Дефинирајте ги целите за бизнис-планот

Е-пошта Печати PDF

plan-cbo

Сите имаме план – се додека не не треснат в лице!“

Мајк Тајсон,
поранешен светски шампион во бокс

 

  Затворете ги очите. Замислете дека веќе пет години сте сопственик на мал бизнис...

  Каде сакате да бидете? Дали сакате да бидете сопственик на мал бизнис, кој воопшто не се развил за тие пет години или сте сопственик на фирма која секојдневно се развивала? Дали е тоа што го замисливте на почетокот и дали ги исполнивте сите свои замисли? Дали можело да биде поинаку?

  Одговорот на овие прашања е многу важен сегмент за пишување на квалитетен и успешен бизнис-план. Една стара поговорка вели “Доколку не знаеме каде сме тргнале, никогаш нема ни да стигнеме таму”. Пред да почнете да пишувате бизнис-план, треба да ги дефинирате вашите цели. Направете список за основните цели на вашиот мал бизнис. 

  Кога вакво нешто ќе ставите на хартија, можеби ќе дојдете до изненадување и заклучок дека вие и не сакате да развиете огромна компанија, туку дека ќе бидете среќни и со мал, но успешен  бизнис. 

  Доколку имате проблем со дефинирањето на целите, овде се некои од прашањата кои треба да си ги поставите:

 

1. Што ќе направам ако успеам во бизнисот? 
2. Дали сум спремен да вложам сопствени пари, да работам некое време и без заработка и да го жртвувам слободното време, можеби со месеци? 
3. Што ќе направам ако бизнисот не успее? 
4. Доколку се развие бизнисот, колку вработени ќе има компанијата во иднина? 
5. Колкав ќе биде вкупниот приход во првата и во наредните пет години? 
6. Дали ќе можам да се борам со конкуренцијата во тој период? 
7. Какви се моите планови за географска експанзија – локална, национална и глобална? 
8. Дали сум подготвен самостојно да ја водам фирмата, или ќе треба да вработам работници? 
9. Доколку мора да вработам работници, од кој профил би требало да бидат? 
10. Дали сум спремен да прифаќам совети од другите? Дали сум подготвен да работам со партнери или инвеститори кои ќе имаат право на одлучување во рамките на фирмата?

  Ако одговорите позитивно на повеќето прашања, тогаш сте повеќе од подготвени за предизвикот што ве чека.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Бизнис План Дефинирајте ги целите за бизнис-планот