Најважните ’состојки’ на еден почетен бизнис

Е-пошта Печати PDF

ingredients_b

Секогаш ја правиме истата грешка: планираме премногу, а мислиме премалку!“

Џозеф Шумпетер,
австриски економист –
зачетник на концептот за  т.н. ’креативна пропаст’

  Добрите бизнис-планови се повеќе се засновани на посилни работи од самата ’визија’ на претприемачите. Во поново време, само идејата за бизнис – која до сега беше клучна, и се чини пренагласена компонента од која поаѓаше целиот процес на планирање е веќе застарен процес...

  Така барем мислат Стив Бланк и Боб Дорф во својата книга „Прирачник за почетници во бизнисот: чекор-по-чекор во основањето на успешна компанија“. За да се развие еден успешен бизнис уште на почетокот, според авторите, ќе ви бидат потребни 9 основни состојки:

the_9elements-concept

1. Вредност на идејата – или како производот/услугата е уникатна, какви придобивки носи кон клиентите, како се разликува од конкуренцијата, и на крај- колку брзо ќе добие фидбек од самите купувачи;

2. Сегмент на потрошувачи – или кои се потенцијалните клиенти и кои се проблеми им ги рашава она што го нудите;

3. Канал на дистрибуција - како она што го нудите ќе стигне до крајните корисници;

4. Односи кон потрошувачите – како ќе креирате побарувачка за вашиот продукт;

5. Структура на трошоци – кои се фиксните и варијабилни издатоци за да го произведете производот или услугата;

6. Клучни активности – што се морате да направите за да почнете да оперирате нормално;

7. Клучни ресурси – добавувачи, опрема и останати елементи круцијални по бизнисот;

8. Клучни партнери – лица или компании без кои нема да може да профункционира концептот на бизнисот;

9. Приходи – или првични прогнози за приходите и профитот.

  За почетокот, кога идејата е во почетна фаза на евелуација, доволно е разгледување на првите четири точки. Подоцна, можете да навлезете во подлабока анализа и на преостанатите.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Бизнис План Најважните ’состојки’ на еден почетен бизнис