Книговодство

Е-пошта Печати PDF

bookkeeping

„Книговодителите се како вештерските-доктори во модерно време. Секогаш спремни да се нафатат на било каква магија, само да ви удоволат.“

Сер чарлс Е. Харман,
британски судија 

  Книговодствените услуги се дефинитивно едни од најважните, ако не и најважната услуга за малите и микро бизниси. Книговодството е работа која, освен ако сами не водите книговодствено биро, можат на крајот да ви направат големи добивки или загуби по бизнисот.

  Кога отвораме некој нов бизнис, на почетокот секако потребен ни е книговодител. Но, како да избереме добар книговодител за сопствената компанија?

  Обично и не избираме. Повеќето пртеприемачи го избираат својот книговодител не по стручна, туку по препорачана база, што ќе рече дека во најголемиот број на случаеви, книговодителот е директно препорачан од некој: пријател, познаник, сроден бизнис, комшиски бизнис, или едноставно од локациски најблиското книговодствено биро. Во суштина, на многумина претприемачи и не им е баш најјасно како да одберат добар сметководител и по кои критериуми, па затоа најчесто се препуштаат на инстиктот и бараат нивниот книговодител да е: добар, да остава позитивен впечаток, да е прецизен, детален и... на располагање 24/7 (барем така се претставува).

  Но во пракса најчесто се оди според аксиомата: „колку пари – толку музика“. Тоа значи дека претприемачите најчесто се одредуваат за одредена сума пари да ангажираат некој книговодител што ќе им се ’нафати’ на работата. Но, дали секогаш ја добиваме соодветната услуга за таа цена? Тоа е тешко да се одговори, доколку не сте во книговодствениот бизнис.

  За еден мал бизнис, обично е добро доколку книговодителот се крижи за најосновните потреби и уредно ја средува документацијата во склад со пропишаните прописи. За вас е важно да не прекршувате ниту еден закон и да си работите (колку што е можно по-) регуларно. Доколку бизнисот расте, тогаш ќе можете со малку повеќе средства да побарате и советодавни услуги за да ги подобрите книговодтсвените перформанси.

  А доколку не сте задоволни од книговодителот?

  Според повеќето истражувања во Македонија, голем процент од малите бизниси се задоволни од книговодителот кој моментално го имаат. Сепак, промената на лицето или фирмата која ги води книговодствените услуги се охрабрува во случаи кога сте добиле казна, опомена или затезна камата за некоја работа која всушност е задача на вашиот книговодител. Или во случаи кога сакате поквалитетна или помодерна услуга од онаа која ја одбивате во моментот.

  Самата промена на книговодителот всушност е многу ’побезболна’ отколку што луѓето замислуваат дека е. Се што треба да направите е да го одберете новиот книговодител, да го утврдите датумот на пренос на материјалите од стариот кон новиот, и да им препуштите и на двата книговодитела да си ја средат документацијата. Дури е подобро да се направи тоа во текот на фискалната година отколку да се чека кон крајот на годината.

  Техничко-технолошкиот напредок од друга страна пак, како интернетот, се повеќе станува широко достапен до обичниот граѓанин, и досегашното трчкање по шалтерите на УЈП, банките и институциите и носењето на еден куп на документи со вас треба што побрзо да се замени со ’моќта на еден клик’ на глувчето од вашиот компјутер.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017