’Место за мечтаење’ пред бизнис-план

Е-пошта Печати PDF

best-business-plan-panoramicУспехот е само прашање на среќа... само прашајте некој што неуспеал! “

Ерл Вилсон,
комичар-колумнист 

  Бизнис-планот што пробува најдетално да ги опише сите работи што требаат да се случат во иднина, едноставно е осуден на пропаст уште пред да го испечатите од својот компјутер!

  Сте се запрашале ли некогаш зошто скоро 75% од бизнис-плановите не успеваат да ја доловат вистинската слика за иднината на бизнисот за кој се пишувани? И подоцна фаќаат прашина таму некаде на некоја полица без да бидат преразгледани и ревидирани? А претприемачите кои ги изработиле се борат да го оддржат бизнисот во живот?

  Тоа е така затоа што обично сме научени (тренирани) да размислуваме рационалистички, или народски кажано: ја трескаме главата за да напишеме еден мизерен бизнис-план.  А тоа е веќе застарено. Плановите кои ја немаат својата пасија, возбуда или личната цел на претприемачот, се само логички приказ на околностите кои и неможеме многу-многу да ги контролираме.

  Во праксата, претприемачите –почетници најчесто ги даваат следните 2 одговори кога се запрашани зошто сакаат/треба да изготват бизнис-план:

  1. Затоа што ни треба за да побараме пари од некого/некоја институција ;
  2. Затоа што така прават модерните бизниси на запад/во ЕУ/ низ светот.

  Денешните бизниси, и темпото и начинот на нивно настанување и работење бараат сосема друг пристап на планирање: создавање на бизнис ’од срце’. Што значи ова? Ова значи дека успешните претприемачи досега не создавале нешто ново врз основа само на рационалното и логичко размислување, туку создавале нешто ново врз база на промената која сакаат да ја внесат во нивниот бизнис. Планирањето со пасија најпрвин значи да погледнете длабоко во себе и да ја откриете онаа мала нишка која што ’ве влече’ кон она подоброто што сакате да го постигнете.

  Пробајте, на пример, пред да седнете и да го пишувате вашиот бизнис-план да застанете во вашата омилена просторија во домот, или на некоие ваше омилено место и да размислувате малку за бизнисот ама не од причинско-последична перспектива, туку од лична, мотивирачка смисла: што сакате да изградите? каков бизнис сакате да создадете? кој се ќе има корист од него? во каков бизнис сакате тој подоцна да прерасне? каква корист ќе им донесе на клиентите? дали вашите деца би се гордееле со него?

  Подоцна седнете и напишете тактички план како да ја остварите целта за која рамислувавте на овој начин... ќе ја видите разликата. А таа е вашиот однос кон она што сте го напишале – вашиот личен однос кон планот ќе ја имаа онаа пасија и емоционална поврзаност со парчето хартија од кое подоцна ќе изникне вашиот сопствен бизнис.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Бизнис План ’Место за мечтаење’ пред бизнис-план