Од идеја - до бизнис

Е-пошта Печати PDF

business-work-out

„Ако имате брилијантни идеи, но не можете да ги презентирате, вашите идеи нема да ве одведат никаде.“

Ли Лакока
Поранешен претседател на Крајслер

  Во свет каде малите бизниси се основното движечко јадро на деловниот свет, успехот на ’малите играчи’ често се должи на комбинација од: одлична идеjа, упорност, компетентност, желба за успех  и одличен  маркетинг.

  И додека големите компании често се посветени на стратегија за освојување на нови пазари и трансфер на технологија која би го усовршила постоечкиот производ, без дополнително истражување за нови идеи, потенцијалот за успех на претприемачите и малите бизниси е во иновативната идеја.

  Доколку за пример земеме компанија која прави кујнски апарати, бројни студии укажуваат на фактот дека компанијата не е заинтересирана за иновативни идеи од иноватори, кои на пример би и понудиле нова технологија за производство на лим. Овој факт пред се се должи на констатацијата дека целокупниот асортиман на репроматеријали од типот на прекинувачи, лим и останато, се од познат добавувач. Причината е едноставна, компанијата отфрла идеа која е надвор од основната дејност. Но, често клучна улога за отфрлање на овие револуционерни идеи се и финансиските средства, бидејќи пазарната стратегија на големите организации најчесто се базира на големи продажни проекти.

  Претприемачи: Шансата е тука!

  За таа цел, во прилог се наоѓаат неколку совети, како вашата идеја да се претвори во успешен бизнис:

  • Започнете со една идеја, која е резултат на вашите страсти, цели, компетенции, ресурси и толеранција за ризик;
  • Размислувајте за сите ’агли’. Проценете ја идеата објективно, темелно и на аналитички начин, притоа не занемарувајќи ги и според вас т.н. ’неважни’ сегменти;
  • Имајте повратна информација (freed-back). Контактирајте со луѓе кои веќе имаат искуство, добро го познаваат пазарот, потенцијални клиенти, претходници, конкуренти. Секоја информација е важна.
  • Соодветно одговорете на повратните информации. Направете адаптација на првобитниот концепт, бизнис-план, производ, идеја, пазарна стратегија, согласно новите сознанија;
  • Изградете го основниот производ/услуга;
  • Започнете!
  • Постојано тестирајте го ’тоа’ што го правите и ’како’ го правите. Секогаш може подобро;
  • Направете прилагодувања;
  • Растете;
  • Проширете се!
*Автор: м-р. Иво Кузманов
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 23.09.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Бизнис План Од идеја - до бизнис