помалку страшна. Точно е дека првата година е навистина страшна. Има два аспекта од стравот кој постои во текот на првата година. Прв е стравот од неуспехот. Што ако вие на сите им кажавте дека започнувате со бизнис, потоа не успеете па се чувствувате глупаво многу години подоцна. Другиот страв е од финансиска природа. Што ако ги потрошите парите и потоа треба да работите во Мекдоналдс?

Како и да е  првата година од почетните бизниси е навистина психолошки тешка. Еве начини како да ги намалите грижите и да се фокусирате на вистинските обврски, како што е градење на компанија од почеток.

Изберете ја Вашата локација многу внимателно

Вие не морате да се наоѓате во Силиконската долина за да започнете компанија. Всушност, тоа може да е најлошо место за вас. Тоа е затоа што тука има голема мрежа на луѓе кои може да ги вработите или може да ве најдат. Проблемот е што на Вас не ви треба ниедна од овие работи  за да започнете компанија. На вас ви е потребно време и место за да сфатите што всушност прави и каде оди вашата компанија. За да го добиете потребното време, на вас ви се потребни пари. Затоа треба да најдете некое место кои ќе ви овозможи намалување на трошоците за вие да престанете непотребно да трошите пари.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Четврток, 24 Мај 2012 18:39 ) Повеќе...
 

10-те смртни гревови на малиот бизнис

Е-пошта Печати PDF

Banana-Slip„Успехот не е перманенетен, но истото тоа важи и за неуспехот.“

Филип Адамс,
австралиски рекламен експерт и интелектуалец

  Понекогаш, се чини дека едноставно чистата среќа е клучниот фактор зошто некои компании успеваат на пазарот, додека другите не, но всушност постојат неколку вообичаени грешки што ’ги убиваат малите’ бизниси пред тие воопшто и да застанат на своите нозе.

  За да ги избегнете 10-те смртни грешки на малите бизниси, прочитајте ги и проучете ги следниве ситуации... тие можеби ќе ви го спасат бизнисот:

1. Пребрз раст

  Растот е пожелнен, но прекумерната експанзија е сериозна грешка. Желбата да се биде прв на пазарот со нов производ или услуга и обидот да докажете дека вашиот бизнис незапирливо расте може да има незапирливи финансиски преоптоварувања. Поставете реални цели за развивање на бизнисот, онака како што побарувачката налага, а не самите вие.

2. Неплаќање на финансиските долгови

  Истражувањата покажуваат дека повеќето од пропаднатите компании укажуваат на тоа дека сопствениците создаваат прекумерни долгови, кои подоцна не можеат да ги исплатат. Научете како внимателно да ги следите финансиите и гледајте да водите што подетална евиденција на готовинскиот прилив.

3. Прекумерна потрошувачка

  Многу претприемачи многу брзо го трошат почетниот капитал, што е обично резултат на погрешното планирање во бизнисот. Кога започнувате сопствен бизнис, побарајте совет од некој успешен претприемач или консултант кој може да ви помогне околу предвидувањата.

4. Недостаток на резервен капитал

  Секогаш мора да бидете подготвени за неочекувани трошоци, како што се разните набавни материјали или екстра работната рака. Затоа, имајте сигурни резервни фондови со цел да ги преживеете тешките времиња и сезонските варијации.

5. Лош избор на локација

  Не дозволувајте само ниската цена за закуп на деловниот простор да ве премисли. Размислете за конкуренцијата, или колку слични бизниси има во одредена област, размислете за транспортот, врските, приодот, видливоста, фрекфентноста, логистиката...

6. Лоша услуга

  Лошата услуга и пред се, неспособноста на вработените многу брзо ќе го потоне вашиот бизнис. Наведете колку вработени треба да ги извршуваат своите должности и на кој начин, и создадете внатрешна контрола.

7. Несоодветен бизнис-план

  Добро изработениот бизнис-план ве принудува да размислувате за иднината и предизвиците кои чекаат на вас, и се грижи за финансиските потреби, маркетинг планот, конкуренцијата и целокупната стратегија за развој.

8. Неможноста за прилагодување

  Способноста да се идентификуваат можности и храброста истите да се зграпчат, како и флексибилноста за прифатаќањето на нештата се секако клучни за опстанок.

9. Неефикасен маркетинг

  Клиентите не можат да купуваат од вас - ако не знаат дека постоите. Рекламирањето и промоцијата на бизнисот преку интернет, и преку социјални мрежи, не е преголем трошок.

10. Потценување на конкуренцијата

  Лојалноста на клиентите едноставно не се случува сама по себе - таа мора да се заработи. Следете ги вашите конкуренти и останете еден чекор понапред. Ако вие не сакате да се грижите за вашите клиенти, вашите конкуренти сигурно ќе сакаат.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Која е вашата предност на пазарот?

Е-пошта Печати PDF

inhouse-competitive-advantage

Само ’добро’ никогаш не е деоволно добро. Поставете ги стандардите толку високо, што дури и мааните да бидат сметани за одлични маани.“

Деби Филдс,
готвачка - претприемач

  Што е тоа што ве дефинира вас како компанија на пазарот?

  Во модерната економија, предноста пред конкурентите или т.н. ’компетитивна предност’ е она што вие како компанија го нудите, што е единствено и уникатно, и ве разликува од вашите конкуренти.  Добро...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 8 од 25

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8015
61.1865
USD
52.6418
52.118
GBP
67.7722
67.0979
CHF
54.7546
54.2097
SEK
6.4802
6.4157
NOK
6.6323
6.5663
JPY
0.4827
0.4779
DKK
8.3108
8.2281
CAD
41.5919
41.1781
AUD
41.6733
41.2586
Превземено на 21.08.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис