Перспективни секторски трендови за 2013г.

Е-пошта Печати PDF

survey-trends-pieИмањето на одлично домеин-име едно време беше своевиден тренд во нашата индустрија.“

 

Сет Њуман,
Претеседател на Envelopes.com
 

  Се сеќавате на времињата кога футуристите предвидуваа летечки коли и бизниси од виртуелната реалност со реални пари?

  Убаво раскажаните приказни можат да го поттикнат креативниот ум на размислувања што носи иднината, но реално, само неколку од нив успеваат за кратко време да станат практика.

  Токму затоа, пред крајот на оваа календарска година, веќе по традиција – како и во изминатите години, ќе се потрудиме да ви ги доловиме неколкуте бизнис-трендови во индустриите за кои постојат доволен број на податоци дека ќе имаат солидна основа за раст, за следната 2013г. - ширум светот.

  За некои сигурно веќе имате слушнато, за некои знаеме сосема малку... но, експертите веруваат дека овие неколку гранки имаат соледна основа за раст следната година. Затоа обратете внимание на:

  • Индустрија за собирање и обработка на податоци – се повеќе претприемачи се подготвуваат за специјализирање во областа на собирање, архивирање и обработка на податоците од големите компании, кои пак се повеќе се одлучуваат да ги префрлат овие обврски на некој друг.
  • Пораст на домашното производство – светската финансиска и должничка криза ги тера компаниите на кратење на трошоци и затворање на своите погони во странските земји. Одеднаш финансиите, ресурсите, работната рака и даноците се најважните фактори за домашно производство, но и комплетно познавање на работењето во домашната економија.
  • Редефинирање на работниот простор – канцелариските простории стануваат се похумани, попрактични и повеќе социјално активни.
  • Нова генерација на менаџери кои го разбираат поимот ’опуштање на работното место’ – оваа гранка дозволува креативна употреба на канцелариски и работен материјал, кој покрај основната намена има и друга: да ги релаксира и малку да ги опушти вработените од секојдневните обврски. Апликациите се различни – од технолошки апликации до обични ’редизајнирани’ алатки.
  • Нега и убавина – потрагата по здравје, свежина и убав изглед никогаш не изумира... Напредните персонализирани козметички препарати ги чекаат светли денови.
  • Храна – големо, конзервирано, масовно и индустриски обработено не е веќе во мода. Сега на (с)цена се мали пакувања на домашна, органска, здрава и природна храна, но и грижа за природата и традицијата.
  • Пијалоци и освежувања – најновите статсистички истражувања покажуваат дека енергетските пијалоци земаат се поголем замав во овој сектор, и нивните клиенти се почесто ја надминуваат границата на млади лица или тинејџери.
  • Дигитализирање на здравството – тука не станува збор за здравствените препарати или за фармацевската индустрија, туку за дигитализирање на здравствените податоци и нивно поефикасно менаџирање. Се верува дека оваа индустрија до 2015г. ќе доживее раст и до 5 милијарди евра годишно.
  • Транспарентност на брендот – на обичните клиенти им е доста од лажни ветувања и конфликтен маркетинг пристап. Транспарентноста на податоците кои се важни за клиентите, ќе бидат значајни во креирањето доверба и воспоставаувањето на подолготрајна врска.
  • Уникатни апарати за самопослужување – се чини дека со развојот на технологијата, мобилните апликации и електронските плаќања, подзаборевената индустрија на апарати за послужување има потенцијал за повторно враќање во секојдневните животи на луѓето. Не е нереално да очекувате апарати што може да ве послужат и со нешто друго освен кафе и кроасани.
  • Почетно финансирање – светската економска криза донесе намалување на финансирањето, но донесе и некои нови, покреативни  методи на финансирање, како на пример: финансирањето од група. Класичното банковно задолжување сеуште е водечко, но алтернативите земаат се поголем дел од колачот.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Бизнис Планирање Перспективни секторски трендови за 2013г.