Истражете го патот на вашиот успех

Перспективни секторски трендови за 2013г.

Е-пошта Печати PDF

survey-trends-pieИмањето на одлично домеин-име едно време беше своевиден тренд во нашата индустрија.“

 

Сет Њуман,
Претеседател на Envelopes.com
 

  Се сеќавате на времињата кога футуристите предвидуваа летечки коли и бизниси од виртуелната реалност со реални пари?

  Убаво раскажаните приказни можат да го поттикнат креативниот ум на размислувања што носи иднината, но реално, само неколку од нив успеваат за кратко време да станат практика.

  Токму затоа, пред крајот на оваа календарска година, веќе по традиција – како и во изминатите години, ќе се потрудиме да ви ги доловиме неколкуте бизнис-трендови во индустриите за кои постојат доволен број на податоци дека ќе имаат солидна основа за раст, за следната 2013г. - ширум светот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Со помош на технологијата ги решаваме проблемите

Е-пошта Печати PDF

uz-pomoc-tehnologije-pametno-rjesavamo-probleme-slika-691322Го пренесуваме интервјуто направен со Марин Глибиќ и Марко Милош, авторите на проектот „Filepod“, една од идеите во финалниот дел на натпреварот „Со паметна идеја до успех“.

Еден од проектите кој што влезе во финале на самиот натпревар е и проектот „Filepod. За што се работи и кој стои зад ова интересна идеја, ќе прочитате во продолжението на интервјуто со Марин Глибиќ и Марко Милош, членовите на тимот кој што го создаде „Filepod“.

Зошто се одлучивте да се пријавите на натпреварот „Со паметна идеја до успех “? Да ли советите кој што ги добивте од членовите на комисијата ќе ви помогнат во реализацијата на самата идеја?

Марко: Читајќи ги интернет порталите, пронајдовме информации за самиот натпревар и одма добивме идеја дека овој настан е идеален да го претставиме нашиот проект. Исто така концептот на самиот натпревар не бендиса и одлучивме да се пријавиме. На крајот на натпреварот ние од 178 пријавени проекти бевме избрани помеѓу 5 најдобри. Не оти го освоивме оваа високо место, но мораме да ја пофалиме „Паметната куна“ и „24часа“ поради можноста за учеството. Сите совети и критики добиени од страна на жирито се земени во предвид и се искористени за да го унапредиме проектот и неговиот деловен план. Бидејќи членовите на комисијата беа искусни претприемачи, некој прашања не ги ни очекувавме. Но на крај на целиот процес ние добивме одредено искуство кое што со сигурност ќе го искористиме за унапредување на нашиот проект.

Како дојдовте на идеја за овој проект?

Марко: Ние како тим се запознавме на колегиумот „Проект“ минатата година и по одредено време се пријавивме на App Start Contest (ASC) каде што работевме мобилна апликација а на тема дадена од страна на спонзорот на настанот. Размислувавме за тоа како да го унапредиме работењето на одредените дејности со користење на модерни технологии како што се паметните телефони. Видовме дека компаниите кој што имаат голем број на теренски работници и воопшто кој што голем дел на своето работење го работат на терен имаат проблем во организација на работните задачи како и комуникациски проблеми. Одлучивме дека треба да се создаде систем кој што ќе го олесни работењето на техничарите на теренот како и на организаторите во канцеларијата.

Што мислете, какви ви се шансите во финалето? Да ли верувате дека вашиот проект може да победи во натпреварот?

Марин: За да имаме добро организирана теренска работа, ние треба да имаме што повеќе информации. Исто така тие информации мораат да бидат точни и нови. Информациите доаѓаат од различни насоки и организаторот имаат тешка задача да ја согледаат вистинската состојба на самиот терен. „Filepod“ во реално време ги собира теренските информации, логички ги поврзува и истите ги презентира на организаторот на работата. Со ваков начин на работење на апликацијата, таа ни овозможува донесување на брзи и квалитетни одлуки, што автоматски доведува до заштеда на време и на пари, а поради брзите реакции на екипата, клиентите се позадоволни.  

Она што е факт е дека одредени компании покажаа интерес за нашата апликација. „Filepod е софтверско решение кое што ја користи cloud технологијата па од тие причини има ниски трошоци на користење и  побрз поврат на инвестицијата. Потпирајќи се на Machine to machine (M2M) комуникација, направивме паметно решение кое што може лесно да се користи.

Каде се гледате за пет години?

Марин: За пет години сакаме да бидеме профитабилна компанија, која што ќе работи и надвор од Хрватска. Во континуираната соработка со нашите клиенти сакаме да го подобруваме нашиот систем, а се со цел што поефикасно да ги задоволиме нивните потреби. Верувам дека постои голем број на стопански гранки кој што можат да го унапредат нивното работење со користење на паметни апликации. Се надевам дека „Filepod“ ќе биде едно од голем број на решенија со кој што може да се унапреди работењето на секоја компанија.

Да ли имате некоја порака за оние луѓе, кој што можеби поради стравот и покрај тоа што имаат добри претприемачки идеи не се одлучија за приватен бизнис?

Марин: Едноставно, морате да разберете дека доколку имате идеја а таа идеја не ја реализирате вие всушност имате пропадната идеја. Ако ја започнете реализацијата на  вашата идеја имате шанси за успех. Секако дека треба да се започне со реализација на идејата, па и ако пропаднете ви останува искуство. Во секој случај вреди да се почни, бидејќи крос работењето на реализацијата на самата идеја можете да ги проширите вашите видици, да запознаете нови луѓе, да научите нешто ново или пак да добиете некоја нова идеја. 

Извор:24sata.hr

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 11 Декември 2012 09:56 )
 

Mаркетинг трендови за 2013г.

Е-пошта Печати PDF

Ideas for Social Media 2013-500x280Ако не знаеш каде одиш, никогаш нема да стигнеш таму.“ 

Јоги Бера,
легендарен безбол играч и тренер

  Во 2012г. светот на маркетингот претрпе многу промени. Го видовме подемот на „Пинтерест“, неколку големи спојувања и превеземања на компании, неколку агресивни стратегиски ’рекламни-војни’, па неколку правни битки помѓу „Епл“ и „Самсунг“, и гледавме како „Фејсбук“ го достигнува својот милијардити корисник... и секако видовме како еден релативно анонимен јужнокорејски пеач достигнува светска слава преку „Јутуб“.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

„Фонд за иновации“ ќе го потпомага претприемништвото

Е-пошта Печати PDF

ss 1Фонд за иновации и технолошки развој, кој ќе доделува грантови, заеми и пари за техничка помош, ќе биде основан в година - е најновиот проект на Владата на Македонија.

  Владата уште отсега ги повикува компаниите, но и заинтересираните лица, студенти и научници да почнат со подготовка на проекти и планови за развој на бизнисите. Фондот ќе овозможува многу опции и инструменти, и тој ќе биде од голема корист за економскиот развој- нагласи потпаролот на Владата - Александар Ѓорѓиев.

  Целта на Фондот, ќе биде поттикнување и финансирање на иновациите и поддршка на бизнис секторот, а ќе се развива во две фази.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Што се случува со „Топлификација“ и струјата?

Е-пошта Печати PDF

  2010021720565956Вчера „Макпетрол" најави дека од денеска ќе ја запре испораката на гас и на мазут кон "Производство на топлина", фирма ќерка на "Топлификација", поради долг од 105 милиони денари, или приближно 1,7 милиони евра. "Производство на топлина" е една од носителите на лиценцата за производство на топлинска енергија и, како дел од "Топлификација", со неа управува групацијата кон која и припаѓа и комбинираната централа "ТЕ-ТО" во Скопје.

 "За можните последици врз снабдувањето на граѓаните и на стопанските субјекти со топлинска енергија, „Макпетрол“ нема да сноси никаква одговорност, бидејќи потегот е изнуден заради заштита на интересите на акционерите на „Макпетрол" - стоеше во вчерашното соопштение на „Макпетрол".

  Доцна синоќа, Владата соопшти дека по нивното експресно реагирање и посредување во спорот, истиот ќе биде решен: "Информираме дека со посредство на Владата е надминат предизвикот меѓу приватните компании во врска со снабдувањето на граѓаните и субјектите со топлинска енергија, и граѓаните и субјектите ќе бидат снабдувани со топлинска енергија", стои во соопштението на Владата.

  Во меѓувреме, ниту „Топлификација“, ниту „Макпетрол“, ниту Владата не кажуваат како е решен вчерашниот спор меѓу двете компании и дали трајно е решен проблемот, кој многу лесно може да ги остави жителите на Скопје без парно греење. Владата вчера само за час и половина по најавата на Макпетрол дека ќе го стопира гасот за Топлификација експресно го реши спорот, но не кажа како е направено тоа.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 2 од 25

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7912
61.1764
USD
52.548
52.0252
GBP
69.3115
68.6219
CHF
53.7128
53.1784
SEK
6.4491
6.385
NOK
6.6257
6.5598
JPY
0.4683
0.4637
DKK
8.3009
8.2183
CAD
41.9179
41.5008
AUD
41.2106
40.8006
Превземено на 18.10.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис