Финансиски План

Бруто и нето плата

Е-пошта Печати PDF

money

Секој бизнис подразбира ангажирање на работна сила. Без разлика да ли се работи за компанија за веб дизајн или компанија за производство на мебел, Вие морате да ангажирате одреден број на вработени. Бројот на вработени зависи од тоа со која дејност се занимавате. Во колку како што рековме имате компанија за веб дизајн доволно е да имате еден вработен – обично сопственикот на компанијата.

Е сега, никој не Ви работи за џабе. Дури и ако основате бизнис каде сте Вие како сопственик единствен вработен Законот Ве обврзува да си исплатувате плата. Имаме бруто и нето плата. Што е бруто а што е нето плата?

Бруто платата е нето платата на работникот  зголеменa за износот на персоналниот данок и придонеси. Според Законот за придонеси за работниците кои работат полно работно време и оние со скратено работно време постои минимална основица за плаќање придонеси во износ од 50% од просечната плата по работник во Република Македонија објавена во тековниот месец. За месец јули 2011 година таа изнесува 16.046,00.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Сабота, 13 Август 2011 17:54 ) Повеќе...
 

Данок на добивка

Е-пошта Печати PDF

tax7

Pothinus:  "Is it possible that Caesar, the conqueror of the world, has time to occupy himself with such a trifle as our taxes?"
Caesar:  "My friend, taxes are the chief business of a conqueror of the world."

George Bernard Shaw, "Caesar and Cleopatra"

Како што велевме во минатите натписи, секој бизнис подразбира и тоа да имате одредени обврски. Пред се имате обврска кон самиот себе да остварите заработка, обврска кон Вашите добавувачи, купувачи, вработени и една многу важна обврска – обврска кон државата. Таа обврска е во вид на плаќање на даноци. Во минатиот текст пишувавме за данокот на додадена вредност. Денес ќе зборуваме за данок на добивка.

Прво да се потсетиме што е тоа добивка – профит. Профитот е цел на секое претпријатие/бизнис. Се пресметува кога од вкупните приходи ги одземеме вкупните трошоци. Во колку трошоците се поголеми од приходите работиме со загуба. Претпоставиме дека работиме со добивка и дека добивката ни е 1000 денари. Ако е даночната стапка 10% тогаш данокот на добивка ќе изнесува 100 денари. Ова е теорија. Да видиме како тоа делува во пракса, поточно да видиме како тоа делува во реални услови во Македонија.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 09 Август 2011 08:35 ) Повеќе...
 

Показатели на рентабилноста – профитабилноста на бизнисот

Е-пошта Печати PDF

money_tree

„Профитот е систем за палење на економскиот мотор!„

Чарлс Сојер (Charles W. Sawyer) американски политичар и дипломата

За да отвориме нов бизнис неопходно е да знаеме, да ли планираниот бизнис е и профитабилен/рентабилен. Во анализирањето на профитабилност на планираниот бизнис користиме два вида на показатели. Првата група на показатели ни ја покажуваат парцијалната профитабилност, а ги добиваме од планираните биланси на успех. Најважните показатели од оваа група се:

  • Стапка на деловната добивка
  • Стапка на нето добивка
  • Коефициент на ефикасност

Стапка на деловната добивка ни го покажува учеството на вкупната добивка/профит во вкупните приходи и се пресметува:

Стапка на деловната добивка=Бруто добивка+расходи од камата/Вкупниот приход

Стапка на нето добивка ни покажува учество на нето добивката во вкупниот приход и се добива:

Стапка на нето добивка=Нето добивка/Вкупниот приход

Коефициент на ефикасност ни покажува учество на вкупните расходи во вкупниот приход и се добива:

Коефициент на ефикасност=Вкупниот приход/Вкупните расходи

Коефициент на ефикасност е еден од најважните показатели на финансиската состојба на претпријатието. Во колку е коефициентот помал од 1 тогаш можеме да речиме дека претпријатието е во криза, или да планираниот бизнис не е ефикасен.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Финансиски предвидувања на почетните инвестиции

Е-пошта Печати PDF

FP_23„Капиталот е оној дел од богатството кој е задолжен за осигурување на она богатство кое ќе дојде во иднина.“

Алфред Маршал,
Англиски економист

  Финансиските предвидувања имаат цел да го претстават вашиот бизнис низ бројки и суми...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Како да пресметате ДДВ?

Е-пошта Печати PDF

Goods-and-service-tax

„Во овој свет ништо не е сигурно освен да платете даноци и да умрете„

Бенџамин Френклин

Водењето на бизнис покрај преземање на ризик, подразбира и преземање на одредени обврски. Тука имаме обврска спрема нашите вработени, нашите снабдувачи, спрема самите себе ...но и имаме и обврска спрема државата. Таа обврска е во вид наплаќање на даноци. Но има и еден специфичен данок – ДДВ.

Што е ДДВ? ДДВ е кратенка од Данок на додадена вредност. Тој не постои само во Македонија, тој се пресметува во сите држави. Во Србија, Црна Гора, Босна и Хрватска тој се нарекува ПДВ – порез на додату вредност. Голем број на бизнисмени но и обичните граѓани, мислат дека е тоа данок што го плаќа самоти претпријатие, но тоа е всушност данок на потрошувачка – го плаќаат самите потрошувачи. Тука бизнисите имаат обврска да го прикажат данокот (во колку се ДДВ обврзници) на сметката (фискална сметка или на фактура) и да го трансферираат кон државата. Од оваа можеме да заклучиме дека ДДВ не е данок што го товари бизнисот поточно не се смета како трошок.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 01 Август 2012 12:18 ) Повеќе...
 
Страница 4 од 7

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 23.07.2017

You are here: Почетна Планирај бизнис Финансиски План