Weblinks

Новогодишни бизнис – желби за 2013г.

Е-пошта Печати PDF

1280-zen--innovation-Бизнисмените и претприемачите добро знаат дека оваа година беше кризна и тешка година за водење бизнис во Македонија. Но, исто така добро знаат дека за да се успее, понекогаш е потребно повеќе време, труд и дополнителна енергија од она што првично сме го предвиделе.

  2012 година беше економски тешка, како кај нас, така и на глобален план. Тековната година ја одбележаа многу неизвесности, несигурност, намалена побарувачка, послаба ликвиднсот и повеќе штедење...

  Идната година, како на секој бизнис, така и на светот му претстојат нови предизвици. Нови деловни случувања кои ќе носат позитивни и негативни промени.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Каде живеат најпаметните деца?

Е-пошта Печати PDF


smart-kidАко не се случи некоја поголема миграција на населението во блиска иднина, националното образование за кое секоја земја во светот се залага да биде што поподготвено за следните еконосмки текови, ќе биде водечки столб на идните општествено-економски случувања.

  Неодамна, ’Националниот центар за статистика и образование’ на САД, излезе со официјална студија за напредокот остварен на нивниот национален образовен систем за изминатата година, во споредба со другите земји ширум светот.

  Иако многумина го критикуваат американскиот образовен систем, и фактот што неговата конкурентност неоспорно опаѓа во последните неколку години, се чини дека американските деца добро стојат со новното формално образнование.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Топ 18 професии за 2013 година

Е-пошта Печати PDF

Team ConsultationВо 2013 година најдобро ќе поминат програмерите (softer developers). Ова го покажува листата на најбараните професии.

Просечните плати на програмерите во светот бројат и повеќе од пет цифри, додека бројот на ново отворени работни места за оваа професија  од 2010 година порасна за околу 7%.

Во Америка, просечната годишна плата на програмер изнесува околу 90.530 долари, па прогнозите покажуваат дека бројот на луѓе кој што ќе се занимаваат со програмирање  до 2020 година ќе порасне за 30 проценти.

И кај нас е слична состојбата, поточно ИТ професии се барани, особено програмери, мрежни администратори и дизајнери. И во соседството е слична состојба. Во Србија, конкретно просечната бруто плата на програмер во септември оваа година изнесуваше околу 920 евра. Она што ги радува идните програмери е тоа дека се уште постои голема побарувачка за оваа професија.  

„Секоја година во нашата држава останува преку пет илјади слободни работни места во областа на информационите технологии. Колку е барана оваа професија покажува и фактот дека студентите кој што ја студираат оваа област, веќе во втора или пак трета година биваат регрутирани од страна на ИТ компаниите, бидејќи нема голем број на стручњаци.“, објаснува проф. Др. Валентин Кулето, декан на Високата школа за информациони технологии и основач на Средното училиште за информациони технологии.

На Форбсовата листа на најбарани професии се најдоа и сметководителите и ревизори, како и маркетинг истражувачи. Нивната просечната бруто плата е за околу една третина помала од оние кој што ги имаат програмерите.

Според Форбсовата листа, топ 18 професии за 2013 година се:

  • Програмери (softer developers), просечната бруто плата на годишен ниво изнесува 90,530 долари
  • Сметководители и ревизори, просечната бруто плата на годишен ниво изнесува 61.690 долари
  • Маркетинг експерти, просечната бруто плата на годишен ниво изнесува 60.570 долари
  • Аналитичар на информациони системи
  • Менаџер на човекови ресурси
  • Администратори на информациони системи
  • Продажни менаџери
  • Аналитичари за безбедност на информациони системи, веб дизајнери и дизајнери на информациони системи
  • Машински инженери
  • Индустриски инженери
  • Финансиски аналитичари
  • Специјалисти со однос со јавноста
  • Програмери
  • Менаџери за логистика
  • Администратори на бази на податоци
  • Event менаџери
  • Финансиски контролори
  • Лични финансиски советници

Извор:b92.net

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Перспективни секторски трендови за 2013г.

Е-пошта Печати PDF

survey-trends-pieИмањето на одлично домеин-име едно време беше своевиден тренд во нашата индустрија.“

 

Сет Њуман,
Претеседател на Envelopes.com
 

  Се сеќавате на времињата кога футуристите предвидуваа летечки коли и бизниси од виртуелната реалност со реални пари?

  Убаво раскажаните приказни можат да го поттикнат креативниот ум на размислувања што носи иднината, но реално, само неколку од нив успеваат за кратко време да станат практика.

  Токму затоа, пред крајот на оваа календарска година, веќе по традиција – како и во изминатите години, ќе се потрудиме да ви ги доловиме неколкуте бизнис-трендови во индустриите за кои постојат доволен број на податоци дека ќе имаат солидна основа за раст, за следната 2013г. - ширум светот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Со помош на технологијата ги решаваме проблемите

Е-пошта Печати PDF

uz-pomoc-tehnologije-pametno-rjesavamo-probleme-slika-691322Го пренесуваме интервјуто направен со Марин Глибиќ и Марко Милош, авторите на проектот „Filepod“, една од идеите во финалниот дел на натпреварот „Со паметна идеја до успех“.

Еден од проектите кој што влезе во финале на самиот натпревар е и проектот „Filepod. За што се работи и кој стои зад ова интересна идеја, ќе прочитате во продолжението на интервјуто со Марин Глибиќ и Марко Милош, членовите на тимот кој што го создаде „Filepod“.

Зошто се одлучивте да се пријавите на натпреварот „Со паметна идеја до успех “? Да ли советите кој што ги добивте од членовите на комисијата ќе ви помогнат во реализацијата на самата идеја?

Марко: Читајќи ги интернет порталите, пронајдовме информации за самиот натпревар и одма добивме идеја дека овој настан е идеален да го претставиме нашиот проект. Исто така концептот на самиот натпревар не бендиса и одлучивме да се пријавиме. На крајот на натпреварот ние од 178 пријавени проекти бевме избрани помеѓу 5 најдобри. Не оти го освоивме оваа високо место, но мораме да ја пофалиме „Паметната куна“ и „24часа“ поради можноста за учеството. Сите совети и критики добиени од страна на жирито се земени во предвид и се искористени за да го унапредиме проектот и неговиот деловен план. Бидејќи членовите на комисијата беа искусни претприемачи, некој прашања не ги ни очекувавме. Но на крај на целиот процес ние добивме одредено искуство кое што со сигурност ќе го искористиме за унапредување на нашиот проект.

Како дојдовте на идеја за овој проект?

Марко: Ние како тим се запознавме на колегиумот „Проект“ минатата година и по одредено време се пријавивме на App Start Contest (ASC) каде што работевме мобилна апликација а на тема дадена од страна на спонзорот на настанот. Размислувавме за тоа како да го унапредиме работењето на одредените дејности со користење на модерни технологии како што се паметните телефони. Видовме дека компаниите кој што имаат голем број на теренски работници и воопшто кој што голем дел на своето работење го работат на терен имаат проблем во организација на работните задачи како и комуникациски проблеми. Одлучивме дека треба да се создаде систем кој што ќе го олесни работењето на техничарите на теренот како и на организаторите во канцеларијата.

Што мислете, какви ви се шансите во финалето? Да ли верувате дека вашиот проект може да победи во натпреварот?

Марин: За да имаме добро организирана теренска работа, ние треба да имаме што повеќе информации. Исто така тие информации мораат да бидат точни и нови. Информациите доаѓаат од различни насоки и организаторот имаат тешка задача да ја согледаат вистинската состојба на самиот терен. „Filepod“ во реално време ги собира теренските информации, логички ги поврзува и истите ги презентира на организаторот на работата. Со ваков начин на работење на апликацијата, таа ни овозможува донесување на брзи и квалитетни одлуки, што автоматски доведува до заштеда на време и на пари, а поради брзите реакции на екипата, клиентите се позадоволни.  

Она што е факт е дека одредени компании покажаа интерес за нашата апликација. „Filepod е софтверско решение кое што ја користи cloud технологијата па од тие причини има ниски трошоци на користење и  побрз поврат на инвестицијата. Потпирајќи се на Machine to machine (M2M) комуникација, направивме паметно решение кое што може лесно да се користи.

Каде се гледате за пет години?

Марин: За пет години сакаме да бидеме профитабилна компанија, која што ќе работи и надвор од Хрватска. Во континуираната соработка со нашите клиенти сакаме да го подобруваме нашиот систем, а се со цел што поефикасно да ги задоволиме нивните потреби. Верувам дека постои голем број на стопански гранки кој што можат да го унапредат нивното работење со користење на паметни апликации. Се надевам дека „Filepod“ ќе биде едно од голем број на решенија со кој што може да се унапреди работењето на секоја компанија.

Да ли имате некоја порака за оние луѓе, кој што можеби поради стравот и покрај тоа што имаат добри претприемачки идеи не се одлучија за приватен бизнис?

Марин: Едноставно, морате да разберете дека доколку имате идеја а таа идеја не ја реализирате вие всушност имате пропадната идеја. Ако ја започнете реализацијата на  вашата идеја имате шанси за успех. Секако дека треба да се започне со реализација на идејата, па и ако пропаднете ви останува искуство. Во секој случај вреди да се почни, бидејќи крос работењето на реализацијата на самата идеја можете да ги проширите вашите видици, да запознаете нови луѓе, да научите нешто ново или пак да добиете некоја нова идеја. 

Извор:24sata.hr

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 11 Декември 2012 09:56 )
 
Страница 1 од 9

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Бизнис Планирање