Новогодишни бизнис – желби за 2013г.

Е-пошта Печати PDF

1280-zen--innovation-Бизнисмените и претприемачите добро знаат дека оваа година беше кризна и тешка година за водење бизнис во Македонија. Но, исто така добро знаат дека за да се успее, понекогаш е потребно повеќе време, труд и дополнителна енергија од она што првично сме го предвиделе.

  2012 година беше економски тешка, како кај нас, така и на глобален план. Тековната година ја одбележаа многу неизвесности, несигурност, намалена побарувачка, послаба ликвиднсот и повеќе штедење...

  Идната година, како на секој бизнис, така и на светот му претстојат нови предизвици. Нови деловни случувања кои ќе носат позитивни и негативни промени.

  Но токму затоа постои надеж. Надеж дека утре, идната недела, или веќе идната година ќе биде подобра од предходната.

  Затоа, во новата 2013г. на секој бизнис му посакуваме:

  • Повеќе клиенти... но, и повеќе задоволни муштерии
  • Повеќе пари на сметка... но, и повеќе трошење за она за што навистина отсекогаш сте го посакувале
  • Поголем раст... но, и поглемо задоволство во работата
  • Освојување на нови пазари... но, без заборавање од каде доаѓате
  • Повеќе вработени... но, и посреќни вработени
  • Нови и подобрени производи и услуги... но, и покорисни продукти
  • Зголемена продажба... но, и зголемување на мудроста
  • Нови партнерства... но, и нови пријатели
  • и сосема на крај, искрено ви посакуваме да бидете опкружени со здрави, среќни и просперитетни блиски луѓе, со кои заедно ќе можете да учите, да растете, да се развивате, но и да уживате во животот.

  Нека ви е среќна и бериќетна Новата 2013 Година!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Бизнис Планирање Новогодишни бизнис – желби за 2013г.