Weblinks

Зошто почетниот бизнис е како подготовка на добро гравче тавче

Е-пошта Печати PDF

TAVCE-GRAVCE1Кога станува збор за започнување на свој бизнис и покана на љубовен сотанок, наградите секогаш ги надминуваат ризиците. Ако никогаш не  ја прашав од жена ми да излеземе не би го имал моето семејство денеска.

Steve C.,  претприемач,  http://mywifequitherjob.com

Епа зошто тогаш почнувањето на нов бизнис е како подготовка на гравче тавче?

Многу е полесно да објасните некоја работа доколку користите споредба. Бидејќи сум гурман и ценам добра подготовка на добра храна, сакав да илустирам некои аспекти од развојот на вашиот нов бизнис.

Гравот треба да преноќи во вода, исто и вашата бизнис идеја

Во ред е, сте решиле дека треба денеска да подготвите грав, точно е може да го подготвите, но ќе ви требаат повеќе од два часа. За да го намалите времето на подготовка, гравот се става во вода да преноќи (која потоа се исфрла), со што добива екстра вкус. 

Така е и со вашит бизнис. Оставете го да преноќи, тестирајте ја идејата, она што нечини исфрлете го со водата. Преноќувањето може да значи и една ноќ или пак неколку години, се во зависност од индустријата, производот или услугата. Ваквиот развој на вашиот бизнис може ќе значи одложување на стартот, но подобро е да имате добар производ подоцна, одошто лош производ порано.

Не секој зачин е за вашето гравче-тавче, држете се до добропробаниот рецепт, но имајте екстра таен додаток

Многу мразам кога “секој се меша во манџата“. Во ред е да примате совети, но внимавајте ќе има многу скептици кои ќе ве одвраќаат од идејата. Пробајте да добиете совет од некој кој има сличен бизнис, бидејќи основите се генерално исти. Користете веќе пробани рецепти, НО! имајте свој таен додаток. Тоа на вашиот бинис ќе му даде компетитивна предност пред другите. 

Распрашајте се случајно да не сте повикани на семеен ручек кај ваши/нејзините/неговите родители

Сте го ставиле гравот да „преноќи“, а во меѓувреме  дознавате дека сте повикани на семеен ручек кај вашите/нејзините/неговите родители. Ништо полошо од конкуренција во момент на лансирање на новиот производ или услуга. Распрашувајте се порано, барајте информации, читајте, истражувајте. Ако веќе има конкуренција која се подготвува да лансира нешто такво, зошто да не ги здружите силите. И така ќе го имате истиот удел во пазарот, со тоа што нема да имате екстра трошоци за справување со конуренцијата.

Ако пак ја насетите конкуренцијата, понудете го производот/услугата колку што може порано (не мора да биде готов), само склучете договор и определете време на испорака, бидејќи на тој начин ќе го освоите важиот удел на пазарот.

Уживајте во ручекот, не заборавајте да се подготвите за утрешниот ден

Јас навистина би јадел грав секој ден, но без разлика на тоа секогаш мора да се подготвиме за утрешниот ден. Ако денеска имате добар производ или услуга, тоа не значи дека треба да чекаме реботите да појдат надолу за да смениме нешто. Затоа по лансирање на новиот производ или услуга, потребно е да се размисли „Што утре?“.

Затоа уживајте во вашиот денешен ручек, но не заборавајте да се подготвите и за утре :)

 

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 19 Јули 2011 14:56 )
 

10 нешта за развој на бизнисот ова лето

Е-пошта Печати PDF

summer_b2bСовршен летен ден е кога сонцето сјае, ветрето дувка пополека, птиците пеат, а косилицата не работи!“

Џејмс Дент,
професионален голфер

   Сега кога летото е веќе наголемо дојдено во нашите улици, плажи и бизниси, многумина од претприемачите ќе си помислат дека заедно со децата кои се на распуст, време е и тие да си ги намалат сопствените обврски и да се препуштат на летната магија... Напротив!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

5 лесни чекори за реализацијата на Вашите бизнис соништа

Е-пошта Печати PDF

steps

"Успехот доаѓа како резултат на малите напори, повторувајте ги од ден во ден."

Роберт Колиер (Robert Collier) списател

Сите ние имаме свои соништа. Убаво е да ги сонуваме, но уште поубаво е и да ги реализираме. Но тоа е и најтешко. Еве неколку чекори кои ќе ви овозможат да почнете да ги реализирате Вашите чекори.

Преземете чекор, било каков чекор. Една од работите што ни го отежнува да го започнеме нашиот бизнис е  тоа, што постои голем број на работи што треба да ги започнеме. Затоа одберете една работа и завршете ја. Вие самите ќе се чувствувате позадоволни од кога ќе знаете да имате завршено таа работа и тоа ќе Ви даде поттик да ги завршите и другите работи.

Нека биде едноставно, заборавете ја перфекцијата. Џејсон Фрид сопственик на веб порталот 37 сигнали ова убаво го опиша: „Кога отворате штанд за продавање на хот дог, Вие можеби се грижите за тоа како ќе се вика штандот, каква ќе биде декорацијата.....итн., но она за што вистински треба да се грижите е за тоа каков ќе биде хот догот што го продавате. Самиот хот дог треба да биде поставен во самиот центар на Вашето внимание.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 08 Јули 2011 13:35 ) Повеќе...
 

Деловна кафана

Е-пошта Печати PDF

trpezaMacedonia: Currently, there are 5,206 ‘kafeani’ in the country. According to the State Statistical Office, there are 989 ‘kafeani’ (19% of the total number) in the capital Skopje, 413 in Tetovo, 257 in Bitola, 244 in Gostivar, 206 in Kumanovo, 205 in Struga, 188 in Ohrid and 161 in Strumica. “

Wikipedia за кафани/кафеани

  Во Македонија, па и на Балканот - кафаната е институција!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Интелектуалната сопственост како капитал

Е-пошта Печати PDF

inventionИднината на светската економија во голема мерка зависи од информатичкиот и технолошкиот развој. А иднината на технологијата во огромна мерка зависи од почитувањето на интелектуалната сопственост.“

Ричард Поснер,
Судија во американскиот Апелационан Суд

   А што е тоа „интелектуална сопственост“?

  Интелектуалната сопственост се креациите на човековиот ум како: иновациите, литературните и уметнички дела, симболи, слики, имиња и дизајни кои се користат во бизнисот и трговијата.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 8 од 9

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Бизнис Планирање